И што ако се комерцијала? Освен (можно) влијание на новиот материјал("откога се продале"), ќе плукаш и на старата музика од бендот што до вчера ти била омилена? ОК, можда поштувате идеологија надвор од музиката, но ако стварно ја сакате музиката ич нема да ве боли стапот дали се комерцијала/ги слушаат оние што вие ги викате "кремци"/пејачот и басистот се фукаат по автобуси.
На крај краева, за комерцијалата, скоро сите бендови се тука ради пари. Што не прават бесплатни свирки и концерти без повод, ако толку сакаат да свират и си ги сакаат фановите? Да, и тие треба леб да јадат.
Затоа и вие не јадете многу бубрези и мачји бешики, туку слушајте музика ако ви прави ќеф.