Moviespotting 2020

Колку филмови сметате дека може да изгледате во 2020?


  • Вкупно гласачи
    57
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.572
Поени од реакции
16.198
Среќна Нова 2020 година драги филмомани, филмоманки, филмаџии и филмаџики! Ви посакувам триста чудесии и на филмското платно, и надвор од него во 2020. Знам дека сечија година ќе биде како на филм, само нека биде како некоја романса, романтична комедија или авантура, а не како некои други жанрови.

Реков дека немам време многу за подфорумов, затоа и ставивме крај на Филмскиот клуб, на моја огромна жалост, но сметам дека срамота и греота е да ставиме крај и на, сега веќе, шестгодишната традиција да го броиме она што сме го гледале. Оваа 2020 година, по СЕДМИ ПАТ, ladies and gentlemen, ви ја претставувам Moviespotting 2020!

Но, без вовед преку бројки, не може, нели? Еве вака: до сега, за 6 изминати години броеле повеќе од 120 луѓе и избројале точно 22 740 филма! Ако земеме во просек секој филм да траел по 90 минути, заедно сме потрошиле 3 години, 10 месеци и 26 дена пред филмското платно/ТВ екранот. Сме напишале точно 2 153 мислења! Продолжуваме понатаму, и во 2020. Прво да се потсетиме како требаше, иако сите знаат:

Целта на темава е едноставна: набројување на сите филмови кои ќе ги изгледаме во 2014, секако, со оценување на истите со оценки од 1 до 10. (ЗАБЕЛЕШКА: Филмовите не мора да бидат нови, од 2014, може да се дури и класици). Сфатете ја само како обичен бележник кој ќе ви помогне вам на крајот на 2014 да се вратите наназад, да сумирате и одново оцените што се сте изгледале. Секако - ќе им помогнете и на другите членови на форумов со тоа што суптилно ќе им сугерирате филм кои тие можеби го пропуштиле, а вреди да се изгледа. Оставете ги рецензиите на страна: истите пишувајте ги во Последен гледан филм со кратка рецензија или Предлог за филм со кратка рецензија, а сите коментари за филмовите пишувајте ги во Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија. Значи - се што тука правите е: набројување и оценување. Рецензиите и другите коментари за филмовите можете само да ги линкувате тука.
Еве како изгледа листата на луѓето кои во 2019 изгледале барем 3 филма (последните податоци се преземени од Moviespotting 2019 на 01.01.2020 во 21:00 часот):

@Vlatko_Gjorce - 345
@faraon - 260
@Zlatikevichius - 212
@Beginner - 160
@whatto - 133
@Хоуп - 132
@Gazpapir - 127
@Anon - 115
@MAJA 345 - 110
@Adidya..Fanox on Faja :D - 108
@reddevil4ever - 100
@'DIABLO' - 86
@Вокерка - 80
@Huddle - 74
@shumecha.tableta - 66
@K!KI - 61
@xope - 58
@wot - 56
@devilko - 51
@Kangchenjunga - 50
@Ron Burgundy - 34
@Васил МКД - 24
@FilipMKD007 - 22
@Mr. Goodsir - 20
@Хефест - 20
@Goodfella - 11
@Goce_od_rabota - 6

Или вкупно - 2521 spotted филмови што е за дури 482 филма помалку од лани, или за цели 2067 филма помалку од 2017, а за 4154 помалку од 2016, што само по себе говори многу. Броеле само 27 души, или 1 повеќе од лани, 10 помалку од 2017, а 24 помалку од 2016. Во 2019 испишавме точно 11 страници со 152 мислења што пак е послабо од ланските 259, уште послабо од 386-те од 2017 или далеку послабо од 559-те во 2016. Се надевам во 2020 ќе се вратат луѓето, како на форумов, така и во подфорумов и темава, и ќе изброиме дупло повеќе!

Ви посакувам филмска Нова 2020, многу часови поминати пред платното / екранот и многу насмевки и аплаузи по THE END натписот. Па, по седми пат, let the Moviespotting 2020 begin!
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
2.566
Поени од реакции
11.411
Злате ако не ја отвореше ти,ја ќе ја отворев сакав да ти пишам ама мојата ќе изгледаше уби боже без никаква прегледност,статистики,единствено што можеше да биде заедничко е Дами и господа.
Одлично ја тераш за сега не дозволувај некој ко мене да ја дограба:pos:

За 2020 планирам до 200 филма.Јануари ќе ми биде доста густ,и според некој мој сознанија од самиот себе,би требало тука да ја изградам бројката за после да биде мртвило.Чат пат некој месеци ќе се билда бројка али ништо значајно,а небаре како во изминатите години.
Па да започнеме:
1.John Wick: Chapter 3 - Parabellum-7
2.Midsommar-8-Каков ум воопшто го смилил овој филм?
3.God's Own Country-6
4.Between Two Ferns: The Movie-7
5.Skin(2018)-8-Има 100 филма што се викат Скин да знаете овој има фејс татус ако планирате да го гледате.
6.Spider-Man: Far from Home-7-Нишо посебно
7.Encounters at the End of the World-7
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
962
Поени од реакции
2.954
Минатата година изгледав 77 филма со што не успеав да си го комплетирам предизвикот од 100. Ова беше втор пат да не ја надминам бројката од 100, па очекувам во оваа година да ја надминам повторно.

100 филмчиња за 2020. Бринг ит он. (y)
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
2.700
Поени од реакции
1.519
Првпат ви се приклучувам овде, па ајде да видам како ќе биди годинава. Во 2019-та по некоја моја проценка бев некаде на 80-тина филмови, годинава целам на 100-ка.

1. The Informer 5/10
 
Член од
20 август 2018
Мислења
118
Поени од реакции
183
Јас заминав Германијата, зато сум последен. :D Одам со 50ка ваа година.
Joker - 8.5/10 Доколку излезе и втор дел се надевам ќе биде со повеќе акција, барем мене ми фалеше.
Jexi - 5/10 Добра идеја но лоша реализација. Баталете.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
11.260
Поени од реакции
16.720
Злате ако не ја отвореше ти,ја ќе ја отворев сакав да ти пишам ама мојата ќе изгледаше уби боже без никаква прегледност,статистики,единствено што можеше да биде заедничко е Дами и господа.
Одлично ја тераш за сега не дозволувај некој ко мене да ја дограба:pos:

За 2020 планирам до 200 филма.Јануари ќе ми биде доста густ,и според некој мој сознанија од самиот себе,би требало тука да ја изградам бројката за после да биде мртвило.Чат пат некој месеци ќе се билда бројка али ништо значајно,а небаре како во изминатите години.
Па да започнеме:
1.John Wick: Chapter 3 - Parabellum-7
2.Midsommar-8-Каков ум воопшто го смилил овој филм?
3.God's Own Country-6
4.Between Two Ferns: The Movie-7
5.Skin(2018)-8-Има 100 филма што се викат Скин да знаете овој има фејс татус ако планирате да го гледате.
6.Spider-Man: Far from Home-7-Нишо посебно
7.Encounters at the End of the World-7
Изгледа 7 филма на 1-ви јануар со времетраење од 804 минути односно 13 саати и 24 минути?
 
Член од
20 август 2018
Мислења
118
Поени од реакции
183
Изгледа 7 филма на 1-ви јануар со времетраење од 804 минути односно 13 саати и 24 минути?
Залихата од лани треба да се потроши. :D
Јас заминав Германијата, зато сум последен. :D Одам со 50ка ваа година.
Joker - 8.5/10 Доколку излезе и втор дел се надевам ќе биде со повеќе акција, барем мене ми фалеше.
Jexi - 5/10 Добра идеја но лоша реализација. Баталете.
John Wick: Chapter 3 - Parabellum - 6/10 Пукотници, пукотници everywhere.. глупости.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
10.491
Поени од реакции
10.465
стварно бројкиве некои што ги праат се нереални, 200 се изгледуваат, али више од тоа чисто се сомневам. Фараон скоро сигурен сум дека си спама у темата за лајкови само.
 
Член од
5 август 2016
Мислења
255
Поени од реакции
157
Минатата година одбрав 200. Мислев дека ќе ги изгледам ама ништо.. Ајде 2020 избирам пак 200. Со нови сили во новата година.
 

батеМаче

Човек
Член од
3 декември 2008
Мислења
280
Поени од реакции
210
Не се сеќавам дали 2016 ми беше единствена година или можеби и наредната се обидов, не е ни важно еве сум тука за 2020 год.
Избрав Medium Level - 150 филмови затоа што по мое тоа ми е годишниот просек од последнава декада.
Како би одело ова:
5 - Одличен
4 - Многу добар
3 - Добар
2 - Доволен
1 - Недоволен
R - за реприза

меѓу оценки ќе постојат и тие може да ги толкувте по свое

И ја започнувам 2020 година со

1. The Art of Self-Defense (2019) 3,5/5
2. The House with a Clock in Its Walls (2018) 2,5/5
3. It Chapter Two (2019) 3/5
4. Poseidon (2006) 2/5
5. Missing Link (2019) 3,5/5
 

Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
1.719
Поени од реакции
1.011
И јас прв пат се приклучувам на темава, последниве години се заразив со серии, време е да им се вратам на филмовиве. Годинава ја почнав со:

Knives Out 2019 - 8/10
Uncut Gems 2019 - 6/10 Подобар режисер, би направил далеку подобар филм.
Jojo Rabit 2019 - 8/10
Marriage Story 2019 - 8/10
 
На врв Bottom