Милчо Манчевски ќе го снима "Како бебе" Во Мариово

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Режисерот Милчо Манчевски ќе го снима својот нов филм во живописната и недопрена природа на Мариово. Четвртиот филм на Манчевски "Како бебе" ќе се снима во селата Чаниште, Вепрчани, Кален по 20 септември. Во филмот ќе игра и прилепскиот академски актер Димитар Ѓорѓиоски.
За снимањето на филмот, Манчевски доби половина милион евра од македонскиот филмски фонд.. Освен во Мариово кадри ќе паѓаат и на други локации во Македонија. Директор на фотографија ќе биде Влатко Самоиловски, музиката повторно ќе ја работи Кирил Џајковски, костимите Елизабета Монталдо.
"Како бебе" Според нашите информации, ќе биде трилогија и ќе има играно-документарен карактер, што зборува за модерниот начин на живеење во поинаква Европа. Станува збор за три приказни, кои претставуваат пресек на човечки судбини или еден вид наша верзија на "Злосторство и казна" во 21 век. Филмската структура и жанрот се необични, со нови и инвентивни елементи.

ИЗВОР: Зенит.

Можеби требаше да го сместам во филмски вести, ама мое лично мислење е дека Милчо Манчевски како наш најдобар режисер заслужува посебна тема :toe:.
 
:helou:Да, ќе биде трилогија, првиот дел се работи
за две девојчиња што ќе обвинат невин човек дека е манијак
. Татко ми (Гоце Влахов) ќе глуми како таксист во истиот. Го иам сценариото дома, ама го читав само првиот дел. И се согласувам со тебе, Милчо е инзвонреден режисер.
 
:helou:Да, ќе биде трилогија, првиот дел
се работи за две девојчиња што ќе обвинат невин човек дека е манијак.
Татко ми (Гоце Влахов) ќе глуми како таксист во истиот. Го иам сценариото дома, ама го читав само првиот дел. И се согласувам со тебе, Милчо е инзвонреден режисер.
Смееш да изнесуваш во јавност вакви работи?
Иначе како и сите филмови на Милчо Манчевски, одвај чекам да го сними и да го гледам, и да добива многу награди и се по ред....
 
Секогаш истекувале детали од некаде. Во Холивуд намерно се прави ова за да се заинтересира публиката за одредено филмско остварување.

Thumbs UP за Милчо и екипата.
 
Па добро Д Лејди кажав само за шо ќе се работи :) Не го раскажав цел филм. Иако го читав сценариото неможам да имам целосна претстава за филмот. Хехе едвај чекам да го глеам :)
 
Па добро Д Лејди кажав само за шо ќе се работи :) Не го раскажав цел филм. Иако го читав сценариото неможам да имам целосна претстава за филмот. Хехе едвај чекам да го глеам :)

Имаш копче
spoiler.gif
за да го затемниш текстот. Не сакаме сите да знаеме зошто се работи.
Ако одма се знае дека е невин, ок
. Ако е нешто што треба да се открие понатаму во приказната, веќе си ми го упропастила пола филм.

Удирај спојлери за да не ја читаме содржината на филмот.

Добредојде на форумов!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom