K
kat.<3
Гостин
колку ли нема ништо поубаво од мирот во човекот, иако можеби кратки се моментите во кои го чувствуваме тој, мирот,а толку значаен е за секого. секој ја бара смиреноста со верба дека еден ден ќе ја најде, но сите ја бараме во различни нешта, некој ја гледа во погледот на едни така искрени и длабоки очи, единствените за него, некој можеби во чистотата на водните лилјани.
нема да прашам дали е важен мирот за вас, зашто е важен за секој човек, но прашањето би било, како се борите против немирот во вас, немирот што денот го носи од своите далечни и неизвесни патишта, и во што ја барате смиреноста, ја наоѓате ли, и колку може да трае, иако веќе знаеме дека не постои постојан мир или постојана смиреност, и да ја најдеме ќе дојде моментот кога ќе ја изгубиме, за да ја најдеме пак, па и затоа што не е постојана и знаеме дека не можеме вечно да ја имаме, дека треба да веруваме за да ја најдеме пак, кога ќе си замине, можеби затоа и значи толку.

Е сега тука има и мала финта.Можиме да бидиме ,,ербапи,, и да кажуваме дека опцијата мир се граничи со некоја тешка форма на рамнодушност, дека потребата од адреналин ни се граничи со потребата од мир, дека мирот е една варијанта на која не сме навикнати. Ама потребата од вдишување на длабок воздух, неизбежната топла бања, релаксирачкиот кафе муабет, потребата од средување на мислите која не секогаш умееме да ја освестиме итн, за секој различно го говорат спротивното. А тоа е дека секој човек и покрај недостатокот на време, големиот број на секојдневни проблеми, проблеми кои го мачат треба да најде време за да се одмори, и време да си најде мир, секако ако сака подолго да поживее. Концепцијата на преангажирана, збуфтана и вечно нервозна личност никогаш не сум ја сметала за оптимална варијанта.
.