Мотивација

  • Креатор на темата Креатор на темата Windfucker
  • Време на започнување Време на започнување

Што ве мотивира вас на работа

  • Пари и уште многу пари

    Гласови: 19 63,3%
  • На работа има супер луѓе, не знам што би правел сам дома.

    Гласови: 2 6,7%
  • Имам можност да работам на нешто што е дел од мене.

    Гласови: 4 13,3%
  • Ништо. Одам само колку да не ми викаат од дома дека лежам

    Гласови: 5 16,7%

  • Вкупно гласачи
    30

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Возраст
122
Локација
Wolfpack Reproducing Area
Веб-сајт
dangerousminds.net
Идеја за темата ми е клипчево од RSA кое прави некаква разобличување на митот дека мотивацијата на индивидуалецот е секогаш во корелација со неговата финансиска мотивација, односно прави дистинкција помеѓу когнитивнита и физичката мотивација.
Значи ова не е валидна научна теорија туку само еден експеримент, затоа мислам дека дискусија е неопходна секој да каже а постериори што го мотивира.

Што ве мотивира вас на работа?

Финансискиот фактор?
Работната атмосфера?
Можноста да работам сам без некој да ми стои над глава?
Секси колеги/шки?

Ќе поставам и анкета за гласање, па да видиме
 
Сеуште не работам бидејќи сеуште сум средно а планирам и на факултет да одам, но кога ќе работам дефинитивно ќе биде заради третата опција во анкетава т.е имам можност да работам на нешто што е дел од мене и што го сакам и уживам во него, а дури потоа за парите. Парите не се најважната работа во светот. ;)
 
Конечно да најдам некој со исто мислење како мене...

... Луѓето на парите гледаат како средство за кое се живее, а не како средство кое е потребно за да се преживее!

(y)
 
Ај да разјасниме неколку работи... Анкетата погоре, важи за во високоразвиени земји. Не важи за Македонија.

Просто е, на секој човек му е битна егзистенцијата. Да неречам парите. Економската ситуација во која што се наоѓа земјава е само дополнување на несигурното утре. Така да на 90% од македончињата битни ќе му бидат парте. И со право, него му е гајле дали ќе му виси некој над глава, или колегата од другата страна го оговара. Битно да зема нешто над македонскиот просек (300 евра), и да има некаква сигурност дека утре нема да му речат чао.

Ако правиме муабет за држави со силна економија, и опција за промена на многу работни места, тогаш идиме до подточките што ги набројал авторот погоре. Па кога знаеш дека имаш 10 работни места на кој што би те примиле, тогаш финансиската страна паѓа во заден план. Некогаш човек се одлучува за помала заработка, само да има мирна глава и да не го замараат досадни колеги/шефови.
 
Тоа затоа што македончето е лакомо. И милионер да е, пак ќе бара повеќе и повеќе пари. Просечната плата е 300 и нешто евра, а тие пари се доволни за основните потреби. Ако некој сака луксуз, нека учи и нека биде поспособен. Платата се добива според заслуга. Колку поодговорна работа, толку повеќе плата. ;)
 
Ако тебе ти е лукзуз имање на сопствен стан, сопствен автомобил и доволно кеш за да излезиш 6 пати во неделата (без да се мислиш дали ќе потрошам 2000 денари) мене не ми е...
Кажи ми која е поодговорна работа со која во Македонија (без да имаш вујко владика или партиски војници) можиш да заработуваш 700 евра?

Те молам, просветлиме, како со 600 евра месечно (плата од двајца вработени) би платила кредит за стан, храна, облека, сметки? Не го клавам тука делот излегување, делот автомобил... за делот ДЕЦА не ни сакаш да ти спомнам.

300 евра за млад човек се доволно... како за џепарац. Да не плаќа сметки (живее со родителите), да купува храна колку што му треба и да шета.
 
Ако тебе ти е лукзуз имање на сопствен стан, сопствен автомобил и доволно кеш за да излезиш 6 пати во неделата (без да се мислиш дали ќе потрошам 2000 денари) мене не ми е...

Стан и автомобил не е луксуз, ама што ти беше финтава со 6 пати излегување? Не дека тоа многу ќе те потроши, али 6 пати е претерано. Ај да речеш 3-4 пати и како може на мене (18 години имам) 500 денари да ми се доволни за едно излегување (да не збориме што некогаш не ги ни трошам сите), а тебе ти требаат 2000 денари? Што ќе правиш со тие пари, ќе ги фрлаш по улица? Колку што ти е долга чергата, толку ќе си ги испружиш нозете.
 
да не дремам летово и да заработам нешо за од октомври на факултет :) или па ако ми се заубај...да си одам вондредно на факс :)
 
Прво работата треба да е нормално платена, да можам комотно да живеам а не на кредити кои ќе ги исплаќам до 90 години (скраја да е) Сега комотно е релативен поим, тоа што за мене е комотно за некој може да е на раб на егзистенција или обратно. Инаку бидејки сум во сферата на медицината она што мене ме мотивира е пред се задоволството, среќниот лик и почитта на пацинетот од мене и за мене. Предобро е чувството кога на човек ќе му помогнам и минимизирам/отстранам болката. На трето место се колегите, луѓето со кои си помагаме, се забавуваме и го обожаваме црниот хумор :rolleyes: :D
 
Стан и автомобил не е луксуз, ама што ти беше финтава со 6 пати излегување? Не дека тоа многу ќе те потроши, али 6 пати е претерано. Ај да речеш 3-4 пати и како може на мене (18 години имам) 500 денари да ми се доволни за едно излегување (да не збориме што некогаш не ги ни трошам сите), а тебе ти требаат 2000 денари? Што ќе правиш со тие пари, ќе ги фрлаш по улица? Колку што ти е долга чергата, толку ќе си ги испружиш нозете.
Пример де велиме... нека не се 6 пати, нека се 4. А колку трошиш е индивидуално. Можиш да поминиш и со 100-че, можи и 2000-ки да не стигнат, особено ако заседниме в кафана :)
 
Работам за пари, но од љубов.

Ме мотивираат пари, но повеќе резултатите. Резултатите ми се сатисфакција и мотивација и тоа ме води напред.

Работам по 12 саати, за нормална плата во јавен сектор.
 
Тоа затоа што македончето е лакомо. И милионер да е, пак ќе бара повеќе и повеќе пари. Просечната плата е 300 и нешто евра, а тие пари се доволни за основните потреби. Ако некој сака луксуз, нека учи и нека биде поспособен. Платата се добива според заслуга. Колку поодговорна работа, толку повеќе плата. ;)

Ах девојче, порасни па ќе видиш дали 300 евра се доволно... 300 евра се доволни за да живуркаш а не за да си имаш убав живот... Сега све ти плаќаат твоите ќе видиш кога ќе дојде време сама да се снаоѓаш. Ток факултет кај што ќе идеш че ти го платат твоите ама колку пари е? Ќе сакаш кола да имаш? опстај тоа 500че за искачање, јас можам и со 100че да искочам ама не е тоа тоа.
Се сложувам со Џиш, кај нас првично сите гледаат на платата па после позицијата на која ќе работат...
Иначе ме мотивираат парите и успесите, сакам да заработам на нешто што јас ќе постигнам да го направам :) просто и едноставно
 
Сеуште не работам бидејќи сеуште сум средно а планирам и на факултет да одам, но кога ќе работам дефинитивно ќе биде заради третата опција во анкетава т.е имам можност да работам на нешто што е дел од мене и што го сакам и уживам во него, а дури потоа за парите. Парите не се најважната работа во светот. ;)

И јас така мислев во средно, f*ck money, ќе работам тоа што сакам. Но ќе видиш дека мислењето ќе ти се промени, особено кога ќе бираш факултет, аналогно со тоа и професија. Ќе размислуваш и дали можеш да профитираш од тоа што ќе го работиш. Секој сака да ги изедначи задоволството и профитот, но тоа е тешко кај нас...
 
Ништо не ме мотивира оставам сами да си се редат коцките не трчам не бркам не работам за пари и така натаму.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom