Како се однесувате кога сте некаде на гости? Слободни сте како да сте по дома или сте примерни гости? Да ви дообјаснам ... се шетате каде ви се сака, отварате каде ви се сака да ѕирнете што има па и да се послужите пр. ако станува збор за фрижидер, останувате без осет до кога ви одговара, си менувате канали што вас ви се свиѓаат или па се воздржувате од вашите потреби и за све културно прво си прашувате дали смеете или па воопшто ништо од тоа не правите?
Правите разлика во однесувањето кај поблиски и подалечни луѓе?
А од друга страна како сакате кај вас дома да се однесуваат гостите?
Поштовате слобода од нивна страна или ве нервира ако ја имаат?
Како се поставувате ако од гостите го добиете однесувањето што не ви се допаѓа ... ги опоменувате ако се преслободни или им нудите слобода ако не се?
Итн, итн, итн