Момент на вистината

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.856
Инспирирана од квизот Момент на вистината ...

Дали мислите дека имате во вашиот живот некоја личност за која знаете се` и со ништо не може да ве изненади?
Доколку не, дали има работи кои некој ваш близок доколку ги има, прави или мисли би ве оттргнале од него, би ве натерале да се разочарате и да се простите со него засекогаш?
Дали вие имате работи кои никој друг не ги знае? Длабоки тајни, скриени мисли, лоши постапки? Ако да, зошто никому не сте се осмелиле да ги кажете? Мислите ли дека тие ваши црни флеки можат кај блиските да предизвикаат гадост и да наидат на големо недоразбирање, со што би ги изгубиле?
Ајде, момент на вистината ... колку сме за сите тие што сме и за себе?
 
Не можам јас да знам дали за моите најблиски знам се`, но тоа што треба да го знам - го знам.

Исто и јас, се отворам пред посебни луѓе колку што сметам дека треба, имам 2-3 најдругарки со кои си кажуваме скоро се`, од убави моменти кои се за споделување, до работи кои не` болат и не` мачат.

Сепак, не се отворам буквално за се`, поготово не за некои работи кои се поврзани со семејството. Во мене чувам една длабока тајна, работа која се има случено многу одамна, пред повеќе од 10 години, која никогаш нема да ја кажам на никого затоа што немам храброст, затоа што ме боли и затоа што сакам да ја заборавам, ама не можам. :(
 
Искрено мислам дека во мојот живот има неколку личности за кои знам се, чии постапки никогаш не би ме изненадиле, затоа што едноставно доволно ми е да ги погледнам во очи и да знам како се чувствуваат, какви аспирации имаат во моментот и некако ме прати некоја емоција дека секогаш имам преглед на нивното енергетско поле. Доколку направат некој чекор кој не го оправдувам , би се обидела да ги разберам, се додека со тоа што го направиле не ми ја повредиле суетата, не ми ја осквернавиле личноста...Би се оттргнала од некоја блиска личност и во случај истата сама да го сакала тоа или ако намерно и свесно направила нешто по тоа прашање.Од родителите и од брат ми никогаш и ништо не би ме раздвоило т.е. не би престанала никогаш да ги сакам и ценам, од причина што и кога би го посакала тоа не би можела.
За себеси може да кажам дека имам некои скриени, не тајни толку многу колку желби и стремежи кои не би сакала никој да ги знае, затоа што не сум сигурна каков feedback би иницирале, но сметам дека во мене не постојат нешта што би ги оттргнале од мене оние што вистински ме сакаат.
Како и да е не би се подложила на пример на детектор за лаги , пред се затоа што мислам дека би ми се нарушил интегритетот и желбата за приватност на мојата личност, а не од причина дека тоа на некој начин ете би ме уништило...
а и искрено денес на светот има секакви луѓе мислам и дека и скоро и да нема некои работи кои би ме изненадиле ,ама сеуште верувам дека постои искреноста и дека токму тие некои околу мене се оние искрените.
Моето ,,јас,, секогаш го манифестирам на реалниот начин пред оние кои го заслужуваат тоа, останатите не добиваат лаги , туку само мал дел од мене:toe:
 
Јас немам таква личност во животот за која знам се.. како ќе знаеме дека знаеме се за секој???
Тргнувајќи од мене, јас самата си чувам во себе тајни, мисли.. за кој сметам дека не мора никој да знај, тие можат да бидат и ситни тајни, кои не ме оптеретуваат, но секако и некои страшни работи за кои сметам дека нема да можи никој да ми помогни.
Сум имала личност во мојот живот, поточно кажано, сеуште ја имам, во која имав безусловна дури можам да речам, претерана доверба. Верував, или па сакав да верувам дека знам се за него, дека не можи на никој начин да ме изненади или да скире нешто од мене. Но се случи спроитвното.
На крај сфатив дека колку што лежи кривицата во него, лежи и во мене,
па кој ме тераше да верувам безусловно???
Не ме натераа тие работи што ги дознав да се тргнам од него. Едноставно сфатив дека нема личност на светот, колку блиска и да била, во која можеш да веруваш максимално.
Сигурна сум дека на секој му се има случено да се најди во ситуација и да не верува во себе, или да си го преиспитува карактерот, како на пример, „зошто го направив тоа“...
Тоа што сум за себе се случува да не бидам за другите. Можам да кажам на кратко каков е мојот карактер, но со сите луѓе околу мене сум различна. Не можам да имам исто однесуваење за сите луѓе што се околу мене.
Знам да се расплачам намерно, или да изглумам дека сум среќна.. но никој во тој момент нема да знае како се чувствувам и што мислам.
На крај Дивајн, не барај момент на вистината, не дека не може да има таков момент, но прашање е дали е целосно вистински тој момент???
 
Инспирирана од квизот Момент на вистината ...

Дали мислите дека имате во вашиот живот некоја личност за која знаете се` и со ништо не може да ве изненади?
Доколку не, дали има работи кои некој ваш близок доколку ги има, прави или мисли би ве оттргнале од него, би ве натерале да се разочарате и да се простите со него засекогаш?
Дали вие имате работи кои никој друг не ги знае? Длабоки тајни, скриени мисли, лоши постапки? Ако да, зошто никому не сте се осмелиле да ги кажете? Мислите ли дека тие ваши црни флеки можат кај блиските да предизвикаат гадост и да наидат на големо недоразбирање, со што би ги изгубиле?
Ајде, момент на вистината ... колку сме за сите тие што сме и за себе?
Пред да го гледам квизов... Мислев дека се` знам за моите најблиски. Сега не сум најсигурна. Гледајќи го видот на прашањата на ,,Mомент на вистината", сфаќам дека не ни сакам веројатно да ја дознаам баш комплетната вистина, веројатно ќе боли... Имам гадурии направено, грешки јаки... Преболни, никогаш неповторени, но црни. Не сум безгрешна. Никој не е. Сум се осмелила сите да ги признаам, но секоја на различна личност, НЕ НА ЦЕЛ СВЕТ. Тука е контроверзноста на ова глупаво шоу. Духовно разголување целосно, не сум доживеала пред никого. Човековата природа е таква да не може да е комплетно искрен пред никого, некогаш ни пред самиот себе.
 
Човековата природа е таква да не може да е комплетно искрен пред никого, некогаш ни пред самиот себе.
Грешка си за човековата природа.Тоа да си вистинољубив, или опсесивен лажго не е природно, туку се учи и се здобива искуство со текот на годините(вистинољубивоста),и несвесно се реагира на надразба реакција(опсесивно лажење).
 
Не може да знаеш се за некој најпрво зошто не си цело време присутен во животот на таа личност.Секогаш ќе има нешто што ќе остане скриено,никој не е до толку ни искрен ни отворен,а и нема потреба.Ако некој е до толку,си има некои проблеми или со себе,или со паметот:).
Тоа што не се знае има причина зошто е скриено.Тоа е тој интимен,персонален дел,делот само за себе,кој верувам никој не би сакал да го сподели со никого.
Апсурдно е да се каже дека некој знае се за некого,човечкото суштество и самите сме свесни колку е расипано и подло,ама не сме свесни колку е расипано и подло тоа што го имаме крај себе.

Почнувајќи од себе знам дека нема шанса да биде некој до толку будала се да кажува.Не дека имам некои големи тајни кои би запрепастиле некого,ама ете си имам некои “детали“ кои не би сакала да ги споделам,не ми е згодно.
Нормално,има и работи кои доколку би дознала дека некој од моите поблиски ги поседува би го отпишала,ама верувам дека никој до сега нема направено такво нешто,зошто се ептен екстремни :)
Меѓутоа сепак на крај испаѓа точно дека тоа што не го знаеш,не може да те повреди.
 
Секој човек си има своја интима, која нормално е секој да не ја знае. Може да се доверат многу работи на најблиска личност, но сепак оние најскриените, најнајинтимните нешта се чуваат за себе. Постојат работи кои едноставно се чуваат само за себе, оние нешта за кои само ти самиот можеш да ги разбереш, за кои сам можеш да си објасниш и разбереш зошто си ги направил. Работи кои не се делат со други. Имам блиски личности кои имаат доверба во мене и јас во нив, се доверуваме за многу работи, но сепак, длабоко во нас, постои еден дел кои сакаме да го зачуваме само за нас, за нашата душа. Искрено, повеќе ги почитувам оние луѓе кои знаат да скријат дел од својата интима, а не оние кои споделуваат сешто со секого. Човекот е себичен,алчен, расипан, па лесно може да искористи и најситна работа за да ви наштети. Сум правела и јас лошо работи во животов, што е и нормално, можеби не сум се доверила на некого, бидејќи сметам дека е тоа само за мене, работа за која јас треба да размислувам како да ја решам, бидејќи секој човек најдобро се познава себеси и неговата психа.
 
Хм... И тоа момент на вистината некогаш кај поставуваат безвезни прашања а и одговорите и да се точни кога се во игра делуваат како неточни. Човек кој може да лажи и да си верува во сопствените лаги, полиграф неможе да го детектира. Сепак е машина која работи на импулси.

Конкретно за мене, немам некои којзнае какви тајни кои ги скривам... Некои работи сакам да ги зачувам само за себе, но не се дотолку страшни и доколку би ги кажал.
 
Искрено мислам дека во мојот живот има неколку личности за кои знам се, чии постапки никогаш не би ме изненадиле, затоа што едноставно доволно ми е да ги погледнам во очи и да знам како се чувствуваат, какви аспирации имаат во моментот и некако ме прати некоја емоција дека секогаш имам преглед на нивното енергетско поле.
wanna bet ?
сакаш да направиме еден мал тест те ставам тебе заедно со твоите блиски кои ги знаеш многу добро и сите твои блиски ги врзувам со детектор никој нема таму само ти и ја и им поставуваме незгодни прашања?
Сакаш да се обложиме дека ќе се изненадиш ?
како многу таму у квизот кои се изненадиле

И ти самата рече дека некои работи ги криеш од нив бидејќи се плашиш дека тоа што ќе им го кажеш дека ќе те одалечи од нив си помислила дека истото и они го прават
Според мене сите имаат little dirty secrets.
Само не е паметно да ги вадиме пред сите бидејќи како што рече еден мислител:луѓето простуваат се освен искреноста и вистината

И ако некој се јави во момент на вистината и биде мој близок јас ...не знам стварно човеку не знам али знам дека може да се случи ја дасе разочарам многу од тие луѓе.
 
Па мислам дека нема човек во светот кој знае за некого се..
Секој има црни флеки кои не ги кажува на никој па така имам и јас и не сакам да ги кажам...
Темава сакс
 
Сите имаме тајни кои нема никогаш да ги кажеме. И јас имам тајни и ти имаш и сите имаме. Гадост? Па не верувам, зашто поаѓам од фактот што не сме сите ангели туку имаме по некој ацрна дамка која не би сакале да ја откриеме. Моите тајни ги знае само една особа и толку, не го ширам кругот и мирно спијам. А да ги дознае некој близок сите мои тајни паа не верувам дека би се згадил или нема да ми зборува, можеби ќе ми каже некој коментар и толку. Луѓето што се околу мене најблиски сигурна сум дека знам се за нив, сега сите си имаме тајни и никогаш не си сигурен дали се знаеш за таа особа. И што и да направила нема да го променам моето мислење за таа особа. Неможеш заради една погрешна постапка или тајна одамна што е да промениш однос и да се гадиш, збориме за ептен блиски луѓе.
 
Искрено мислам дека во мојот живот има неколку личности за кои знам се, чии постапки никогаш не би ме изненадиле, затоа што едноставно доволно ми е да ги погледнам во очи и да знам како се чувствуваат, какви аспирации имаат во моментот и некако ме прати некоја емоција дека секогаш имам преглед на нивното енергетско поле. Доколку направат некој чекор кој не го оправдувам , би се обидела да ги разберам, се додека со тоа што го направиле не ми ја повредиле суетата, не ми ја осквернавиле личноста...Би се оттргнала од некоја блиска личност и во случај истата сама да го сакала тоа или ако намерно и свесно направила нешто по тоа прашање.Од родителите и од брат ми никогаш и ништо не би ме раздвоило т.е. не би престанала никогаш да ги сакам и ценам, од причина што и кога би го посакала тоа не би можела.
За себеси може да кажам дека имам некои скриени, не тајни толку многу колку желби и стремежи кои не би сакала никој да ги знае, затоа што не сум сигурна каков feedback би иницирале, но сметам дека во мене не постојат нешта што би ги оттргнале од мене оние што вистински ме сакаат.
Како и да е не би се подложила на пример на детектор за лаги , пред се затоа што мислам дека би ми се нарушил интегритетот и желбата за приватност на мојата личност, а не од причина дека тоа на некој начин ете би ме уништило...
а и искрено денес на светот има секакви луѓе мислам и дека и скоро и да нема некои работи кои би ме изненадиле ,ама сеуште верувам дека постои искреноста и дека токму тие некои околу мене се оние искрените.
Моето ,,јас,, секогаш го манифестирам на реалниот начин пред оние кои го заслужуваат тоа, останатите не добиваат лаги , туку само мал дел од мене:toe:

Од каде токлава сигурност дека знаеш се...?? Ете и ти рече дека имаш тајни, или скриени желби, од каде знаеш дека и тие личности немат скриени тајни и желби за кои не сакат ни ти ни никој друг да дознаат???
 
Па мислам дека нема човек во светот кој знае за некого се..
Секој има црни флеки кои не ги кажува на никој па така имам и јас и не сакам да ги кажам...
Темава сакс


Темава сакс бидејќи толку си ја разбрал/а или толку сакаш да ја промислиш. Дозволи да ти помогнам т.е. да ти ја направам барем малку поинтересна, кога веќе неможеш сам/а.

Зошто нема човек во светот кој знае за некого се`? Зошто мислиш дека човекот сака или има потреба да си ги скрие своите црни флеки? Дали е тоа од страв, срам, инает, себичност, лицемерност итн итн итн?
Еве и нешто друго ... кога би дознал/а некоја мрачна тајна за твоите родители или браќа и сестри ... што би направил/а и дали би го променил/а своето мислење за нив и би ги отсакал/а?
А што ако дознаеш нешто такво за некој твој другар?
За да ти олеснам во фантазијата, еве и некој пример: твојот татко има љубовница, твојата мајка има уште едно дете кое некогаш го оставила во дом, твојот брат постојано краде од вашиот семеен буџет или па твојата сестра навечер кога не е дома е некоја тешка спонзоруша, која добро работи и секоја вечер ја поминува во различен стан со различни мажи.
Значи, што ако вакви работи (пу пу пу) дознаеш за твоите, а што ако истите ги дознаеш за некој од твоето друштво или некој познаник?
Дали ќе ги прифатиш и разбереш ако ти се образложат и дали за сите ќе ти важи истата пресуда?

Сепак, мора да тргнеме од нас ... да размислиме како ние би реагирале, па да можеме макар само да претпоставиме како другите би реагирале на некоја наша слична мрачна тајна.
Повели.

п.с. На прашањава може да одговори кој сака - нормално, иако ги поставив само до членот кој ми ја нејќе темава.:jaj:
 
Ајде, момент на вистината ... колку сме за сите тие што сме и за себе?
Сите сме едно.
Се водам по тоа.
Па така,тоа што сум за себе,настојувам и да бидам пред сите.
Нормално,имам некои тајни,кои би ги задржал само за себе,но воглавно тоа се работи кои се премногу интимни за воопшто да можам да ги искажам,а да не трпам последици поради тоа...значи,ги чувам во себе,бидејќи сум приморан на тоа.Кога би знаел дека има луге кои ќе ги прифатат,не би имал проблем со нивно искажување.
Треба да бидеме тоа што сме.
Без дволичност.
Без маски.
И секако,без скелети во плакарот.
Колку повеќе тајни чуваме во себе(сметајќи ги за неприфатливи од другите и сметајќи дека искажувањето на истите ќе не отфрли од околината),толку потешко за самите нас и нашата свест,бидејќи со тек на време,тие тајни и недоречености стануваат се потешки за чување.
На крај ќе се најдеме во ситуација каде што се повеќе и повеќе време и енергија трошиме во нивна презервација и блокада на нивното излегување на виделина.
А тоа не вреди едноставно,бидејќи,тајните секогаш излегуваат надвор...its a rule of thumb.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom