Млади фудбалски таленти - Македонци!

  • Креатор на темата Креатор на темата Ddime
  • Време на започнување Време на започнување
Не знаев кај да го постирам видеото, голот на Ренова некаде 1:16
 
Дарко Чурлинов е топ играч, ги прави партали, моментално игра за Вардар. Пред Нова Година го пратеа доста скаути од Холандија и Германија а на лето, најверојатно ќе замине во Келн или Леверкузен.

Ако продолжи во ист ритам, дефинитивно ќе биде клучен играч во репрезентацијата, освен ако не се одлучи да земе друго државјанство :)

 
^ Јас знам дека малиот е у Работнички, ова дека игра у Вардар првпат од тебе слушам. Нема шанси Мрме да пропушти талент, поготво талент како Даре :)
И кога ќе прочитам негде „малиот Меси“ ме фаќа зорт, општо за сите. Било кое дете да отскокнува од останатите од негова генерација, одма право новиот Меси, новиот Роналдо, што ги палат уште од мали години незнам.

А и што има едно детенце у Вардар, баш сеа на утакмицава со Шалке го приметив, на полувреме играа на 2 гола, Вардар вс Работнички, петлиња беа ваљда, и малиот уште од старт се гледа дека е опасен. Едно 7 години највеќе да има, левак, најнизок на терен, а најопасен. У два наврата какви само паметни паса даде со глава, алал да му е.
Не му знам ни име ни презиме, ама ќе му го слушнеме името за 4-5 години, гарант, налик нешто на Чурлинов :)
 
^ Јас знам дека малиот е у Работнички, ова дека игра у Вардар првпат од тебе слушам. Нема шанси Мрме да пропушти талент, поготво талент како Даре :)
И кога ќе прочитам негде „малиот Меси“ ме фаќа зорт, општо за сите. Било кое дете да отскокнува од останатите од негова генерација, одма право новиот Меси, новиот Роналдо, што ги палат уште од мали години незнам.

А и што има едно детенце у Вардар, баш сеа на утакмицава со Шалке го приметив, на полувреме играа на 2 гола, Вардар вс Работнички, петлиња беа ваљда, и малиот уште од старт се гледа дека е опасен. Едно 7 години највеќе да има, левак, најнизок на терен, а најопасен. У два наврата какви само паметни паса даде со глава, алал да му е.
Не му знам ни име ни презиме, ама ќе му го слушнеме името за 4-5 години, гарант, налик нешто на Чурлинов :)

Чурлинов замина од Работнички во Вардар заедно со Павел Неделковски и другиот, го заборавив како се викаше... И не само тој, туку уште неколку млади фудбалери од таа генерација отидоа од Работнички во Вардар :D Инаку, на полувремето и малиов играше, за Вардар, речиси цело време стоеше скрос напред и чекаше топка ама знаеше да се врати и назад да ја повлече акцијата...
 
Топ чим е у Вардар :D Ќе има лапачка на негово име, само нека остане уште едно 7-8 години кај нас и супер! :)
Обично во минатото Работнички биле тие што ни ги краделе децата, и сеа ова чудно ми падна. Им ги наплаќаме долговите :icon_lol:
Значи и Даре играл полувреме на утакмицата со Шалке, ама баш ич не го заприметив...
 
Магазин ЕКИПА: Момче Македонче проценето на 3 милиони евра
Екипа Прва лига
12.08.2013 10:03



Фудбалските стручњаци ширум Европа одамна знаат за Дарко Велковски. Овде во Македонија, многу работи најдоцна се дознаваат, но сите кои барем малку се интересираат за македонскиот фудбал, дефинитивно веќе слушнале дека тој е еден од најголемите таленти од овие простори, во последната деценија. Се рзабира, не ги забораваме ниту Горан Пандев, ниту Ацо Стојков, а, како тргнало, може и Дарко Велковски многу лесно да го следи нивниот пат и многу брзо да се пресели на „Џузепе Меаца“. Зошто? Затоа што е голем фудбалски талент, а скаутите на Интер го следат веќе подолг период и веќе е проценет на околу 3 милиони евра.



Во најновото свое издание магазинот ЕКИПА ја пренесува комплетната приказна за фудбалскиот раст на момчето за кое покрај Интер е заинтересиран и англискиот премиерлигаш Арсенал, а веќе беше дел од тренажниот процес на два европски клуба, Зенит од Санкт Петербург и португалска Бенфика. Иако, Интер е некако најконкретен во разговорите, го признаваат тоа и во неговиот клуб Работнички.



„Камо среќа да се случи таков трансфер, што ќе даде Господ тоа нека биде, јас не се оптоварувам, мое е да работам, вредно да тренирам и да играм фудбал најдобро што знам. Другиот дел им го оставам на луѓето од клубот, тие најдобро знаат до каде е работата околу преговорите, па и да не биде ова лето, не се разочарувам“ – вели Дарко Велковски, младинскиот репрезентативец на Македонија и веќе две години стандарден член на „романтичарите“.



Но, многу повеќе детали за досегашниот тек на кариерата на Дарко Велковски, неговите размислувања и визии за идните насоки може да прочитате во најновиот број на спортскиот магазин ЕКИПА, кој веќе е во продажба во сите киосци во земјава.

http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=19501
 
Фала им многу на Екипа што го открија овој играч, не бевме запознаени. Кој е луд да даде 3 милиони евра за играч директно од наше првенство :D Не е точно дека од Интер биле заинтересирани за него, туку бил понуден на Интер.
 
Дечкото има квалитет за негова возраст да игра во странство, барем од тоа што сум имал можност да го видам од него, но имам чувство дека ептен се префорсира по медиумите и му се ствара притисок врз него, нешто што се правеше како за Славкоски на пример. Се надевам дека нема да заврши како него барем.
 
Фала им многу на Екипа што го открија овој играч, не бевме запознаени. Кој е луд да даде 3 милиони евра за играч директно од наше првенство :D Не е точно дека од Интер биле заинтересирани за него, туку бил понуден на Интер.

Не ни тоа точно дека бил понуден на Интер ;)
Тоа дека Интер бил заинтересиран за Даре е чиста измислица на Игор Ангеловски, до вчера што се вика спортски директор на Работнички, денес нивни тренер.

Така барем изјави Поповски, газдата на Работнички, дека немало никаков интерес од Интер ;)
 
С.Георгиевски игра за ЦСКА У19 денеска со Баерн Минхен во младинската Лига на Шампиони даде и гол. Некое наше дете е ова?
 
Околу Дарко Велковски,од она што сум го видел на Јутјуб, дечкото е солиден играч. Ми делува и како тип што одлично ја прати играта на теренот, значи добро ја разбира тактиката, има фудбалска интелигенција. Одземањето топка исто му е добра страна, прави доста чисти стартови. Има физичка цврстина, не му се одзема лесно топка, користи и финти. Но, освен следењето на играта, она што ми остава најголем впечаток е тоа што знае да дава употребливи длабински топки, по воздух и по земја, знае добро да ги пронајде соиграчите. Е, мислам дека е бавен, нема брзина во него, барем така ми делува. Тоа би му претставувало проблем на кој што треба да поработи, а истотака не знам колку е кондициски спремен. Сума сумарум, има иднина типчето.
 
Дарко Глишиќ
--- надополнето: 6 декември 2013 во 03:27 ---
Дарко Глишиќ
 
Фото: Реџеп Курт од „Академија Пандев“ тренира со Наполи



Според информациите Реџеп Курт ги воодушевил тренерите на италијанскиот калчолигаш.Реџеп Курт ќе биде вклучен во 5 дневен тренажен процес со Примавера Тимот на Наполи. Поканата е од Наполи до „Академија Пандев“ од страна на менаџерската агенција која го застапува Пандев и директорот на Наполи Рикардо Бигори“ изјави за „Спорт365“ координаторот на младинските категории на „Академија Пандев“, Југослав Тренчовски.
Тренчовски дополни дека покрај него и Реџеп Курт, во Неапол се уште и тренерите од „Академија Пандев“, Димитар Андреев и Панче Стојанов. Сите ќе го следат еднонеделниот тренажен процес на младите категории во Наполи.
Според информациите Реџеп заедно со своите тренери го следел синоќешниот натпревар на Наполи против Арсенал во рамките од Лигата на Шампионите како и на младите тимови меѓу истите екипи на кој настап имаше голманот на Арсенал, Дени Илиев.

Во недела ќе го гледаат сите заедно дербито во Италија меѓу екипите на Наполи и Интер.
На фотографиите можете да го видите Реџеп Курт на првиот тренинг со Наполи Примавера тимот.
Извор: sport365
http://www.strumicadenes.mk/фото-реџеп-курт-од-академија-пандев/
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom