Моден блог

  • Креатор на темата Креатор на темата ketiii
  • Време на започнување Време на започнување
Еве еден моден блог. Како се облака девојкава, секоја чест.
 
Поздрав до модните блогерици.
Во овој бизнис, важно е да си прв во село, а не последен во град.
Имам забелешка што пишувате на англиски јазик. Блоговите треба да ви бидат на македонски, или барем да бидат двојзаични. Тогаш ќе имате публика во Македонија, па со тек на време ќе ве канат на модните ивенти, од каде ќе известувате.

Мислам дека е многу поубаво да имате малку повеќе текстови, да не ви се сведува блогот само на лепење сликички.
Вака блоговите ви личат како јајце на јајце.

Денешните девојки имаа голем проблем со вишокот колограми. Не е лошо да правите комбинации кои ќе им ги истакнат очите, а не стомакот :)

И се разбира, тоа е скап спорт. Колку што знам, ако сакате да бидете успешни, треба да постирате секој ден. Секој ден да постирате слики со ваши комбинации на облека, а не копипејстани од Харперс Базар.

Ако ви е читан блогот во Македонија, ќе може да имате и спонзори на блогот. Оти што му значи на некој што има бутик во Скопје, ако некој од Сингапур ви го чита блогот?
Прво тука, после Париз :)
 
Нов блог за мода. langelina има се како што опиша ти, и тоа ме мотивираше да го поставам тука. Сите цртежи и сите креации се нејзини, плус фотограф и е близок пријател, па имаме невидена комбинација :)

https://www.facebook.com/Intogospot

http://intogoblog.wordpress.com/
 
Да појаснам. Мене мода не ме интересира ИЧ.
Си давам за право да зборувам за модни блогерки, оти ако јас ги знам блогерките од соседството и ми е интересно да ги ѕирнувам нивните блогови, тогаш нема кој не ги знае.

За мене отворањето моден блог не е за да се билда егото, туку да се спои корисното со убавото. АКо некого го занима мода, ако прави интерсни комбинации со облеката, зошто и да не профитира од тоа?
Замисли некоја уредничка на Вог или на Ел да се занима да отвори македонска верзија на списанието и праша која е најпозната и највлијателна модна блогерица?

Која е? Оваа девојка сигурно не е. За жал, во Македонија нема таква. Не значи дека нема да биде.

Според мене, најважно е да се освои домашната публика. Да се постираат комбинации кои ќе ги гледаат девојките и жените во Македонија, да се наметенеш со својот стил, да диктираш мода, да сакаат да бидат како тебе, а не да биде на ти го, дај ми го. Ти коментираш кај мене, а јас кај тебе. Тоа е затворен круг.

Не можат нашите девојки веднаш да се натпреваруваат надвор, особено што ни англискиот не им е перфектен. Треба внатре, во Македонија да си направат име.
Во Македонија да одат на мода ревија, а не во Милано.
Од Македонија некој ќе им плати реклама на блогот, а не некој од Италија.
Модинте блогерки попрво би добиле простор во Теа Модерна, отколку во Мари Клер или како се викаше веќе списанието.

Поздрав
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom