Менаџер наспроти менаџер

  • Креатор на темата Креатор на темата Invader
  • Време на започнување Време на започнување
А Мурињо тренира тимови со слаб буџет за разлика од Пеп, како Челзи, Реал Мадрид и ткн. Не можело да се споредуват Моу и Пеп а head to head Пеп е далеку пред овој циркузантот 15 matches: seven wins for Guardiola, three for Mourinho and five draws
--- надополнето: 4 февруари 2014 во 15:33 ---
+ суперкупот 2013
 
Aбе се е тоа океј сфаќам, има некои замисли, игра добар фудбал ама со такви моќни екипи со такви играчишта тоа е многу лесно.. Со истата екипа на Барса и Тито Виланова освои титула. Сега на оваа екипа на Баерн и Хасан Салихамиџиќ да биде тренер партали ќе праи.

Пеп треба да се докаже со многу послаба екипа од Барса/Баерн.
Огромна грешка.
 
Кога Пеп освојува титули, тоа е затоа што играчите се многу јаки, он никако нема никаква заслуга.
Успесите кои ги има Мурињо, му се освоени со хендикепирани и полуспособни играчи.
yeah right :rolleyes:
 
Aбе се е тоа океј сфаќам, има некои замисли, игра добар фудбал ама со такви моќни екипи со такви играчишта тоа е многу лесно.. Со истата екипа на Барса и Тито Виланова освои титула. Сега на оваа екипа на Баерн и Хасан Салихамиџиќ да биде тренер партали ќе праи.

Пеп треба да се докаже со многу послаба екипа од Барса/Баерн.

Иди кажи им го тоа на тренерите што ги тренираа галактикоси малактикоси задњиве 15 години. Нели, колку е лесно да се освоие титуло со такви играчишта.

Стварно не ми се јасни луѓево што го оспоруваат Пеп. Па уште не бил достоен да се стави во иста реченица со Мурињо и Ферги. :facepalm:

Eeej, прва сезона му беше на човекот(воопшто во професионална екипа како тренер), освои се што можеше да се освои. Мурињо за мал прст неможе да му се фати.

И еден интересен факт што сите го занемаруваат, а за мене е и те како битен. Барселона во ерата на Пеп константо игра со 18-19 играчи во прв состав, значи ти да играш 60 натпревари годишно и секоја сезона свесно да составаш тим со толку малку играчи и при тоа да освојуваш просечно по 3-4 титули секоја сезона треба да имаш големи муда и големо знаење.
 
Aбе се е тоа океј сфаќам, има некои замисли, игра добар фудбал ама со такви моќни екипи со такви играчишта тоа е многу лесно.. Со истата екипа на Барса и Тито Виланова освои титула. Сега на оваа екипа на Баерн и Хасан Салихамиџиќ да биде тренер партали ќе праи.

Пеп треба да се докаже со многу послаба екипа од Барса/Баерн.

Јасно ми е дека гледаш на работите straight forward и го величиш Мурињо за големиот успех со Порто.Но да се разбереме,Порто не беше слаба екипа,тоа беше екипа која го имаше кремот на португалската репрезентација.
Во полуфинале беа Челзи,Монако,Порто и Ла Коруња.Тоа ти е како сега да играат Ат.Мадрид(ама не една,туку сите четири тима) и такви слични екипи во полуфинале.Тоа се случува еднаш на 76 години како Халеевата комета.

На крај краева и не може да се спореди со денешниве тимови,бидејќи тогаш ретко која екипа имаше многу пари и беше се поизедначено.

Подруги времиња во кои можеше да се случи чудо.

Мислам залудно е да се прават такви споредби,кога тоа се случи пред 10 години и никогаш Порто или некоја таква "помала" екипа нема да освои ЛШ.
Моменти,моменти се тоа.

Да се навратам на муабетот за Тито и неговите титули.

Јас него ќе го памтам како еден од најслабите тренери евер.Таква дупка ретко се гледа.Не за џабе викаат,асистент си е асистент.Од 10 души на еден ќе му упали да постане солиден тренер,другото боранија.
Човекот ни тактика имаше ни ништо,само Меси го спасуваше и на секој натпревар тој им пресудуваше.
Со Клинсман се јадат кој е кој.

Сите велат дека многу била јака екипата и затоа Пеп растурал,а јас ќе речам многу беше јак Меси па затоа Тито освои титула и не се изрезили до крај.Дали има поголем срам од 7-0 во двомеч , во кој беа фаворити?Тоа е тренер ? :pos:
Муабетите беа дека не им треба тренер(кога замина Пеп) ,ќе победуваат сами.
Се спасија со Милан(Нианг ботот),се спасија со ПСЖ,епа трета среќа за жал немаа.Тоа е тоа.Катаклизма се случи.Очекувана пред се.

За разлика од Тито,Пеп ги имаше построено како полтрончиња пред штаб и тоа со само една година искуство во втора лига.Секој со задача што ја извршуваше страшно добро.Пеп направи реконструкција на тимот,Пеп не доби готов тим.
Со само една година тренерско искуство и со реконструиран тим растураше.Немаше готов тим на тацна како што некои велат и го потенцираат од време на време.

Пеп освои ЛШ титула во првата дебитанска сезона.На Мурињо тоа не му успеа..И што сега,Пеп>Мурињо?
Не бе друже,секој си го заслужил епитетот ѕвер од тренер.Една ластовица не прави пролет.

Сега на оваа екипа на Баерн и Хасан Салихамиџиќ да биде тренер партали ќе праи.

Тоа е тоа.Истата работа што ја зборевте за Барса(не им треба тренер),а според напишаново и ти си бил еден од нив.Истово и за Баерн се збори,ама без добар тактичар и пред се тренер,динамото ќе шкрипи.
Верувам дека ја потценувате моќта на тренерот,некако поважни ви се фудбалерите.Сепак тие без тактика се како кокошки без глава.

Фергусон направи династија,Мурињо не ја измисли контрата и еден вид на катанаџо,но тој е заслужен што тоа го усоврши и правеше напаѓач да биде wing back,и тоа добар!(Ето и Горанчо наш) Контрите до левел 99 ги усоврши.
Пеп ја усоврши скоро до максимум "формулата" и тотал фудбалот на Кројф.Пофалби и до Клоп кој го наметна пресингот што го играат сега доста екипи.Венгер се замара со младинците :icon_mrgr:,Симеоне од се по нешто копира и тоа добро,други тренери препознатливи по нешто добро не ми текнуваат.
Можеби и Анчелоти со тактиката умри мушки до краја,и играње на скоро истиот тим секој натпревар.Без разлика на се,тоа му донесе светска слава.

Во моментов неколку појаки екипи имаат добри резултати,како Барса со Тито се до нокаут фазата,но не ми делуваат ич уиграни.Единствено Симеоне го вади максимумот на својата екипа.

My humble opinion.

images
 
У право си, меѓутоа не го направив Пеп дека нема поима од тренерство.. Има, и те како има, значи има некоја јака замисла за тоталниот фудбал на Кројф што го спомна ама пак според мене тоа е многу лесно да се прави со такви екипи.

Пак си стојам на моето дека Пеп еден ден треба да се докаже во далеку послаб тим.
 
Во Вардар треба да дојде Пеп, за да ви докаже дека е вистински тренер.
Ама и тогаш ќе вртите муабети: Дојде Самсоненко, фрли пари во ФК Вардар и оп, еве го Пеп! Нон-стоп оди само во силни екипи со многу пари, за да може да го наполни тимот со ѕвезди.
 
У право си, меѓутоа не го направив Пеп дека нема поима од тренерство.. Има, и те како има, значи има некоја јака замисла за тоталниот фудбал на Кројф што го спомна ама пак според мене тоа е многу лесно да се прави со такви екипи.

Пак си стојам на моето дека Пеп еден ден треба да се докаже во далеку послаб тим.

Кажи ми ти,во паралелен универзум да бидеш Пеп,дали би прифатил од коњ на магаре да седнеш ?
Значи искрено ова те прашувам..

Инаку знаеш дека ги тренирал Барса Б но резултатите не биле добри,иако сепак тоа се младинци пред се.Сега дали нешто управата видела во него баш тогаш јас немам поима,но таа одлука им се исплатеше како никогаш до сега.

Мене појако ми е од б тимот да одиш во главниот и да направиш парам парче.Недокажан тренер беше ама..

Ова го практицираат германските клубови,и почнаа да излагат на површина доста квалитетни млади тренери.Не само голмани,и тренери за извоз има.

Според досега покажаново,на Пеп треба да му ја дадеш комплетната слобода за раководење на тимот ама никако со трансферите.Спортскиот директор најголем дибек испадна со еден куп пропаднати трансфери.
Во Баерн сега за сега само две желби имаше,Нејмер и Тиаго.
За Нејмар не добил зелено светло од управата,и беа во право.
Или Тиаго или никој беше летната желба па се смилуваа и му ја исполнија.:icon_mrgr:

Со само 7 месеци Пеп за мене е тотален непознаник,проценката на крај сезона.Нормално ова во Баерн,во Барса колку толку сите знаеме што било и како било.

