Грујо уште не ја пушти у употреба ганџава, а ја ко нафурана милфица, све ми e равно до Косово.
А искрено, нит од мене, фала курцу, не бидна нешто посебно у 2015, а 16 веќе чука на врата, ќе ги скрши колку е блиску фештава свадбарска.
Свадбарска - несвадбарска, ја пари неам за дочек за на страна, муж да ме земе под рака дам бетер, неам картички некој да ги пуни - ја да празнам, и ете ти решена равенка со две непознати. Ќе си идам на Табановце, таму барем има кој да ми се радува...
За крај на моиве писанија за оваа лето господово, да си кажам и тоа дека 2015 за мене беше тешка година.
Градот во мај ми го запалија. Ми го изгореа чувството на сигурност. Се поиграа. После и бегалци ни дојдоа. Мене сметки ми блокираа. Почина тетка ми. Во УН не ме примија на работа. Со новинарството се мачам ко на стол породилен близнаци од по пет кила тешки да пораѓам. Пиши не пиши, на народ не се удоволува. Партииве све незадоволни. Дома моиве со дрва и камења зашто одбрав тоа да го работам. Децава ме нервираат. Мажи саглам за брак нема. Све нешто ко од мочка праено. Све кукавици со страв од нови почетоци. Сите би да дупат - на никој брак у матично да не му влегува.