ЧЕНТО
Претседник
- Член од
- 27 јануари 2007
- Мислења
- 8.239
- Поени од реакции
- 4.839
Aбе се е тоа океј сфаќам, има некои замисли, игра добар фудбал ама со такви моќни екипи со такви играчишта тоа е многу лесно.. Со истата екипа на Барса и Тито Виланова освои титула. Сега на оваа екипа на Баерн и Хасан Салихамиџиќ да биде тренер партали ќе праи.
Пеп треба да се докаже со многу послаба екипа од Барса/Баерн.
На прв поглед ти држи аргументот ама има голем пропуст...
Нема таква работа како готова екипа.Еве и Фергусон му остави на Мојс навидум готова екипа,па зашто неможат да ги повторат резултатите...Не гледам дека Мојс драстично ја смени тактиката.
Фудбалот,и тренерската професија како дел од него,не е квантна физика за која треба да имаш докторат...И јас и ти само од гледање и играње менаџер на компјутер ќе знаеме до некаде да поставиме тактика..Не треба да си Ајнштајн за да успееш да смислиш нешто.
Фората е во харизмата,во пасијата,во визијата,да знаеш што сакаш да постигнеш,да знаеш да им го пренесеш тоа на твоите играчи на начин на кои они како фудбалери тоа ќе го разберат и преку правилни тренизни тоа да го пренесете на теренот.
Тука е цаката,и тоа не го може секој.....Различни тренери на различен начин успеваат да се поврзат со екипата и тоа дава различни резултати.Затоа е таа разлика меѓу Мојс и Фергусон..
Не е дека Мојс не разбира до толку дали треба да игра 4-2-2 или 4-3-3...не треба тоа да се гледа ко нешто страшно тешко.
Тука е генијалноста на Пеп у Мурињо на пример,што секогаш знаат на своите играчи да им ја пренесат нивната визија за тоа како сакаат они да играат на теренот,да ги мотивираат и да ги натераат и они да ја сфатат таа визија.Тоа не го може секој,за тоа треба дел талент,дел да учиш од некој мајстор пред тебе итн итн...