А инаку додека сме кај тренерите се спомнува дека Ван Гаал е главен претендент за кормилото на Тотенхем,едвај чекам да се случи тоа и да играат против Челзи.
Како мачиња ќе бидат,бидејќи се почитуваат премногу а обично двајцата се тешки петарди.:cool:

mourinho-van-gaal-5x4_Diashow.jpg
 
Не. :D:D:D:D

Ништо од тоа со Ван Гаал иначе, на 5-6 месеци пред Светско првенство никад.. На крај на сезона можно е, мада не ми се верува дека ќе се враќа на клупска работа, матор е веќе.
 
На темава премногу пишувате дека Чоло е потценет. Напротив, сите членови горе-долу го велат истото, дека е многу квалитетен тренер, огромен мотиватор и направи револуција во Атлетико. Но да се разбереме, сеуште не е во ранг на Мурињо и Фергусон, или Хајнкес, или Дел Боске, или Гвардиола. Но тоа не значи дека е потценет. Кога Чоло ќе покаже резултати во големи клубови како горе наведениве, е тогаш ќе го ставаме во ист ранг, до тогаш ќе ве замолам да не пишувате дека е потценет, зошто 90% од членовиве на форумот убаво пишаа.
Атлетико се екипиште сезонава и сакам да освојат Примера, тоа со себе ќе повлече и многу промени во целата лига, особено со ТВ Правата, ако они освојат Примера тоа ќе значи голем чекор за Ла Лига и колку толку да се среди монополот кој владее таму.
 
Веќе се донесени нови правила за ТВ правата. Ќе важат од 2015/16
 
Веќе се донесени нови правила за ТВ правата. Ќе важат од 2015/16

Одлично. Ако не го мрзи некој да ми објасни само што е донесено и што е утврдено би му бил благодарен.
Шпанија има јаки играчи, јака репрезентација, а многу килава лига. Мора да се преземеат радикални мерки со кои ќе се регулира законски првенството и ќе се овозможи развој и прогрес за помали клубови, само така ќе може да се парира со ПЛ и брзорастечкиот Бундес кој е се поквалитетен и поквалитетен.
 
На темава премногу пишувате дека Чоло е потценет. Напротив, сите членови горе-долу го велат истото, дека е многу квалитетен тренер, огромен мотиватор и направи револуција во Атлетико. Но да се разбереме, сеуште не е во ранг на Мурињо и Фергусон, или Хајнкес, или Дел Боске, или Гвардиола. Но тоа не значи дека е потценет. Кога Чоло ќе покаже резултати во големи клубови како горе наведениве, е тогаш ќе го ставаме во ист ранг, до тогаш ќе ве замолам да не пишувате дека е потценет, зошто 90% од членовиве на форумот убаво пишаа.
Атлетико се екипиште сезонава и сакам да освојат Примера, тоа со себе ќе повлече и многу промени во целата лига, особено со ТВ Правата, ако они освојат Примера тоа ќе значи голем чекор за Ла Лига и колку толку да се среди монополот кој владее таму.

Значи за да влезе во групата на најдобрите треба да освои титула со Барса да речеме а не со Атлетико?
 
Одлично. Ако не го мрзи некој да ми објасни само што е донесено и што е утврдено би му бил благодарен.

Според актуелниов модел секоја екипа сама си ги продава правата. Затоа Барселона и Реал лапаат голема пара за разлика од другиве екипи. Новиов модел воглавно ќе биде сличен како оној во Премиер лигата т.е. правата можат да се продаваат само во пакет(за сите екипи не поединечно) со што колачот би се делел сразмерно на позициите на табелата од претходната сезона.
 
Значи за да влезе во групата на најдобрите треба да освои титула со Барса да речеме а не со Атлетико?

Не баш. И да освои титула со Атлетико сезонава уште ќе има да се докажува за да влезе во друштво на Мурињо и Фергусон кои констатно со години освојуваат титули под најголем притисок. Тоа е лично мое мислење, и не го потценувам Чоло, напротив. Ми се чини дека вие ги спорите успесите на Фергусон и Мурињо, и ред други тренери со форсирањево на Чоло.

Фала Бланко за инфото, ќе видиме како ќе се развива Ла Лига во следните години, има потенцијал во помалите клубови, има многу квалитет, како ќе успеат на маркетиншки план, на финансиски план ќе видиме, ама ако имаат добри раководства како клубовите од ПЛ ќе бидне многу поквалитетна лига.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom