Мистичен
Човек
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 13.578
- Поени од реакции
- 1.097
По цела година шпекулации, Microsoft конечно официјално ја објави својата намера да го купи интернет џинот Yahoo за 44,6 милијарди долари.
Намерата на Microsoft е кристално јасна - сака да го купи Yahoo по цена од 31 долар по акција, што претставува 62% премија во однос на моменталната пазарна цена.
Извршниот директор на компанијата Стив Балмер смета дека Microsoft и Yahoo заедно би биле подобро позиционирани за во натпреварувањето на пазарот на он-лајн услуги. Во овој момент сеуште нема одговор од Yahoo, но мора да се признае дека понудата на Microsoft е навистина добра, а на Yahoo не му цветаат рози (неодамна отпуштија 1.000 работници поради намалување на трошоците и не баш одлични резултати).
Двете компании се чувствуваат дополнително загрозени од нивниот најголем конкурент Google на кого му оди одлично, поготово во сферата на он-лајн огласувањето, каде и Microsoft и Yahoo мака мачат настојувајќи да одржат чекор со него. За споредба, прометот на Google во четвртиот квартал од 2007 година пораснал за 51% во однос на истиот период во 2006, додека Yahoo во истиот период имал раст од само 8%.
Дали оваа аквизиција ќе се случи наскоро, ќе дознаеме од Yahoo.