Mercedes A160 CDI 2002

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Mi interesira dali e ubavo da kupuvam kolku trosi kakov servis ima?
Јас имам А170 CDI , колите се топ, и брзи и прегледни. Потрошња 6/7 градска. Сервис најскап од сите коли. Пошто моторот е чудно поставен и многу кошта работна рака ако треба нешто да менуваш.
За овакви коли мора да гледаш да земеш нешто поскапо, т.е некое А160 што не спаѓа у ефтините понуди. Да бидеш сигурен дека е коска. Инаку си иба мамата. Јас од кога го купив за година дена до сега 1500 еу дадов по сервиси.
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.079
Колата е стара и затоа очекувај дека се може да ти се расипе а ќе се расипе, и дека троши и дека чури и дека го загадува веќе чистиот ни воздух. У принцип самиот изглед на колата би требало да те асоцира колку вреди.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
После смартот најголема утка и срам за мерцедес.
Подарок да ми го дадат не го земам
 

Ron0n

The Mercedes Guy
Член од
16 август 2009
Мислења
351
Поени од реакции
198
Сакаш да купиш Мерцедес со мотор од Дачија.
За среќа не. Мотор од Рено (Дачија) носат само новите модели на А класа W176 т.е Renault K-Type engine. Сите претходно носат „вистински“ мотори :) Конкретно, моделот 160CDI го носи OM 668 reduced моторот кој е всушност дериват на 170CDI. А овие мотори не се воопшто лоши :)

Сервис најскап од сите коли. Пошто моторот е чудно поставен и многу кошта работна рака ако треба нешто да менуваш.
За овакви коли мора да гледаш да земеш нешто поскапо, т.е некое А160 што не спаѓа у ефтините понуди. Да бидеш сигурен дека е коска. Инаку си иба мамата. Јас од кога го купив за година дена до сега 1500 еу дадов по сервиси.
Епа добредојдовте во прекрасниот свет на Мерцедес каде секој сервис се плаќа со муда и бубрези. Не е само твојот, сите се такви. Единствена кола од Мерцедес која има извонредна вожња, комоција, доволно гаџети внатре за нормален човек и ептен пристапни цени за одржување е E class W210 redesign. Ама не верувам дека на дечкото му влегува во потесен избор бидејќи е огромна крстарица.

Да, моторот е поставен така чудно бидејќи е голем, а има многу малку простор. И се е некако отпревртено, безвезе тесно наместено, човек да неможе ништо да пипне без да ја размонтира колата. За информација, за менување на термостат мислам дека пола мотор размонтирав кај мене :)

Mi interesira dali e ubavo da kupuvam kolku trosi kakov servis ima?
Возилото е начелно солидно направено ама има некои ситници бидејќи е сепак прва генерација на A класа и практично тука се „учеа“ од мерцедес за да ги унапредат сите недостатоци во подоцнежниот модел. Како еден од најчестите проблеми кои ги имаат речиси сите се лагерите на задните тркала и изгледа како малку да се навалени навнатре тркалата во горниот дел. Лагерите дотрајуваат на околу 80.000 - 100.000км па ќе ги смениш. Друга препорака на овој модел е да се сменат и греачите веднаш бидејќи знаат малку преосетливи да бидат.

Во генерала тоа е тоа, не би требало да се јават дефекти со моторот и менувачот, барем онолку колку што јас можам и знам да пренесам :)

И да, за крај, мерцедес со баш ефтин сервис нема нигде :) сепак се вози возило со трокрака ѕвезда на хауба, што очекувате? :)
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
За среќа не. Мотор од Рено (Дачија) носат само новите модели на А класа W176 т.е Renault K-Type engine. Сите претходно носат „вистински“ мотори :) Конкретно, моделот 160CDI го носи OM 668 reduced моторот кој е всушност дериват на 170CDI. А овие мотори не се воопшто лоши :)



Епа добредојдовте во прекрасниот свет на Мерцедес каде секој сервис се плаќа со муда и бубрези. Не е само твојот, сите се такви. Единствена кола од Мерцедес која има извонредна вожња, комоција, доволно гаџети внатре за нормален човек и ептен пристапни цени за одржување е E class W210 redesign. Ама не верувам дека на дечкото му влегува во потесен избор бидејќи е огромна крстарица.

Да, моторот е поставен така чудно бидејќи е голем, а има многу малку простор. И се е некако отпревртено, безвезе тесно наместено, човек да неможе ништо да пипне без да ја размонтира колата. За информација, за менување на термостат мислам дека пола мотор размонтирав кај мене :)



Возилото е начелно солидно направено ама има некои ситници бидејќи е сепак прва генерација на A класа и практично тука се „учеа“ од мерцедес за да ги унапредат сите недостатоци во подоцнежниот модел. Како еден од најчестите проблеми кои ги имаат речиси сите се лагерите на задните тркала и изгледа како малку да се навалени навнатре тркалата во горниот дел. Лагерите дотрајуваат на околу 80.000 - 100.000км па ќе ги смениш. Друга препорака на овој модел е да се сменат и греачите веднаш бидејќи знаат малку преосетливи да бидат.

Во генерала тоа е тоа, не би требало да се јават дефекти со моторот и менувачот, барем онолку колку што јас можам и знам да пренесам :)

И да, за крај, мерцедес со баш ефтин сервис нема нигде :) сепак се вози возило со трокрака ѕвезда на хауба, што очекувате? :)
Да ми се праиш манга со од салон мерцедес ДА,ама со увезена канта од која ќе останеш и без муда и без бубрези не ја бива работата.

На цитроен ксантија за некоја година олдтајмер која има поминато 480к а која е купена нова од Бомак за нејзините 20на години само имам менувано масло,филтри,плочки и дискови.

А види беља работа бидејќи нема беџ со трокрака ѕвезда
 

Ron0n

The Mercedes Guy
Член од
16 август 2009
Мислења
351
Поени од реакции
198
Да ми се праиш манга со од салон мерцедес ДА,ама со увезена канта од која ќе останеш и без муда и без бубрези не ја бива работата.

На цитроен ксантија за некоја година олдтајмер која има поминато 480к а која е купена нова од Бомак за нејзините 20на години само имам менувано масло,филтри,плочки и дискови.

А види беља работа бидејќи нема беџ со трокрака ѕвезда
„Манга“ не видов каде се „правам“. Јас пренесов и кажав тоа што знам. Најубаво е нов Мерцедес од салон само за тоа требаат финансии какви што малку имаат, најмалку јас. Затоа, уживам со тоа што го имам, колку што имам. Јебига, сум дал многу пари по сервиси, ама пусти мерак и кеф. За жал сите понови коли имаат многу работи и електроники и сложени механики што се подложни на кварови. Којзнае... можеби ако некогаш купам нов Мерцедес и јас ќе менувам само регуларни делови.

До тогаш, секој со своето. Вистината со овие коли е дека со текот на годините и поминатите километри се подложни на многу поправки кои коштаат многу, можеби најголем дел од неодржување и ненавремено санирање на проблеми ама тоа е... кога не се може ново, ќе го крпиме тоа што го имаме.

Не сум тука да се објаснувам и расправам. Секој си има своја филозофија и мислење и своја математика на крајот на денот. Извини ако во некој пост те навредив претходно, немав никаква намера, чисто сакав да кажам мое досегашно искуство, ниту да продавам памет, јас сум само ентузијаст со „деформација“ за коли :)
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Еве јас што би купил за 3000 евра. За кола стара 14 години пола денар не давам.

http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=1860829
http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=1298081
http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=1715945
Мелезот ни под разно не го гледам,за линеата не зборуваат убаво ама би ризикувал со купување,додека цитроенот без размислување би го купил.
 

Black Hok

CRUISE
Член од
11 декември 2012
Мислења
2.450
Поени од реакции
1.307
Еве јас што би купил за 3000 евра. За кола стара 14 години пола денар не давам.

http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=1860829
http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=1298081
http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=1715945
Ништо од овие..Тапа избор..Подобро да си нашол Алфа Ромео 147-ица,или 156-тица..Ќе ти објаснам зошто..Цитроенот е добар,ама е многу малечок,се имам 2-3 пати во такси возено,одвај нозите ми ги собира..Фиат како Фиат,не се лоши,и јас возам Фиат,али таа Линеа што ја гледаш е произведена во Турција,ако сакаш Турска кола земи ја..А во таа Фабија се начукани сите делови од втора или трета класа што не ги бива во Полото,Леонот и остали аута..Јас би ти препорачал Алфа,бидејќи е оригинал производство во Италија,и за 2600-2700 евра се наоѓаат добри Алфи,оти не држат цена како коли,и се јаки и брзи.Како друга варијанта за таа цена би ти препорачал Голф 4,ама треба да имаш среќа да го наџбараш со 250.000 први километри,и како последен избор Пежо 307-ица,или Рено Меган,ама пази кај се произведувани,оти тие коли се прават,склопуваат и во Турција..
 
C

cige

Гостин
Како друга варијанта за таа цена би ти препорачал Голф 4,ама треба да имаш среќа да го наџбараш со 250.000 први километри,и како последен избор Пежо 307-ица,или Рено Меган,ама пази кај се произведувани,оти тие коли се прават,склопуваат и во Турција..
А во таа фабрика во Турција нели ги склопуваат возилата по иста шема како во Италија или Франција?
И од други ли фабрики носат делови?
Деловите од Дрекселмаер, Маркарт, Џонсон Мети....нели ги носат сегде кај што имаат погони за склопување, или само во одредени држави?
Дали во фабриките во Германија склопуваат делови само произведени од Германија?
 

Black Hok

CRUISE
Член од
11 декември 2012
Мислења
2.450
Поени од реакции
1.307
А во таа фабрика во Турција нели ги склопуваат возилата по иста шема како во Италија или Франција?
И од други ли фабрики носат делови?
Деловите од Дрекселмаер, Маркарт, Џонсон Мети....нели ги носат сегде кај што имаат погони за склопување, или само во одредени држави?
Дали во фабриките во Германија склопуваат делови само произведени од Германија?
Zemi si od Turcija,ama da znaes ima OGROMNA razlika.Italija e vo Evropska unija ima postrogi normi,kontroli,deklaracija i drugi raboti,dodeka kaj Turcite se e luk i voda.
 
C

cige

Гостин
Zemi si od Turcija,ama da znaes ima OGROMNA razlika.Italija e vo Evropska unija ima postrogi normi,kontroli,deklaracija i drugi raboti,dodeka kaj Turcite se e luk i voda.
Фиат нели работи сегде по исти принципи? Немаат ли надзор во фабриките надвор од Италија?

Sent from my SM-T230 using Tapatalk
 

Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.099
Поени од реакции
1.887
Фиат нели работи сегде по исти принципи? Немаат ли надзор во фабриките надвор од Италија?

Sent from my SM-T230 using Tapatalk
Слаб квалитет е де ... каков сака надзор нека има џабе кога линеите па и претходно аутцата што се произведувале во турција биле слаби со квалитет

За џабе не е иста цена на линеата стара 4-5 години и некоја друга стара 10-15 години
 

Kajgana Shop

На врв Bottom