Мојата соба - мојот свет?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Мојата соба е место каде што цел ден го поминувам во неа и пред мојот комјутер.Можам да кажам за мојата соба дека е моето катче.
 
За жал ја делам собата,не е некој мој интимен простор,каде што можам да се опуштам максимално и да правам шо сакам,иако имам толку многу идеи за тоа као би ја уредила и каква би била..се надевам наскоро ќе ми се оствари и таа желба,пошо сепак е катче каде секој млад човек го минува најголемиот дел од времето,место кај шо си свој,правиш шо ти душа сака-тоа е твојот свет..:wink:
 
Мојата соба светот на мене и брат ми -_-
 
Мојата Плава соба е секогаш во неред како и самиот јас.
U2 имаат направено песна за мојата плава соба. слушнете ја.
 
Собата е мојот свет, пред една година ја реновиравме и преубава ми е :pipi:

Не ја делам со никој, не ми е секогаш средена, сакам повеќето работи да ми бидат на дофат. Некогаш дури и со триста работи на бирото ми изгледа симпатично.
Обожавам да ја надополнувам, лани ги шарав ѕидовите со темперни ( по цртањето сум, баш супер испадна ), имам голем портрет од мене, некогаш ќе видам некоја интересна порака или сликичка на нет, па ќе ја сместам некаде во собата. По продавнициве кога ќе видам некоја ситница во иста боја и одма: "колку убаво ќе се вклопи ова во мојата соба!"
Го поминувам скоро цело време во неа, имам се што ми треба внатре и едноставно си ја обожавам собата. :smir:
 
И мојата соба е мојот свет.
Скоро половина некогаш и повеќе од денот го поминувам во неа,ги сакам сите работи кои што ги имам внатре,кои што ја прават баш таква каква што е..уникатна и поразлична од останатите.
Уредена е според лично мојот вкус,по мои желби и потреби.
За викенд е најчесто цакум-пакум средена затоа што имам вишок слободно време кое што го користам и за нејзино зачистување,а преку недела чат-пат,најчесто не.
Тогаш на столот имам безброј парчиња облека кои што ми стојат фрлени така,на бирото тетратки и книги,а креветот не ни имам време за да го наместам па затоа најчесто преку недела е прилично несредено и хаотично.
Како и да е,без разлика дали е средена или не,таму имам се` што ми треба и никогаш не би ја сменила за ништо.
 
Собава ја делам со брат ми,така да не си е само мој свет(освен кога не е тука).
За уредување оставам на брат ми,а за средување остават тој на мене.
Шо е најтрагично некогаш ми се дери ако му го суредам креветон оти појќе го сакал кога бил растурен пубо му било:nesvest:
 
Обично сум во кујна, дневна но најмногу во ВЦ.

Одам во мојата соба само за спиење.
 
Во мојата соба сум постојано ...мислам во неа го поминувам времето коа сум дома ....посебно зимово кога помалку шетам..
тука ми е PC-то сараунд за музика .телевизор имам се нема потреба да сум во друга соба
само за јадење одам во дневна или во куња:vozbud:
 
Само на спиење си одам во мојата соба. Имам ремек дело телевизор од седумдесеттите, и кревет. Не ја сакам својата соба. Си седам во дневна цел ден, потопло и поудобно е.:pos2:
 
Мојата соба.. всушност ни јас не знам која е мојата соба: дали е онаа во која спијам и низ која поминувам само да се пресоблечам бидејќи во неа ми стои целата облека (препорачливо е секој да не влегува во неа затоа што често знам да не ја средам :kesa: ) , или пак онаа во која ми стои компјутерот и во која поминувам голем дел од денот, тоа е собата во која често си гледам ТВ :tv: и собата во која седам со другарите кога дојдат на гости, соба од која не сум видел поубаво средена :baeh: ... значи имам ако мојата соба е мојот свет, тогаш имам 2 света :smir:
 
Дефинитивно таму е мојот свет.. Таму е речиси се што имам..
Скоро никогаш не е средена:kesa:.. меѓутоа само кога е таква можам да најдам се што ми треба :toe:
 
Во мојата соба имаше слика ставено голема,налик оние на тито и сталин,ама после саботажата која му ја извршив на брат ми(му ја избришав ПЕС2008):vozbud:

он се искоси и ми ја кутна сликата...и така на империјата и дојде крај:(

сега компромис:toe:

But the empire will strike back.....AGAIN:zlo::zlo::zlo::kafe:
 
Мојата соба е мојот универзум по цели денови сум во неа, сите работи што ги имам во неа се подредени и се приказна сама за себе, едноставно не можеме еден без друг со мојата соба.:vozbud:
 
Дефинитивно собата е мојот свет. Во неа го поминувам поголем дел од денот, имам се што ми е потребно и си ја средувам како што јас сакам. Секогаш јас си ја чистам, иако некогаш е и несредена:kesa: мајка ми знае да се понуди да ми ја среди, но секогаш одбивам затоа што знам дека се ќе ми размести и дека подоцна пак ќе треба се да преместувам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom