Пред нашите прародители Адам и Ева да паднат во грев, Господ на Адам му даде власт да биде господар на целата земја, вклучувајќи ги и животните. Во тоа време Адам немал згрешено и се наоѓал во благодатна состојба, имал чисто срце и просветлен ум, поради што и можел да го созерцува Бога. Поради таа неговата духовна состојба, и животните биле кротки и мирно покрај нив, а тој ги познавал нив во суштина, затоа и успеал да им даде имиња кои се соодветни на секое животно.
Со неговото паѓање од грев, таа состојба се променува. Неговиот ум се помрачува поради непослушанието, невоздржанието и префрлувањето на вината за тоа на Ева, со што се менува и целата природа, и односнт на животните кон луѓето. Животните можат да ја почувствуваат духовната состојба на човекот, затоа чести примери се кога куче лае и напаѓа некој човек кој планира некое пакосно дело.
Кога животните ја почувствувале помрачената духовна состојба на Адам, дошло и до нивно „здивување“, односно, противење на таквата состојба. Затоа и светиот апостол вели дека целата природа воздивнува со нас, очекувајќи да се врати во првобитното.
Монасите се тие кои се трудат целиот свој живот да ја стекнат рајската природа, чистејќи го своето срце од страстите и здобивајќи просветлен ум. Кога тоа ќе го постигнат, животните ја чувствуваат нивната внатрешна состојба и се припиваат кон нив.
Таков бил случајот со пророк Илија на која гавран му носел храна, таков бил примерот со св.Серафим Саровски кој имал мечка за друшка, таков бил и примерот со св.Герасим Јордански кој се грижел за еден лав (многу убаво житие, прочитај го).... такви примери низ историјата на христијанството има многу.
Св.Серафим Саровски