И мојата соба е мојот свет.
Скоро половина некогаш и повеќе од денот го поминувам во неа,ги сакам сите работи кои што ги имам внатре,кои што ја прават баш таква каква што е..уникатна и поразлична од останатите.
Уредена е според лично мојот вкус,по мои желби и потреби.
За викенд е најчесто цакум-пакум средена затоа што имам вишок слободно време кое што го користам и за нејзино зачистување,а преку недела чат-пат,најчесто не.
Тогаш на столот имам безброј парчиња облека кои што ми стојат фрлени така,на бирото тетратки и книги,а креветот не ни имам време за да го наместам па затоа најчесто преку недела е прилично несредено и хаотично.
Како и да е,без разлика дали е средена или не,таму имам се` што ми треба и никогаш не би ја сменила за ништо.