Нема поптолно да го тврдам мојот пост од проста причина што сеуште сум немал можност да ги тестирам услугите на Космофон. Ќе се задржам на привилегиите кои ми ги овозможува Мобимак. Да разјасниме - ги користам услугите на Мобимак Моби Елита - пост-пејд тарифниот модел. Претплатата е најскапа (800 денари, од кои 500 слободно можат да се искористат за разговори), но затоа пак можете да уживате најголеми привилегии. Цените, за разлика од другите тарифни модели, како и од при-пејд системот се значително помали, па затоа и многу ретко праќам пораки - почесто телефонирам. Сум имал можност и сум користел и при-пејд и пост-пејд пакет и слободно можам да тврдам дека пост-пејд пакетите на Мобимак се значително подобри од при-пејд. И во однос на цените, и во однос на сите дополнителни услуги и месечни попусти. За разлика од Космофон, (не сум во тек со новостите на Космофон) Мобимак поддржува голем број од можностите на мобилните телефони, што не можам да го речам за Космофон. До пред малку, не можеше да се испраќа ММС порака кон корисник од Космофон. ГПРС интернетот беше неовозможен и на корисниците на Космофон им беа скратени голем број на можности кои ги нуди Мобимак. Повторно ќе речам, не ме држете за збор оти не сум запознаен со најновите достигнувања на конкурентската компанија на Мобимак. Значи, јас сум за Мобимак.