Монах и Волк

  • Креатор на темата Креатор на темата ZOTE
  • Време на започнување Време на започнување
Мараната, те молиме сите, немој да правиш од форумов сликовница.

Ако незнаеш што да кажеш подобро преќути си.

Оти бе? за некои возрасти сликовниците се најарни!

Исмејувањето го сметате за јак аргумент? Па познато е дека кај врвните подвижници, чест е случајот кога зверови приоѓаат и јадат од нивните раце. Тоа не е ништо друго, туку достигнување на рајската хармонија меѓу животните и човекот. Но, секако, за тоа треба вера, а не гордост и надуваност, од кои произлегува и исмејувањето, како еднинстевана комензација за немањето контра-аргументи.
 
Еве ви едно клипче каде што будистички монаси живеат во своите манастири во една прекрасна хармонија со тигрите.

 
...ми се чини дека таа „харминија „треба малку и да ја дообјасниш, па на крајот, ќе се испостави дека будустичката и подвижничката хармонија немаат блага врска една со друга.
 
А да ни дадеше видео каде „изворни“ баптисти живеат во хармонија со животните! Вака испаѓа дека дури и друговерците кои не се христијани имаат почисто срце од вас „изворните“:smir:
 
Исмејувањето го сметате за јак аргумент? Па познато е дека кај врвните подвижници, чест е случајот кога зверови приоѓаат и јадат од нивните раце. Тоа не е ништо друго, туку достигнување на рајската хармонија меѓу животните и човекот. Но, секако, за тоа треба вера, а не гордост и надуваност, од кои произлегува и исмејувањето, како еднинстевана комензација за немањето контра-аргументи.

Од кај се најде ти прозван?
 
Ги молам брат Чорбаџија и брат Матетес да бидат љубезни и да ни покажат некое клипче каде „изворни“ се во друштво на диви ѕверови. Убаво ве молам, затоа што сметам дека секој кој има таков пример треба тука да го презентира, за го видиме и ние.
 
До „матетес„:

Од Црквата, разбираш...Имам верничка должнот да сведочам за вистината која ја исповедам, но и за лагите кои ја напаѓаат Црквата. А ти, ако си шизик, биди и посодржаен во постовите, за да ти „држа вода„. Како веќе напишав, исмејувањето, особено кон верниците од православната Црква или исмејувањето на објавените вистини, повеќе зборуваат за твојата а не за нечија туѓа состојба на духот.
 
А да ни дадеше видео каде „изворни“ баптисти живеат во хармонија со животните! Вака испаѓа дека дури и друговерците кои не се христијани имаат почисто срце од вас „изворните“:smir:

Ги молам брат Чорбаџија и брат Матетес да бидат љубезни и да ни покажат некое клипче каде „изворни“ се во друштво на диви ѕверови. Убаво ве молам, затоа што сметам дека секој кој има таков пример треба тука да го презентира, за го видиме и ние.
Аман бе жено на сите теми истиот муабет.. баптисти, хармнонија, баптисти, изворни, реков ли баптисти..Што ти е тебе...
 
Ете, докажавме дека и будистичките и православните монаси, и Дејвид Коперфилд, и илјадници циркузанти во светот си живеат во хармонија со припитомени волци, тигри, лавови, змии итн.
Јас сум видел клипчиња на телевизија каде што и сатански секти живеат во хармонија со змии, се галат со нив, а прават и разни гадости и некултурни/безобразни работи со нив.
Оттука следува дека припитомувањето на дивите ѕверки и живеењето со нив нема никаква врска со вистинската вера или духовност.
Поздрав!
 
Биди поздравен и ти, Чорбаџи.

За да не останат работите матни, ќе се обидам да ја објаснам раликата меѓу будистичката и православно-подвижничката хармонија со животните. За сатанизмот, нема да коментирам.

Еве како будустички монах припитомува диво животно или звер. Еднставно: дивото животно или ѕверот, се РАЃААТ во рамките од заедницата, т.е. тие животни, од мали нозе се навикнати да живеат во човечка близина и само поради таа причина (која од истражувањата на Конрад се нарекува „примарна слика„) тие животни живеат во привидна харминија.

Еве што се случува со подвижиците.
Тие и такви поединци, живеејќи подвижнички, достигнувата таков степен на духовно смирение, што тоа смирение можат да го ДОЖИВЕАТ дури и ѕверовите, кои доаѓаат кај тие подвижници како домашни миленици и буквално јадат храна од нивните раце. Така, животните се тие кои се приклонуваат кон подвижникот, а не ситуацијата во која животно се раѓа во нечија близина па поради тоа го прифаќа човечкото присство во својата близина, без последици поживотот од човекот.

И!?
Дали е сега појасна разликата? Кој мисли поинаку, нека ме разубеди.
 
До „матетес„:

Од Црквата, разбираш...Имам верничка должнот да сведочам за вистината која ја исповедам, но и за лагите кои ја напаѓаат Црквата. А ти, ако си шизик, биди и посодржаен во постовите, за да ти „држа вода„. Како веќе напишав, исмејувањето, особено кон верниците од православната Црква или исмејувањето на објавените вистини, повеќе зборуваат за твојата а не за нечија туѓа состојба на духот.

Мојата - твојата состојба на духот, има кој да ја вреднува, шо сте запнале да ја лапнете на Господ фотелјата, бреј хулници :nenene: Не помните дека и Луцифер така започна?
 
Мики, подвижниците т.е. будистичките монаси не ги раѓаат дивите ѕверки во своите манастири, туку ги припитомуваат од дивините т.е. таму каде што се наоѓаат нивните манастири. Тие не само што јадат од нивните раце, туку јадат заедно со нив, медитираат заедно со нив. Животинската хармонија на будистичките монаси е неспоредливо поголема од случајот што го постиравте за тој монахот што припитомил некое волче и сега вие се фалите бреее ете "доказ" дека ние сме вистината, кај нас е Светиот Дух :) :)
Жал ми е што те разочарав дека и будистичките подвизници, и циркузаните, и сатанистичките секти се далеку поголеми експерти во припитомувањето на животните од православните монаси. :smir:
 
Аман бе жено на сите теми истиот муабет.. баптисти, хармнонија, баптисти, изворни, реков ли баптисти..Што ти е тебе...

Ајде, се извинувам, само сакам одговор на тоа. Еве го преформулирано - Дали Чорбаџија и останатите можат да ни посочат видео клип или пример каде некој верник од нивната верска припадност живее со некое диво животно?
 
Не сфаќам која е поентата на тоа и каква врска има тоа со подфорумот Религија?
А дали ти можеш да ни постираш видео клип каде што некој верник од твојата верска припадност стои на раце 2 минути? Или пак некој што прави колук напред и колук назад со затворени очи?
Е ајде да те видам сега кој поголем "верник" е :pos2:
 
Исмевањето не ти е баш најхристијански пристап. Ако немаш одговор, подобро кажи така... Ама што се чудам, откако почнав да те читам пред неколку месеци, па се до сега, само навреди примам од тебе, кога некое мое гледиште се коси со твоето. Нејсе, простено ти е...:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom