Моќ на убедување

хммм па јас сум махер за убедување, до сега верувајте од 100% што сум пробал над 90% сум ги убедил
 
Ја иам, да. :)
Посебно за во домашни прилики.
Други и неам баш некоја намера да убедвам, кој сакат шо сакат нек прајт. Понекош прам услуга на некој другарки/ другари со убедвење на некој трет за нешо иначе за мене не планирам да убедвам. Ќе речам еднаш, најногу два пати (на наташа то најчесто :)) и доста е. Кој сакат- сакат, кој не, поздрав.
 
тоа не е убедување него се вика ПЕРЕЊЕ... треба да го убедиш на било кој начин..
 
Голема моќ имам :pipi: ако ме фатат будалите и доста досаден можам да бидам
 
Голема моќ имам :pipi: ако ме фатат будалите и доста досаден можам да бидам

Епа не си пробал против некој потврдоглав. Оти обично добиваш спротивен ефект и ќе напрај се ама не то шо сакаш.
 
Епа не си пробал против некој потврдоглав. Оти обично добиваш спротивен ефект и ќе напрај се ама не то шо сакаш.

Сум пробал и со тврдоглави :) сеа може не сум налетал на некој ептен тврдоглав ......
 
па зависи кој човек го убедувам и за што убедувам. еве на пример имам другар кога ќе здрви глава абе кого сакаш викај нема шанси да го убеди некој. мене можат лесно да ме убедат, а јас....па што знам, немам баш толку многу некоја голема моќ, ама ако добро се запнам може и да успеам. некогаш ме мрзи да се расправам со тврдоглави, а некогаш ако ми е важно успевам
 
Оооо... Не моќ, премоќ имам за убедување. :pos:
Како што јас знам да замарам за да убедам за нешто, ретко кој може. :)
Порано ептен убедував за да добијам нешто, последниве години се спастрив малку.
 
Не постои МОЌ на убедување... само СЛАБОСТ да се биде убеден :)
Моќта претставува вештина за менаџирање со слабостите на луѓето ;)
 
Mноогу ретко убедувам некој! Нити сакам да ме убедуваат! Од проста причина шо нема да ме убедат!
хехе
Мразам да ме убедуваат зашо страшно ме нервира! И затоа не убедувам зашо можда и тој другиот го нервира!
Али понекад ја убедувам мама ми за нешо! Али ретко тоа го нарекувам убедување зашо уше од вториот пат се сложува зашо и нејзе ја нервира! Хаха:baeh:
 
Хехе ова мене ми е вкрв можам да го убедам некој човек да направи нешто за многу крако време незнам зашто али ова ми е вкрв влезено
 
Никогаш, никого не убедувам. Едноставно не сакам некого да го натерам да прави нешто кое не го сака, ако сметам дека навистина нема потреба од тоа. Секој има право на свој избор. Мое е да дадам совет и ако сметам дека мојот совет е она правото, да пробам да ги истакнам најпозитивните факти зошто тоа би требало да биде така. Меѓутоа, ја знам границата на советување и отварање на очи и тормозирачко убедување, и токму затоа никогаш не ја поминувам.
 
Моќта за убедување кај мене ја активирам во моменти кога тоа навистина е потребно и кога мислам дека оној што треба да го убедам заслужува такво внимание. Никогаш не ми се случило некого да убедувам со сила, едноставно оној момент кога ќе осетам дека убедуваниот тера инает или пак не е заинтересиран, јас прекинувам. Но има еден друг, би рекол поинтересен феномен кој почесто ми се случува, а се состои во следното резултатите од некои мои убедувања се потврдуваат покасно како на пример: во моментите кога во дискусија со некого, таа излезе од контрола заради инает на лицето кое го убедувам (инаетот често е резултат на комплекс на виша вредност на тоа лице), покасно истото тоа лице во скриена форма полека покажува дека јас сум бил во право со моето убедување. Оттука би рекол дека многумина немаат елементарна култура или доблест да прзнаат дека понекогаш не се во право, па затоа честопати се добива впечаток дека моќта на убедувањето е всушност претерано и насилно наметнување на нечие мислење.
 
Кога сум мотивирана и кога нешто навистина сакам да го направам автоматски си ја активирам и моќта за убедување која не е мала.
Најчесто сум сепак демократ кој остава простор да го исслуша и другиот (да ги чуе неговите `аргументи`). Значи не удирам слепо на вршење на притисок и исклучиво задоволување на мојата позиција. Фер сум, и одтаму не можам да се пофалам со голема моќ на убедување. Можеби ми фали малку повеќе тактика во замена на она што значи вршење притисок врз индивидуата бидејќи се се сведува на тие два `начини на игра`. Треба да учам да подлажнувам. :uvo:
 
Ај, ај и јас да се пофалам на темава. :)

Имам моќ на убедување, голема, и обично луѓето што ги убедувам ги наведувам да мислат дека она е тоа што тие го сакаат, а не дека се лесно изманипулирани.
Обично тие луѓе ги сметам за слаби, потпаѓаат под влијанија, и голем минус имаат кај мене. Почитувам луѓе што стојат зад своите ставови. :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom