Мојата соба - мојот свет?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Еве сум во мојата втора соба, ја нема веќе старата.
Е оваа соба е стварно мојот свет :) Секаде има реципроцитет, се е скоцкано и се знае редот кое каде треба да стои. Омилените џиџи миџи си ги гледам цело време и секое си има своја приказна, само мака ми е што сите книги не си ги зедов, ама добро. Тука ми се двата пц, тв кое не го не вклучувам и мојата тераса која си ја обожавам. Среќна сум во оваа соба, не дека не бев во првиот дом, али претходната соба беше дел од моето детство кое не беше розово. Сега оваа соба е дел од мојата младост која си ја сакам најмногу и уживам во неа.:pipi::helou:
 
ко ќе сум дома сум во мојава соба, единствено одам во дневна за да јадам и ус јадење да гледам тв... инаку овде си сум...:pipi:
иако е ко бомба да имат паднато, и се спремам едно 2, 3 недели да подсредам али убо ми е...:pipi:
 
како бомба да паднало иначе не ја делам собава сеа пак не е до толку растурена пред 2 месеци беше хаос не се влегуваше дека избори ова она :je:
 
Aко мојата соба е мојот свет, значи, јас живеам во пустина, оти тука е 100 степени.
 
:helou:Мојот стан е мојот свет ,сакам да е уредно и се нервирам кога не се сите работи кај што треба да бидат ама и мене ми се случува да оставам неуредно зависност од тоа како сум расположена иако се нервирам од тоа . Инаку сега многу повеќе време поминувам во него, ги тргнав сите џиџи миџи за да можам полесно да го одржувам со еден збор го сакам:smir:
 
умм...не..

јас си ја делам собата со брат ми (pesky little guy, that annoys me a lot)
 
Па моментално ја делам собата со брат ми ама мојот дел дефинитвно може да се рече е мој свет, тоа одма се приметува :)
 
Не поминувам многу време во мојата соба пошо компјутеров е во собата од сестра ми и најчесто кај неа всоба сум.Иначе уредена е по мој стил зелени ѕидови,жолти шкафчиња таква постелнина некој мечиња и сл.Ја чувствувам ко свое катче ама по малце.Иначе мразам некој всоба да ми влегвит ко ќе сум јас таму сакам приватност да имам :smir:Иначе како бомба да паднала е
 
не ја делам собата со никого само моја си е, лани си ја уредив по мој вкус онака како што јас ептен си сакам.Летно време сум целосно во мојата соба ама сега не седам баш по цел ден .Од понеделник до петок ми е ептен несредена насекаде има еден куп книги ама за викенд ја ставам во ред:toe:
 
Ехххх, беа тоа времиња кога бев сам во собата...
Е сеа како што глеам ја сум посебен случај, повеќето ја делат со братот/сестрата, а ја со дедото...:nesum::nesvest: шо да праиш коа ти влета туку така... демн ит...

Инаку да, додека бев сам, искрено водев свој живот во неа... јадев, спиев, играв, слушав музика, лудував буквално...
Средена беше по мој вкус, али обоена по вкус на мајка ми шо и ми сметаше малку, али се соземав со таа реченица оти за ѕидовите мајка ми душа дава...:zver:
Бев во неа значи 24/7 т.е. 30/12 т.е. 365/24 што значи бев во неа 100%, нормално освен времето поминато морално надвор ради морални надворешни обврски... царство мое беше таа... се и сешто правев во неа и никад не ми беше досадно во неа... прилично мала собичка едно 4 на 3 беше, во неа сместено креветот, компјутерот, едно шкафче врз кое имаше еден куп книги, и едни фиоки каде шо имаше уште еден куп книги... нејќев да ја претупанам, баш онака чил... секогаш вратата затворена и уживав внатре... а да, и да не го заборавам ѕверскиот натпис на надворешната страна од вратата кој гласеше "Чукни, па ако ти е дозволено влези, а ако не тренирај брзо одење..."

А моменталната состојба ми е во поголема, многу поголема соба од таа што ја имав... ама ништо не е по мој вкус... во неа сум само едно 10% од денот... другите 90% де сум во дневна или денот го минам надвор од дома... центар, факс, омилената фурна позади универзална сала, карпош 1 и 2 и валјда тоа ќе да е... :pos: мислам, не безделничам него си вадам обврски за да не бидам дома и тркнувам и ги завршувам најчесто овие дестинации... :)

Кога бев сам собата се повеќе ми личеше на свињарник... зашто што се не немаше во неа... де тањири оставено од брзање или од премногу опуштање, де чаши... де некој чипс отворен (обично испред пц-то), де нераскренат кревет и шо ти уше не... али после тоа секогаш секојдневно ја средував после школо или пред да тргнам во школо кога бев 2ра смена особено кога ќе најдев нешто повеќе слободно време... музичето и правец чистење... секогаш сакам да ми е чиста, али исто сакам да ми е и многу растурена, измеѓу не поднесувам... или ќе е премногу растурена или ич...
А, сега веќе е се растурено... не сум сам и немам никаква желба да потсредам малку, па сирота мајка ми ќе чепне нешто ќе досреди...
Моментална состојба како што приметив последнава недела... сите можни книги и тетратки што ми се, се наоѓаат на масата и испод масата, па кога станувам од сабајле само глеам шо имам тој ден на распоред пружам рака и зимам што ми треба... :pos:
Викендите потсредувам тоа масата само... таа е најтрагичната за мене... и да нормално алиштата купишта кои од секад ми се наоѓале на креветот, и по кои мајка ми 10 години секојдневно ми вика "кога ќе дојдам од работа сакам алиштата да ти ги видам средени, инаку ќе ги џитнам!" :pos:
Тоа е тоа... нема што повеќе да кажам... мислам оти се приметува оти уживам кога сум сам во соба и оти таа е едно нешто без кое не би можел целосно да функционирам... ептен ептен уживам кога сум сам и кога целата соба е само за мене, знам тоа збучи ептен себично, ама тогаш чувствувам оти го имам целиот свет само за мене :)
 
Кај мене собата е моја приватност и нема многу влегување,секогаш е тип топ и се е на место,прилично владее црвената боја ,размислувам и црвена да ја фарбам али тогаш ке се чуствувам како да сум во пеколот или некој бордел .хахаха:vozbud::vozbud:
 
Така нешто. Уствари поголем дел од времето дома у соба го поминувам пошто нели и компљуторот ми е тука xD
 
Собата ми е како мене - хаос. И успевам да го направам за пола саат. Во моментов расфрлани се триста работи - од кабли и топки до книги и џамлии. :kesa:Важно мене супер ми е. :baeh:
 
Си ја обожавам собата!
Ретки се тие кои имаат дозвола да влезат внатре, и тоа е секогаш во мое присуство.
Секогаш ми е средена и уредно наместена, со исклучок на сестра ми која баш и не води грижа за тоа многу!
Ама си ја сакам најмногу, скоро никогаш не седам во дневна туку кај мене во соба затоа што многу ми е мила и убаво се чувствувам во неа!
 
Мојот свет го делам со уште четири суштества, од кои две се животни. :icon_lol: Цел живот го терам татко ми да ја подели заедничката голема соба на две помали за да си бидам сама... Ама веќе се навикнав на немање приватност, тепачки за компјутер, спиење со уклучен телевизор, бркање од соба кога ќе ми дојдат гости и слично.

Уживам кога мојата соба е во благ хаос, зошто совршена педантерија ме нервира и прави да се чувствувам стегнато и ко на туѓ терен. :) Но нажалост секој хаос кој ќе го направам јас, набрзо потоа сестра ми во два потега ќе го среди, зошто е опседната со чистење. Исто така е и опседната со разместување на распоредот на собата најмалку на секои 3 месеца, што ужасно ме нервира, зошто мене ми се свиѓа таква каква што е и не сакам постојано да се менува. Таман сум се навикнала бирото да биде до терасата, она ќе ми го премести до вратата... :tapp:

Во мојата соба телевизорот е 24 часа уклучен иако ретко кој го гледа. Мојот кревет е забутан во најтемниот ќош од собата зошто сакам да спијам во пригушлива темнина. Бирото е мое царство, зошто на него е компјутерот и предметите околу него се така наместени за да би можела да ги кренам нозете во вис и да се опружам на столче дур си сурфам. :icon_lol: На ѕидовите е отсликана креативноста на помалата сестра од времето кога веруваше дека има талент за цртање, во рамките на полиците има слики од мачорот, кучето, зетот Ацко. :icon_lol: Собата секогаш е топла и убаво мириса, се чувствувам пријатно во неа.

Уште да беше лично мој свет, дупло повеќе ќе уживав...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom