Се мислам дека на Сиера ќе и пукне водењакот со пиштолот вперен во Професорот, и овој ќе биде во морална дилема дали да и помогне при породувањето или да ја пушти сама да се снаоѓа и сам да си го спаси газот
Иначе сезонава првите 3 епизоди беа онака апла досадни според мене, ништо не се случи, меѓутоа дефинитивно надокнадија со втората половина. Исто, мислам дека на некој начин ќе излезе дека се поврзани Татиана на Берлин и Сиера. И претходната сезона некако многу работи дозна, а и сезонава имаше доста сцени со неа(не сеа у смисла дека се многу, меѓутоа за лик што немал никаква улога во ништо, реално имаше сцени). Мислам дека ќе излезе истиот лик, или сестри нешто евентуално..
И јас мислам дека Сиера има некаква врска со минатото, е сега дали со Берлин, не знам. Со Ракел можеби
Некако во оваа сезона како да сакаа режисерите да ни испратат некој сигнал, Сиера кога ја испитваше во шаторот Ракел се осеќаше дека има некоја почит помеѓу нив двете, не знам дали приметивте, во неколку сцени се осеќаше некоја вибрација помеѓу нив.
Гледајќи ги режисерите какви лудаци се, ќе испадни дека имале некоја љубовна афера, ионака нема лезбејки сеуште
Да се соедини со бандата не вервам, ќе испадни клише, можно е да е некоја бивша на Берлин или поврзана со Татиана па да сака да го одмазди него, оти некако ептен ми е запната по професорот уште од почеток од кога ја назначија.
Цел план на оваа пљачка беше импровизирање.
Јас мислам ќе ја затворат наредна сезона, ќе умри професорот жртвувајќи се за цела банда да избегаат со се злато, на крај краева и да не успеаат да избегаат пак ќе испаднат херои кои го паднаа режимот, професорот ќе има краен епилог како херој исто како татко му. Јас такво финале гледам, со оглед на цела историја наназад и со бела чао се натаму ми оди.
После можат да направат некој prequel и sequel.
На пример да ни ја раскажат приказната со претходниот живот негов, имаат доволно материјал за тоа, целата историја со татко му кога пљачкал банки овој дури бил болен, животот на Берлин и неговиот и како детално го работел на планот.
И на крај да продолжат со други кражби со дел од бандата и нови членови, затоа и Манила ја вметнаа оваа сезона.