The King of Clay
Модератор
- Член од
- 28 јануари 2012
- Мислења
- 5.032
- Поени од реакции
- 3.607
Сигурно скоро сите знаете, Федерер нема да игра до Ролан Гарос, а оттука се доаѓа до заклучок дека тој е најголемото име кое недостасува во Монте Карло.
Главниот жреб почна денес, се одиграа 3 натпревари и првите патници во второто (покрај првите 8 носители) се Гофан, Соуса и Симон кој ќе игра против Новак во второто коло.
Жребот е доста интересен, може да го погледнете на следниот линк.
Потенцијални интересни дуели :
Nadal - Zverev (3R)
Nadal - Dimitrov (QF)
Djokovic - Thiem (QF)
Thiem - Goffin (3R)
Nadal - Djokovic (SF)
Murray - Wawrinka (SF)
Бранител на титулата е Рафаел Надал кој го победи Монфис во минатогодишното финале, поради повреда на ногата, финалистот нема да биде во можност да ги брани тие 600 поени што ги заработи во 2016. Покрај него, вреди да се спомне и отсуството на Нишикори, Киргиос, верувам голема дупка после одличните настапи на првите два мастерси.
За крај, одговорете на анкетата.