bucio
Урбан индијанец.
- Член од
- 8 јули 2008
- Мислења
- 16.327
- Поени од реакции
- 7.789
Режисерот Милчо Манчевски ќе го снима својот нов филм во живописната и недопрена природа на Мариово. Четвртиот филм на Манчевски "Како бебе" ќе се снима во селата Чаниште, Вепрчани, Кален по 20 септември. Во филмот ќе игра и прилепскиот академски актер Димитар Ѓорѓиоски.
За снимањето на филмот, Манчевски доби половина милион евра од македонскиот филмски фонд.. Освен во Мариово кадри ќе паѓаат и на други локации во Македонија. Директор на фотографија ќе биде Влатко Самоиловски, музиката повторно ќе ја работи Кирил Џајковски, костимите Елизабета Монталдо.
"Како бебе" Според нашите информации, ќе биде трилогија и ќе има играно-документарен карактер, што зборува за модерниот начин на живеење во поинаква Европа. Станува збор за три приказни, кои претставуваат пресек на човечки судбини или еден вид наша верзија на "Злосторство и казна" во 21 век. Филмската структура и жанрот се необични, со нови и инвентивни елементи.
ИЗВОР: Зенит.
Можеби требаше да го сместам во филмски вести, ама мое лично мислење е дека Милчо Манчевски како наш најдобар режисер заслужува посебна тема .