Може ли да се направи милон долари-евра во Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата concrete
  • Време на започнување Време на започнување
Кај нас 15 000 евра ако извадеш ќе те мачи државата како си ги добил и како си ги заработил :)))
 
Кај нас 15 000 евра ако извадеш ќе те мачи државата како си ги добил и како си ги заработил :)))

а ако си ги заработил како што треба во што е проблемот.?
ако работиш е по документ никогаш никј нема да дојде и да те праша од каде ти се и какоси ги заработил,ако се трудеш нешто да затаиш или да шверцуваш,тогаш треба да му ја мислеш.далике те прашат или нема
 
Во Македонија да заработиш милион евра чесно? Ахаа, значи ова е најновиот виц.

Еве, најлесен начин да заработиш милион евра е ако најдеш злато во вредност од 5 милиони, па 20% за тебе остануваат. :pos:

Абе ај не зезајте, кој направил чесно милион евра кај нас. Ако дилаш, ако си во некое врвно раководство од голема политичка партија, можеш, на друг начин, јок.
 
"SEAVUS" ... tezi barem desetina! Bez golemi semi: partiski, gradski, tenderi.... bez spomenici, zgradi, katni garazi ili plazi. Bez Koceta, Todorovica, Sokol i drugi "ptici grablivki".... godisen porast vo sekoj pogled cca 30%!!!
 
Може и те како, лично знам еден пример (чесно)....али за жал иако се лупаме у груди дека сме искључиво паметен народ...НЕ СМЕ! Да бевме ехее и сиромаштија ќе се надвладееше :)
 
во македонија тешко некој да направи милион евра на чесен начин
 
Темата е јасна> Може ли да се направи милион евра во МК,не отстапувајте од темата,нека се јават оние кои знаат некоја шема,начин,совет итн. без разлика дали е од нивни пример или од некој кој го познаваат,нека кажат конкретно,мислам дека тоа е поентата на темава,а не да си кажуваме работи кои одамна ги знаеме,преку политички парии,преку дилање,преку крадење итн.Тоа одамна ни е познато,дајте сегашни конкретни примери :smir:
 
Милион евра можат да се направат секаде, сакате овде сакате во Узбекистан. Една од службеничките од УЈП која ми држеше практична настава ни го рече следново : Дечки во Македонија имате луѓе кои и те како знаат да прават пари, пријавуваат приходи од верувале или не 2 милиони евра на годишно ниво, најчесто зашто знаат да играат на пазарот на капитал. Е сега не може да се ограничите само на овој пазар за да свртите толкава пара, многу мал пазар сме. Берзата кај нас не работи којзнае како, едно време работеше со полна пареа се вртеа пари ама само како резултат на т.н надуен балон кој ги залажа инвеститорите да продаваат и купуваат хартии од вредност.
Како и да е парата и нејзиното вртење е умешност, или ќе имате добра идеја за бизнис или ќе знаете каде да вложите. Не секој го може тоа, па уште помалку овде...ама секоја чест за тој што знае да препознае добра инвестиција, нешто што на пример за време на светската економска криза многумина го искористија, изнакупија ХВ од компании кои имаа значаен пад на вредноста и сега ќаруваат на дивиденда ило на разлика. Има кај нас луѓе што можат да свртат милион, само за нив не се чита во весници, а и не ни треба.
 
90% од сегашниве милионери кај нас се обогатиле при распадот на Југославија, тоа е општо познато... другите 10тина пополнувале дупки на пазарот на побарувачка, дур оваа земја почнуваше индустриски да се подига.
И така сега, некој си имаат јавни претпријатиа,други имаат добар дел акции по еминентните и водечки компании кај нас, а трети сеуште сврзуваат крај со крај.
Сега баш сега, во 2010 да створиш миљонче од буквално никаков капитал и наследство е просто неверојатно.... и нека им е алалда на новопечените последни милионери кој во последниве 4-5 год ги створиле своите пари без вмешаност со политики,приватизации,местенки и др.
Стварно неам појма како да станат реалност 100к x 10, освем ако не се викаш Горан Пандев :)
На секој иден претприемач т.е. биснисмен миљончето му е прва и примарна цел... имам и блиски и подалечни пријатели милионери, и сум утврдил дека никој од нив не настанал самостојно, односно со префрлање на наследство од родители па продавање ниви,бавчи етц, отварање/купување станови,дуќани овдека за нешто што во раните 90ти го немало.... има само еден исклучок(сепак далеку од милионер), 24-5 годишен момак посветен на покерот, апсолутно самостојно си успеа да си купи станче од 70к2,дуќан во Беверли 30к2 и Волц - Широко ауто - цена 25к еура.
И глуп чоек денес со капитал од пола миљон ќе створи уште еден дупликат.... купи странска лиценца/франшиза, вработи луѓе и одбројувај ги секундите на твоето еволуирање во милионер :)
 
Биди ВМРО-вец и пери ДДВ,прави фиктивни фактури,отвори фирма со странски државјанин или плати некој циган да биде управител на таа фирма,тоа сега моментално го прават некои фирми од мојата дејност.
 
Може и те како, лично знам еден пример (чесно)....али за жал иако се лупаме у груди дека сме искључиво паметен народ...НЕ СМЕ! Да бевме ехее и сиромаштија ќе се надвладееше :)
се ти е ок само уште примерот за чеснo да заработиме милионче да го кажеше :D иначе околу ова прашање нормално дека ке кажам НЕ.....додека таткоми и таткоти се обидуваа да ја вратат Југославија другите крадеа и да во право си burn не сме паметен народ секоја чест на пединците (лоповите):D
 
Self - made миљунаши?

Има еден куп.Сите се политичари.Затоа народот трпи за леб.А дека некој чесно станал милионер - мало морген.Има луѓе,познавам многумина кои дојдоа до некоја "матна" пара па после со тие пари купија дуќани,бензиски,фирми и сега секако легално заработуваат.Друг пример е миљунаш што татко му дошол до кеш оставаајќи цели фамилии на улица за да може синчето да тера легален бизнис.Не верувам дека некој со 200 евра поштена плата,на кој татко му НЕ му оставил барем 100 000 евра,спечалил како и да е Милионче.
 
Комбинација на правилно инвестирање во разни инструменти - домашни и странски, како и упорна работа со сопствен бизнис.. Да сосема возможно милион долари ако не трошиш.
Работава е што кај нас ако имаш 5000 евра земаш кредит 10.000 евра за да земиш нова кола..

Јас познавам бизнисмени кои со сосема поштена работа, специлизраќи се во тесна пазарна нишка, со напорна работа и многу штедење имаат направено по неколку милони почнуваќи од состојба на немање за леб. Луѓето што ги познавам се претежно извозници, но познавам и луѓе што работат со увоз исто што имаат милион. Финтата што милион per se не е многу пари.

Со некои бизниси со кои сум запознат милион евра не ни стигунуваат за обртен капитал во семејни фирми.

Нереално е да се зборува за милион со државан/работа на приватно како вработен... Само сопствен бизнис кај што си сам газда, ја познаваш добро работата, си упорен, и нормално не работиш некоја сервисна работа од типот на берберница,сендвичара, ресторан, такси , колонијал или слично. Зборуваме за трговија, производство, увоз и извоз. Само таму се милионите. Јест да треба повеќе почетен капитал отколку првоспоменатите бизниси, но и има многу производствени бизниси кои можеш да ги растиш од 0.

Земјоделието е доста перспективно ако се работи за образован земјоделец со високи познавања на земјата, хемикалиите, растенијата и се друго. Ако успееш да постигнеш конкуретна продуктивност и како земјоделец можиш да бидеш милионер. Не зборувам за клавање плеќи и копање 2-3 декари тутун, туку за земјоделие како бизнис - значи масовно производство каде што би ги искористил предностите на економијата на обемот а исто така и би го применил знањето за надминување на ефикасноста на македонскиот земјодлец за многу.
Можеш милионер да станиш и со сточарство, овоштарство и што уште не. Се зависи од тоа колку си добар,посветен, учен, упорен, штедлив итн.


Да се разбериме не тврдам дека нема милионери од типот на Велија (увозни квоти и монопол на грбот на народот), Штерјо(купи фирма со парите од фирмата) и слични.. Значи има збогатени со непоштени работи.. Ама тоа не значи дека нема милионери во македонија создадени со поштена работа.
 
Темата е јасна> Може ли да се направи милион евра во МК,не отстапувајте од темата,нека се јават оние кои знаат некоја шема,начин,совет итн. без разлика дали е од нивни пример или од некој кој го познаваат,нека кажат конкретно,мислам дека тоа е поентата на темава,а не да си кажуваме работи кои одамна ги знаеме,преку политички парии,преку дилање,преку крадење итн.Тоа одамна ни е познато,дајте сегашни конкретни примери :smir:

ако знаеше некој таква шема совет или начин ке го напрај и ке биди милионер нема тука со нас да се расправа......тука можи само да си годиме....ко лисицата по орловите мадиња...тука ке паднат таму ке паднат.....а не знај дека орелот нема ташаци :))
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom