Aбе се е тоа океј сфаќам, има некои замисли, игра добар фудбал ама со такви моќни екипи со такви играчишта тоа е многу лесно.. Со истата екипа на Барса и Тито Виланова освои титула. Сега на оваа екипа на Баерн и Хасан Салихамиџиќ да биде тренер партали ќе праи.
Пеп треба да се докаже со многу послаба екипа од Барса/Баерн.
Јасно ми е дека гледаш на работите straight forward и го величиш Мурињо за големиот успех со Порто.Но да се разбереме,Порто не беше слаба екипа,тоа беше екипа која го имаше кремот на португалската репрезентација.
Во полуфинале беа Челзи,Монако,Порто и Ла Коруња.Тоа ти е како сега да играат Ат.Мадрид(ама не една,туку сите четири тима) и такви слични екипи во полуфинале.Тоа се случува еднаш на 76 години како Халеевата комета.
На крај краева и не може да се спореди со денешниве тимови,бидејќи тогаш ретко која екипа имаше многу пари и беше се поизедначено.
Подруги времиња во кои можеше да се случи чудо.
Мислам залудно е да се прават такви споредби,кога тоа се случи пред 10 години и никогаш Порто или некоја таква "помала" екипа нема да освои ЛШ.
Моменти,моменти се тоа.
Да се навратам на муабетот за Тито и неговите титули.
Јас него ќе го памтам како еден од најслабите тренери евер.Таква дупка ретко се гледа.Не за џабе викаат,асистент си е асистент.Од 10 души на еден ќе му упали да постане солиден тренер,другото боранија.
Човекот ни тактика имаше ни ништо,само Меси го спасуваше и на секој натпревар тој им пресудуваше.
Со Клинсман се јадат кој е кој.
Сите велат дека многу била јака екипата и затоа Пеп растурал,а јас ќе речам многу беше јак Меси па затоа Тито освои титула и не се изрезили до крај.Дали има поголем срам од 7-0 во двомеч , во кој беа фаворити?Тоа е тренер ?

Муабетите беа дека не им треба тренер(кога замина Пеп) ,ќе победуваат сами.
Се спасија со Милан(Нианг ботот),се спасија со ПСЖ,епа трета среќа за жал немаа.Тоа е тоа.Катаклизма се случи.Очекувана пред се.
За разлика од Тито,Пеп ги имаше построено како полтрончиња пред штаб и тоа со само една година искуство во втора лига.Секој со задача што ја извршуваше страшно добро.Пеп направи реконструкција на тимот,Пеп не доби готов тим.
Со само една година тренерско искуство и со реконструиран тим растураше.Немаше готов тим на тацна како што некои велат и го потенцираат од време на време.
Пеп освои ЛШ титула во првата дебитанска сезона.На Мурињо тоа не му успеа..И што сега,Пеп>Мурињо?
Не бе друже,секој си го заслужил епитетот ѕвер од тренер.Една ластовица не прави пролет.
Сега на оваа екипа на Баерн и Хасан Салихамиџиќ да биде тренер партали ќе праи.
Тоа е тоа.Истата работа што ја зборевте за Барса(не им треба тренер),а според напишаново и ти си бил еден од нив.Истово и за Баерн се збори,ама без добар тактичар и пред се тренер,динамото ќе шкрипи.
Верувам дека ја потценувате моќта на тренерот,некако поважни ви се фудбалерите.Сепак тие без тактика се како кокошки без глава.
Фергусон направи династија,Мурињо не ја измисли контрата и еден вид на катанаџо,но тој е заслужен што тоа го усоврши и правеше напаѓач да биде wing back,и тоа добар!(Ето и Горанчо наш) Контрите до левел 99 ги усоврши.
Пеп ја усоврши скоро до максимум "формулата" и тотал фудбалот на Кројф.Пофалби и до Клоп кој го наметна пресингот што го играат сега доста екипи.Венгер се замара со младинците

,Симеоне од се по нешто копира и тоа добро,други тренери препознатливи по нешто добро не ми текнуваат.
Можеби и Анчелоти со тактиката умри мушки до краја,и играње на скоро истиот тим секој натпревар.Без разлика на се,тоа му донесе светска слава.
Во моментов неколку појаки екипи имаат добри резултати,како Барса со Тито се до нокаут фазата,но не ми делуваат ич уиграни.Единствено Симеоне го вади максимумот на својата екипа.
My humble opinion.