Моден блог

  • Креатор на темата Креатор на темата ketiii
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
5 април 2011
Мислења
3
Поени од реакции
1
Веб-сајт
ketiscloset.blogspot.com
Здраво дечки!
Пред некое време отворив моден блог на кој пишувам за последните случувања во модата, модните трендови и постирам слики од мои комбинации.

http://ketiscloset.blogspot.com/

Ако некој друг има блог поврзан со модата, споделете го =)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Џ.
Неинвентивно.
 
Па пиши нешто бе, совети нешто дај не само слики.Иначе добра идеја ама на google сите знаат да побараат и да најдат слики.Стави мислења, ставови твои совети и мислам дека ке биде по комплетно така и ке остави подобар впечаток.А може на некого и ке му помогне јбг...
 
Можеш да направиш нешто како слики од облека/накит/чевли која ја има по нашиве продавници, со цената. Тоа го има во списанието Unique ама ти на веб-сајт имаш поголеми можности.
 
Како идеја е супер, само ставај повеќе текст и по можност на македонски јазик :)
 
Го отворив блогот од љубопитност, пошто ме интересираат македонски блогери.
Првенствено честитки и браво за идејата :)

Е сега, прво нешто што ми падна во очи е дека блогот ти е на англиски. Со тоа ќе имаш посетители од странство, но ќе мора да се потрудиш да бидеш посебна во нешто, затоа што модни блогови на англиски јазик има мал милион. Македонци помалку ќе ти го читаат, затоа што од сопствено искуство (имав и јас блог на англиски), не љубиме баш да читаме текстови на англиски јазик. Има безброј работи за кои може да пишуваш, како што ете Срце погоре ти спомнала облека што ја има во наши продавници, и не се фрустрирај од почеток ако немаш посетители :)
 
Ви благодарам за коментарите и предлозите, секогаш се добредојдени. Секако дека понатаму ќе има и производи од наши продавници и повеќе совети и сл. А за македонскиот јазик сега за сега не е возможно поради тоа што Адсенс не го подржува нашиот јазик. Задоволна сум како ми иде до сега, со огледа на тоа што блогот постои само 15-тина дена.
 
и јас пред некој ден почнав блог , ќе постирам повеќе за мода и убавина но и за други секојдневни теми. па можете да го разгледате и да ми дадете некои предлози. и ако се нафати некој да ми помогне во дизајнот би била многу благодарна :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom