Митското чудовиште Набау

  • Креатор на темата Креатор на темата Дамјан_Amstaff
  • Време на започнување Време на започнување

Верувате ?

  • Да

    Гласови: 2 40,0%
  • Не

    Гласови: 3 60,0%

  • Вкупно гласачи
    5
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Селаните кои живеат покрај реката во Борнео стравуваат дека фотографијата направена неодамна од мистериозната "змија" долга 30 метри е всушност чудовиштето од Набaу кое оваа област со генерации ја живее таа легенд. Тоа митско чудовиште имало глава на змеј, седум ноздрви и можело да го менува својот облик во различни животни.
nabau-2.jpg

Имено, тим на спасувачка служба неодамна направила неколку фотографии на реката од хеликоптер. Сликите предизвикаа бурна дебата поради нивната оригиналност. Дури и почитуван весникот "New Straits Times" од Куала Лумпур ги повика своите читатели да проценат дали станува збор за фотомонтажа.

Луѓе кои ги проучувале сликите рекоа дека е исклучена можноста "змијата" всушност да биде дрво или пак моторен чамец поради закривениот облик на објектот.

Критичарите сметаат дека се работи за професионална фотомонтажа. Меѓутоа, селаните кои инсистираат дека и самите ја виделе змијата, истакнуваат како истото чудовиште и порано го забележиле како плива во различни делови на реката.

Во почетокот на февруари оваа година археолози во Колумбија пронаше остатоци од огромна змија долга 15 метри која била тешка 1,25 тони и живеела во прашумите на Јужна Америка.

nabau-3.jpg


Па ?
-Мое мислење ? Првата слика според мене е фотошоп , а второ доколку би постоела таква огромна змија би имало и човечки жртви...
 
Еве ја сликата после која излегоа и останатите приказни:

zmija.jpg


Мештаните кои живеат во близина на реката Балех на островот Борнео, почнаа да веруваат во постоењето на митското суштество Набу, откако во јавноста излезе фотографија која потсетува на гигантската змија.

Фотографијата ја снимил член на контролниот тим за следење на поплави во регионот и веднаш потоа почна дебатата дали тоа е вистинска снимка или само фотошоп.

Според легендата, страшната змија, долга 30 метри и со глава слична на змеј, го добила името по древната морска змија која се трансформирала во различни животни, а се хранела со крокодили.

На почетокот од месецов, научниците открија фосил а змија убиец, која била подолга од автобус, со тежина на помал автомобил, а можела да проголта животно во големина на крава. Чудовиштето долго околу 15 метри, кое е наречено Титанобо, се хранело со крокодили и големи желки, а живеело во тропските шуми на Јужна Америка пред 60 милиони години.

извор А1
 
Премногу фејк. Змијава ми личи на филмот "Anaconda the hunt for the blood orchid"
ЛОЛ, ти ја отвори темава бе дете, мое е да ја проширам со она што е/било најактуелно за развојот на истата. Нели можев и јас да плеснам фејк во втор пост и да ја испратам по ѓаволите?
 
ЛОЛ, ти ја отвори темава бе дете, мое е да ја проширам со она што е/било најактуелно за развојот на истата. Нели можев и јас да плеснам фејк во втор пост и да ја испратам по ѓаволите?

Да фала што ми помогна околу темава но зборам за сликата , мојата може некој ќе се запраша но оваа...
 
Има во амазон доста големи анаконди, имам гледано на емисии, ама не до толку како на фотографиите:toe:

А ова.....
С Тоа митско чудовиште имало глава на змеј, седум ноздрви и можело да го менува својот облик во различни животни.
:vozbud::vozbud::vozbud:
 
Да фала што ми помогна околу темава но зборам за сликата , мојата може некој ќе се запраша но оваа...
Подфорумов е Мистерии првична намена му е да ги направи тие кои го читаат да се запрашаат :) ...живееме во свет кој сеуште не го познаваме, во тела кои сеуште не ги познаваме, а уште помалку ја знаеме својата душа и енергијата која ја движи или не движи.

Доста беше од мене и тебе... нека пишува некој друг сега.
Има во амазон доста големи анаконди, имам гледано на емисии, ама не до толку како на фотографиите:toe:

А ова.....
:vozbud::vozbud::vozbud:
неписмен народ, на граница со полуписмен... легенди, чудовишта, колку душа ти сака.
 
Не да е ФЕЈК , EPIC FAKE е .. Погледни дрва , погледни змија ... Толкава змија да плива низ "волкавка" река ќе направи цунами , ќе има големи бранови , околу неа и зад неа ..
 
Првата слика не ми личи на веродостојна (моја субјективна преценка) од повеќе причини.

- змијата е цела над водата шо не е случај со водните змии. Тие обично излегуваат само со главите на површина, а оваа е скроз цела те со цело тело на површината. Пр.

4-25_canal_water_snake_ps_rz.jpg


- змијата е оптегната права и нема знаци за движење. Водните змии се придвиживаат низ водата со формирање на единечна или множествена S форми. Пр.

northernwatersnake.jpg


- некако мал е просторот во кој маневрира, не оди по течение на реката, а баш ко да се наместила во профил на оној што ја сликал. Ми личи вештачки

За втората слика се гледа човек за споредба. Нема информации за тој што ја сликал и човекот што е до змијата?
 
мене таа првата ми изгледа полесна за монтажа отколку онаа на апокалипто...
 
Коа се збори за големи змии еве една фотографија која е направена во Конго. Се преценува дека змијата била долга над 15 метри

ep1104.jpg


Инаку имам роднина кој долги години е ловџија. Моите ми раскажаа дека им кажал дека еднаш видел огромна змија. Имала глава поголема од онаа на човек и со делот од телото со кој била исправена била висока ко човек. Не видел колку била долга пошто била во висока трева. Еднаш го прашав да ми раскаже нешто повеќе и да ја нацртам како би изгледала ама не сакаше. Можеби се плаши дека ќе го напраам будала, којзнае.
 
Инаку имам роднина кој долги години е ловџија. Моите ми раскажаа дека им кажал дека еднаш видел огромна змија. Имала глава поголема од онаа на човек и со делот од телото со кој била исправена била висока ко човек. Не видел колку била долга пошто била во висока трева. Еднаш го прашав да ми раскаже нешто повеќе и да ја нацртам како би изгледала ама не сакаше. Можеби се плаши дека ќе го напраам будала, којзнае.
Дека има големи - огромни змии и тука ги има, често тука се раскажува како луѓето кои работеле во полето ги бркал огромен смок... ама онака... буквално огромен, викаат дека живеел кај едно манастирче а знам луѓе кои го виделе пред нив... доволно голем за да може да седи исправено на висина колку човек.
 
Кај мене во Петровец , кај ливадите ми кажуваше братучед ми и други луѓе ми имаат кажувано за смокови со израстови како влакна на главата старите викаат дека тие се многу многу стари змии , кога ќе се затопли во лето ќе пробам да снимам нешто доколку се вратам жив сигурно постирам.
 
има големи змиишта гледаш какви се тоа прашумите, човечка нога нема стапнато со векови.
лани мислам беше со хеликоптер кога најдоа индијанци што немале никаков допир со цивилизацијата и почнаа со копјата да маваат на хеликоптерот. Чим тие можеле изолирано да живеат толку време, тогаш не ја исклучувам и можноста да има змиишта долги и по 15 метри.
за крај, штета што змијава не е во МКД, мамата ќе и ебевме до сеа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom