Мислиш на нешто што би можела да го направи и да те повреди тебе? За тоа е јасно, туку не мислев на тоа. Што би те разочарало кај неа што нема врска со тебе? Значи таа прави нешто несекојдневно и лошо и нема врска со тебе, ама е лошо. Тогаш што?
Нешто како од претходно наведените работи ... дознаваш некоја мрачна тајна која има врска само со неа или со неа и некоја трета личност.
Во тој конкретен случај на целосно јасна и чиста релација, не верувам дека постои нешто што ќе ме натера да се откажам од неа, додека да се разочарам можам од многу работи, од погрешен избор на партнер (спред мене), преку абортус, до убивање на човек.
Палетата на можности тука е голема, секогаш зависи од сензибилитетот кој што го имаме во тој момент за таа конкретна проблематика.
Сигурна си??? Тврдиш дека не можиш да бидиш изненадена воопшто, или дека мислите и желбите на блиските не можат да те изненадат...??? Ако беа во ред тие тајни мисли, не сметаш дека би ги знаела??? Значи не се во ред...
Извини вака насмевко, ама зарем мислиш дека сите тајни мисли аналогно на тоа мораат да бидат лоши, злокобни и план за атентат на првото лице на обезбедување на премиериот?
Затоа што мене лично, не знам, можеби сум таков тип на човек, ама и добрите и лошите работи понекогаш ќеиф ми е така да си останат тајни, зошто да морам да ги поделам со моите пријателки, или дечко или кој сака трет.
И да, тврдам дека не можам да бидам изненадена затоа што од секој се може да се очекува, нит знам што им се врти низ глава, ниту па имам некоја желба да дознаам, мојава глава ми е доволна, крајно, она што им е желба, идеја, страв, никој не треба ни да го знае освен самите нив.
Делата се оние кои можат да исплашат и разочараат, никогаш до таа мера да ме изненадат.И јас имав една другарка што мислев дека е така фина, пријатна и прекрасна, излезе тотално поинаков створ, ама тоа не ме изненади, само ме разочара.