Apokalipto
Tredici
- Член од
- 4 март 2007
- Мислења
- 15.576
- Поени од реакции
- 2.586
Не ја носете темава накај Вонземјани и НЛО, има тема за тоа
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Е да, тоа е. Не знаеш што е вистина, а што е лага...Јас мислам дека денес се што и да гледаме и слушаме за НЛО, Непознати објекти се дел од нашата планета... Можеби пред нас биле некои мн понапредни цивилизации за коишто не ни знаеме. Можеби тогај се случила некоја масивна катастрофа и некои ја имаат напуштено нашата планета во потрага по други планети, и сега пуштаат некои летала за да ја надгледуваат состојбата на нашата планета или па се обидуваат да комуницираат со нас на некој непознат јазик со непозната технологија. Можеби сакаат да не предупредаат за нешто...
Ама добро, интересно е да се дискутира, и стварно за вонземјани, нло..., има друга тема.Не ја носете темава накај Вонземјани и НЛО, има тема за тоа
15 тона сателит.... Можно ли е на вести да се најавува како астероид кој е близу до земјата, но секогаш не промашува за малку (тогаш кога има можност да се види со помалку опрема) а всушност цело време е овде и не набљудува, можеби комуницира со СЕТИ, НАСА или некоја слична институција, а толку едноставно прикриен (прикажан на јавноста) како астероид. Мислам дека следната година Земјата ќе се „размине со астероид“ кој може да ја уништи и но само ќе прелета близу, дали ќе можеме да го видиме Црниот Витез со помалку опрема, во неговата вистинска форма, за која јавноста не е спремна да свати и се соочи со фактот дека сме набљудувани од друга интелигентна форма на живот, па затоа гледаме „Астероиди“
"Лебдечка извиткана тенекија од распаднат сателит? Quick, run for your lives!!!"
0/10
Браво за Темава имам нешто друго може да се каже во склоп со ова .... Нло . можеби...
и кај се наоѓала ... ? помеѓу Марс и Јупитер
Поим немам. Пренесувам како што беше пишано. Освен ако немале некаква технологија со која зумирале во доволна мера за да утврдат такво нешто, што за тоа време не ми е баш сигурно. За чудни работи околу Спутник 2 има повеќе отколку за Спутник 1. Само не знам како увиделе и кај Спутник 2 некој неидентификуван објект.
Па за да испрати аналоген сигнал (како што комуницираат deep space сондите) би требало да има голема антена. Дури и да ја испрати, таа порака би требало да е јасна доколку е уловена од Касини. Најверојатно се работи за аномалија предизвикана од Земјините радио предаватели...Не, не, тоа што кружи околу Касини не беше дека е следен од некој објект, туку дека со Касини фатиле некаква си трансмисија за која се мисли дека е емитирана од Црниот Витез (не знам од каде им е заклучокот - немаше објаснение зошто, ама дека имало некаква аномалија, имало, само некои ја атрибуираат на дивата радиација и електромагнетни прстени со одзив на неговите месечини, прави чудни емисии. Има нешто, ама не знам дали е поврзано со Црниот Витез.
Па астрономи и работеле на проективе. За да ги плаќаат помалку, работеле баш со астрономи аматери. Наводно објектов има елонгирана елиптична орбита, каде орбитира некое време околу Земјата, па се префрла на друга траекторија која го носи надвор од Астероидниот појас, и се враќа назад кај Земјата повторувајќи го тој процес во интервали (кои мислам дека не се еднакви), и се очекува да го има повторно во 2016/2017 година. Можеби е потребен моќен телескоп, или можеби го помешуваат со некој астероид (има неколку кои се сметаат за астероиди, иако имаат невообичаени карактеристики). Аматер лесно може да погреши.
Па аматер може да го фотографора објектот, тоа е најбитно. Постојат огромен број аматерски слики на ИСС, шатлите и многу други сателити. Не е лесно, но е изводливо.
Инаку за крајно елиптичната орбита... малку е чудно како би ја одржувал таа орбита на подолг временски период. Без употреба на гориво, тоа е дефинитивно невозможно. Со употреба на гориво, таа орбита не би ја задржал долго време. Без директна контрола, исто. Директна контрола е невозможна.
Што води до следните заклучоци:
1. Ако сателитот е од наводните антички предци, нема шанса да постои во таа орбита.
2. Периодот на орбити би бил крајно ограничен заради огромната елиптичност (грацитациите на Марс и Јупитер ќе го растргнат.
3. Потребна е директна контрола ако сателитот припаѓа на вонземјани, но не и доколку има некаква вештачка интелегенција.
Значи ова со орбитава ебава се... Доколку се работи за некоја стабилна орбита, тогаш поверојатни се многу објаснувања..