Не, не, супер беше. Сега, искрено, веќе се имаат издвоено скоро во сите категории фаворитите на форумов, па кој и да предложува, може да направи само мали измени. Така:
За најдобар филм, меѓу десетте филма кои ако остане вака ќе бидат номинирани, се уште има 2 суперхеројски, 2 анимирани и само 4 од номинираните за Оскар. Инаку, од 8-те филма кои беа номинирани за Оскар, 2 никој ги немаше ставено во својот ТОП 10, се додека
@Sawyer88 не гласаше. Што значи, нашиот избор е далеку пооригинален отколку тој на Академијата.
За режија, исто така - сега се двајца во топ 5 од тие номинирани за Оскар, но до пред некој саат беше само 1.
За најдобар актер е интересна ситуацијата: четворица ќе бидат сигурно номинирани, затоа што се фаворити на многумина. Но петтиот може да биде било кој. Дури 11 актери конкурираат за петтата номинација.
За актерка, пак, е многу тесно. Една само е фаворит на многумина, таа сигурно ќе биде номинирана, но има уште 7 актерки кои се борат за останатите 4 номинации.
Спореден актер, исто како и главен актер: четворица изделени напред, за петтото место конкурираат 10 актери. И само еден глас може да измени многу.
Споредна актерка - тука 6 актерки се изделени напред пред останатите, но една од нив ќе мора да отпадне од конкуренција.
За најдобар анимиран мислам дека веќе се познати петте номинирани, и тешко дека нешто може да се смени таму.
А за најдобар странски филм, 4 се изделени напред, а за петтиот филм ништо не се знае.
Денес е последен ден. До 00:00 можете да предложувате -
ТУКА.