Moviespotting 2019

Колку филмови сметате дека може да изгледате во 2019?


  • Вкупно гласачи
    61
Член од
17 октомври 2011
Мислења
8.288
Поени од реакции
18.153
ТРГНУВАМЕ ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ! Да, шест годинки наполнивме, многу пат поминавме, многу филмови избројавме... Спремни сме за на училиште. Или во бројки: за 5 години броеле повеќе од 120 луѓе и избројале точно 20 219 филма!!!!!!!!! Ако земеме во просек секој филм да траел по 90 минути, заедно сме потрошиле 3 години, 5 месеци и 18 дена пред филмското платно/ТВ екранот. Сме напишале точно 2 001 мислење! Продолжуваме понатаму, и во 2019. Прво да се потсетиме како требаше, иако сите знаат:

Целта на темава е едноставна: набројување на сите филмови кои ќе ги изгледаме во 2014, секако, со оценување на истите со оценки од 1 до 10. (ЗАБЕЛЕШКА: Филмовите не мора да бидат нови, од 2014, може да се дури и класици). Сфатете ја само како обичен бележник кој ќе ви помогне вам на крајот на 2014 да се вратите наназад, да сумирате и одново оцените што се сте изгледале. Секако - ќе им помогнете и на другите членови на форумов со тоа што суптилно ќе им сугерирате филм кои тие можеби го пропуштиле, а вреди да се изгледа. Оставете ги рецензиите на страна: истите пишувајте ги во Последен гледан филм со кратка рецензија или Предлог за филм со кратка рецензија, а сите коментари за филмовите пишувајте ги во Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија. Значи - се што тука правите е: набројување и оценување. Рецензиите и другите коментари за филмовите можете само да ги линкувате тука.
3 дена се доволни за секој да одлучи на каков предизвик ќе се нафати. Исто, 3 дена се доволни за да ја дополните Moviespotting 2018 со сѐ што сте гледале во меѓувреме, и после ќе им речам на @wot и @џимеј да стават катанец таму. Еве како изгледа листата на луѓето кои во 2018 изгледале барем 3 филма (последните податоци се преземени од Moviespotting 2018 на 29.12.2018, 12:00 часот):

@whatto - 355
@faraon - 300
@Хоуп - 278
@Zlatikevichius - 246
@Васил МКД - 192
@grande-juve - 183
@Huddle - 180
@Anon - 178
@'DIABLO' - 157
@MAJA 345 - 145
@devilko - 111
@Донев - 103
@shumecha.tableta - 100
@Хефест - 100
@reddevil4ever - 95
@wot - 73
@Goodfella - 41
@Љубовен Каскадер - 40
@џимеј - 33
@ob1 - 29
@Saladin - 22
@FilipMKD007 - 18
@Adidya..Fanox on Faja :D - 10
@Ron Burgundy - 7
@coraline - 4
@Near - 3

Или вкупно - 3003 spotted филмови што е за дури 1585 филма помалку од лани, или за цели 2087 филма помалку од 2016, што само по себе говори многу. Броеле само 26 души, или 11-мина помалку од лани, а 24 помалку од 2016. Во 2018 испишавме точно 18 страници со 259 мислења што пак е послабо од ланските 386 или далеку послабо од 559-те во 2016. Се надевам во 2019 ќе се вратат луѓето, како на форумов, така и во подфорумов и темава, и ќе изброиме дупло повеќе!

Ви посакувам филмска Нова 2019, многу часови поминати пред платното / екранот и многу насмевки и аплаузи по THE END натписот. Па, честито, првачиња, и let the Moviespotting 2019 begin!
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
2.745
Поени од реакции
12.885
Тоа е Злате.Им препуштам на помладите генераци да растурат на Македонската филмоманска сцена,ја пополека си го трасирам патот за филмски пензионер или како што милиувам да си се наречам себеси ветеран:pos:.Сакам да никне некое дете вака на кајгана па да ни врти филмови,да клоца едноставно,да кичми со очно безумие на торентско силување па да си се препознам во него.Ете за 2018 мислев дека ќе изгледам до 200 филма,ама се ипостави поинаку ама тоа беше поради Икс причини.За 2019 па и понатаму во годините мислам дека ќе спласнува целата енергија,мислам дека се познавам себеси,си ги познавам очите,улогава која ја толкувам.Ама ајде како и секогаш ја сум отворен за промени,заедно со ова мислење кое може да подлегне на измени
Тука сум како и да е не бегам никаде : )
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
6.410
Поени од реакции
3.960
5то броење за мене. Минатите 4: 150, 150, 100, 105. 505 филмови за 4 години.
Одам јас пак со 100ка иако се надевам дека нема да стигнам до толку. Еве нека бидат 95, да израмнам на 600. :D
 
Член од
5 август 2016
Мислења
270
Поени од реакции
192
Минатата година одбрав 300, мислев дека ќе изгледам и повеќе од тоа. Но стигнав до 166. Оваа година одбирав Hard Level би требало да изгледам барем 200.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
3.868
Поени од реакции
12.267
Мислам дека оваа е четврта година по ред што ги бројам во темава и од година во година се помалку и помалку се, лани беа 145. Секогаш пишам 100, зашто сакам да намалам со гледање, али изгледа тоа ништо не ми значи. Ај годинава бар да не надминам со многу.
За прв филм одбирам некој од оние фил гуд што ми се, што обавезно ги имам гледано веќе, за да тргне фино годината и да не се разочарам со некој непознат филм. :D

1. Brooklyn (2015) - 9/10 Репризиран по трет пат и пак со иста заинтересираност си го изгледав. Ми текна пред некое време, али не го симнав тогаш, па сега искористив прилика. Ептен ми е по ќејф, секогаш нешто ново си наоѓам што не сум го приметила баш, овојпат укапирав дека тој период ја имале најдобрата мода. :D
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
2.428
Поени од реакции
5.775
Мислам дека и оваа година ќе бидам некаде меѓу 70 и 80, ја нема во анкетата таа опција, па ај нека биде малку поамбициозно - 100.

1. Encounters at the End of the World (2007)
2. Cobra Verde (1987)
 
На врв Bottom