Места за јадење што работат до подоцна и сервиси за достава на храна

  • Креатор на темата Креатор на темата Raul Duke
  • Време на започнување Време на започнување
Лесковачка Вили у Аеродром,лесковачка на дрводекор.......

Ваташа ми е у комшии и мислам дека работи 24/7 а Боба не е толку добра.......

Кај Симпо исто бурекџилницата е фина и мислам дека стално работи.....
 
Бурекџилницата Дени 2003 карши студенстскиот кај Олимпико работи од 10 навечер до 5 сабајле..Има ептен добар бурек, четвртина е 40 ден,а има и ладни сендвичи, не се лоши. Хмм..друго место, исто во К.Вода таа суперсоничната тетка, просек цени 30 денари се што имаат, топло е и ок е...
 
Лесковачка Вили кај Тобако 2 ако не си ги испил сите пари у град, или бурекџилница Боби на Тобако 2 ако ти се маткаат 40-50 динари за топол вкусен бурек.
 
Vo Strumica 24/7 mislam raboti ''king'' :toe:
 
Tonnys bakery- стариот беверли хилс во Капиштец, најдобрите пица сендвичи и пици!
Работи до кај 5 сабајле секој ден освен недела!
Мора да се проба...

Бидејќи во 3 саат сабајле бурекот и слични балканштини ми го превртуваат метаболизмот (стомачни болки, вода на тони и сл) ова е одлично место. Има и за седење се е топло итн.

Иначе за Скопје во зависност во која населба ќе ве удри глад ги имате следните опции

Ѓорче Петров

Блажевски-лоцирана на главниот пат
Цујо-Исто лоцирана на глвниот пат

Бутел енд Чаир

Фурната е незаменлива секој заскитан куршум е гратис.

Аеродром

Ваташа

Таа до Мајчин Дом како ли се викаше

Шехерезада на Железничка

Козле+Тафталиџе

Дени 2000 кај Олимпико

Мари карши студенски Гоце ама само до околу 2 саат (закон пирошки)

Карпош

-кај Симпо бурекџилницата (карпош 1+2)

-Стара Телевизија (карпош 4 + влае)

Центар

Убави сендвичи прават на Водњанска во таа продавницата за 40 денри.

Кисела Вода

Таа по скали кога се спушташ ко во гаража


Епа буфови и утки мои Скопски добар апетит...
 
antionio na 2ra vo dracevo zakon :helou:
 
Легендарниот Чаир има се што ви треба за после-кафанско-кафиќско-дискаќко-парковско-домашно поминатите ноќи. Освен ако не се наоѓате во Ѓорче.


Живеам во Чаир:baeh: и може да се рече дека СЕКОЈ втор ден сум во таа фурна народски речена "маалска" има се што сакате а и многу убави ги прават работите.сеа имаат и пица бурек ама не сум мн по тоа.ммммммммм сеа ми се јаде од фурна...........:bip:
 
Дај бе кажете во Охрид кај има ваква работа. Прошли пут не знаев кај да барам, компанијата уште помалце, околу 2 и пол по полноќ беше. Цркнав за бурек. :lut: Да не може чоек раат да се докрајчи. :icon_lol:
 
Маџари, исто таму е и Буцко ама кај Буцкото само бурек


Кај го спомна Буцко бе? Чим го спомнат одма ми се пријадува пица бурек. Најдобар пица бурек има кај него до пред некое време не пропуштав вечер без бурек, ама сега ништо нема превоз.
 
Бидејќи во 3 саат сабајле бурекот и слични балканштини ми го превртуваат метаболизмот (стомачни болки, вода на тони и сл) ова е одлично место. Има и за седење се е топло итн.

Иначе за Скопје во зависност во која населба ќе ве удри глад ги имате следните опции

Ѓорче Петров

Блажевски-лоцирана на главниот пат
Цујо-Исто лоцирана на глвниот пат

Бутел енд Чаир

Фурната е незаменлива секој заскитан куршум е гратис.

Аеродром

Ваташа

Таа до Мајчин Дом како ли се викаше

Шехерезада на Железничка

Козле+Тафталиџе

Дени 2000 кај Олимпико

Мари карши студенски Гоце ама само до околу 2 саат (закон пирошки)


Карпош

-кај Симпо бурекџилницата (карпош 1+2)

-Стара Телевизија (карпош 4 + влае)

Центар

Убави сендвичи прават на Водњанска во таа продавницата за 40 денри.

Кисела Вода

Таа по скали кога се спушташ ко во гаража


Епа буфови и утки мои Скопски добар апетит...

vo kozle ti fali furnata! znaci furna kozle kaj semaforite 24/7 raboti!
 
Дај бе кажете во Охрид кај има ваква работа. Прошли пут не знаев кај да барам, компанијата уште помалце, околу 2 и пол по полноќ беше. Цркнав за бурек. :lut: Да не може чоек раат да се докрајчи. :icon_lol:


Фурна Гимназија, мислам дека и Феникс е 24/7....
 
бурекџилница Рекорд ,на рекорд . Карши жито лукс е мислам . убави буречиња праат хихихихи
а да и незаменливата фурна у Чаиррррррррррррррррр
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom