Моќта за убедување кај мене ја активирам во моменти кога тоа навистина е потребно и кога мислам дека оној што треба да го убедам заслужува такво внимание. Никогаш не ми се случило некого да убедувам со сила, едноставно оној момент кога ќе осетам дека убедуваниот тера инает или пак не е заинтересиран, јас прекинувам. Но има еден друг, би рекол поинтересен феномен кој почесто ми се случува, а се состои во следното резултатите од некои мои убедувања се потврдуваат покасно како на пример: во моментите кога во дискусија со некого, таа излезе од контрола заради инает на лицето кое го убедувам (инаетот често е резултат на комплекс на виша вредност на тоа лице), покасно истото тоа лице во скриена форма полека покажува дека јас сум бил во право со моето убедување. Оттука би рекол дека многумина немаат елементарна култура или доблест да прзнаат дека понекогаш не се во право, па затоа честопати се добива впечаток дека моќта на убедувањето е всушност претерано и насилно наметнување на нечие мислење.