Менаџер наспроти менаџер

  • Креатор на темата Креатор на темата Invader
  • Време на започнување Време на започнување
Епа тоа сакам да го видам, како ќе се снајде коа ќе наидат потешкотии, кога во тим нема да го има суперинтелигентниот Филип Лам или Сергио Бускец туку ќе има некој како Мудингај или Мунтари. :D


Добро, си тренирал ли некогаш фудбал?
-Од типот како што ги наброи како Мудингај или Мунтари ни со џоестик не можи да ги контролира тренерот.
 
Да,али у таква ситуација ретко кој тренер ќе ти напраи чудо и ќе освои ЛШ...

Тоа што некои тренери како Мурињо или Клоп на пример направија големи успеси со непознати играчи тоа незначи дека тие играчи биле и неквалитетни....Фората е што Клоп и Мурињо го препознале квалитетот и ги донеле у екипата и со нивна помош ги развиле во уште појаки играчи..

Али ти од мене на пример,не Пеп не Мурињо не Господ да си,па нема да напраиш Роналдињо па ако сакаш и на раце оди,сфаќаш?:D

Тука ти е и одоговорот на прашањето зашто никад Мурињо или Пеп не би прифатиле у овој стадиум од нивните кариери да ги тренираат на пример Чешке Будејовице или Анкарагучук....


Не е баш така едноставно да направиш од таленти квалитетни играчи, малку ми се чини ја подценуваш улогата на Клоп. Најтежок момент е од талент да изградиш врвен фудбалер, тоа се гледа по тоа што многу таленти и не достигнуваат тоа ниво на кој сите се надеваат дур се таленти. Исто така Клоп и Мурињо се тактички многу добри, ќе кажам Клоп масивниот пресинг и контраударите ги перфекционира, за тој стил и си ги зеде играчите и си ги направи (Лева, Кагава, итн.). Исто така Клоп од просечни таленти или играчи направи одлични, како на пример со Пишчек кој го стави од десно крило на десен бек или Шмелцер, од кој што првично мислев дека све ќе биде само не фудбалер.

Иначе што се подценува Гуардиола не можам да разберам. Да, навистина имал многу јаки тимови но да кажеш дека секој со тие тима би вршел е глупост. Тоа ќе се види и годинава во ЛШ каде што Баерн ќе си игра мајтап со многу тимови.
 
Интересна тема, кога се прај муабет за тренери од кога гледам јас фудбал тука се Фергусон, Липи, Капело, Трапатони, Клоп, Хајнкес, Хицфиелд, Пеп, Мурињо, Венгер, Ван Гал, Дел Боске...

Па тука може да се рангираат на пример Ферги и Венгер кои одржаа невидна стабилност во клубовите, посебно Фергусон успеа долги години да го држеше Јунајтед на врвот, што не е за потценување, тоа се долги години тешка работа, или Венгер кој работи со ограничени ресурси.

Мурињо успеа да освои ЛШ со две екипи кои беа далеку од фаворити, и од кога ги напушти скрос испаднаа од колосек, посебно Интер ги снема. Иако не сум фан на неговата филозофија носи успех со вистински играчи, иако не секогаш.

Хицфилф исто освои два пати ЛШ со Баерн и Дортмунд што секако има место тука, и моментално праи чуда со репрезентацијата на Швајцарија, одлично работи.

Капели и Трапатони спаѓаат тука, освоија многу трофеи низ Италија, иако никогаш не ги пратев многу, Липи напрај чудо со Италија 2006, после скандалот.

Ван Гал, бројни успеси со Ајакс, титула со АЗ Алкмар, иако не беше успешев во Барса, имаше одредено влијание, со Баерн одличен реформатор, смени позиција на клучен играч, воведе промени во стилот на игра, воведе младинци и освои двојна круна плус финале ЛШ уште првата сезона, татко на денешниов Баерн.

Хајнкес беше тренер на многу екипи, генерално послаби и нема многу позначајни европски успеси, но интересно е да се напомене дека во ЛШ, три пати водел екипа(два пати Баерн) и еднаш Реал, и три пати стигнал до финале. Има две титули во ЛШ.

Дел Боске, све и сешто освои. ЛШ, ЕП, СП.

Клоп, има посебно место, можеби нема многу титули, но има многу фанови заради тоа што усоврши еден интересен "метал" тип на фудбал, кој бара многу трчање и специфични играчи. Hit and run фудбалот е интересен, но бара широк кадар на играчи, пошто кинат конци од време на време од толку трчање, и пари. Клоп тоа го нема во изобилство во Дортмунд, плус big bad BUYern му крадат играчи. :P

Пеп е ѕвер, нема тука шо да се додава посебно, треба само да му ги видете трофеите и рекордите. Направи од Барселона еден од најсилните тимови некогаш, ги продаде тогаш Роналдињо и уште некој, воведе нов систем, и освој 6 титули од прва сезона. Like a boss.

У Баерн исто така една мини револуција направи, и он се соочува со многу повреди цела сезона, и неможе да го извади уште максимумот од тимот, но напрај тактичка револуција и сега Баерн не зависи од ниеден играч, има одличен рекорд со тимот, до негде ја подобри играта и уште повеќе ќе напредува и ќе не однесе до титули.
 
Не е баш така едноставно да направиш од таленти квалитетни играчи, малку ми се чини ја подценуваш улогата на Клоп. Најтежок момент е од талент да изградиш врвен фудбалер, тоа се гледа по тоа што многу таленти и не достигнуваат тоа ниво на кој сите се надеваат дур се таленти. Исто така Клоп и Мурињо се тактички многу добри, ќе кажам Клоп масивниот пресинг и контраударите ги перфекционира, за тој стил и си ги зеде играчите и си ги направи (Лева, Кагава, итн.). Исто така Клоп од просечни таленти или играчи направи одлични, како на пример со Пишчек кој го стави од десно крило на десен бек или Шмелцер, од кој што првично мислев дека све ќе биде само не фудбалер.

Иначе што се подценува Гуардиола не можам да разберам. Да, навистина имал многу јаки тимови но да кажеш дека секој со тие тима би вршел е глупост. Тоа ќе се види и годинава во ЛШ каде што Баерн ќе си игра мајтап со многу тимови.



Никаде не напишав дека е едноставно...Напротив,пишав дека тоа не го може секој....

Треба да имаш знаење,осет,визија итн за да можеш да препознаеш квалитет каде другите неможат.

Затоа нема 15 тренери како Клоп или Мурињо...Ретки се таквите.
 
Анчелоти и Фергусон од моја гледана точка се најдобри тренери од кога јас пратам фудбал, позади нив следуват Венгер, Хејнекс, Липи, Конте итн. Но Анчелоти и Фергусон направиле најдобро во своите тренерски кариери, тие се најдобри во занаетот од досега оствареното, тоа јасно се гледа. Анчелоти - во милан се докажа како вистински стратег, тоа што си замине од милан му беше лоша одлука и сега најискрено сакам во реал да се докаже дека е еден од најдобрите стратези во фудбалот.
За ферги не се потребни зборови, тој е според мене најдобриот фудбалски тренер на сите времиња, не во англија, не во јунајтед туку во универзумот. Со манчестер направи одличен успех и одлични поминати години.
 
Чија позиција сменил Ван Гаал?



Швајнаштајгер како ЦМ...

До тогаш сите го играа на десно крило.

Тој потег на Ван Гал беше револуционарен за Баерн и Германија,а Швајни го направи светска класа,нешто што никад немаше да стане како десно крило.

Ван Гал е доктор по фудбал за мене,огромен респект имам за него.
 
Швајнаштајгер како ЦМ...

До тогаш сите го играа на десно крило.

Тој потег на Ван Гал беше револуционарен за Баерн и Германија,а Швајни го направи светска класа,нешто што никад немаше да стане како десно крило.

Ван Гал е доктор по фудбал за мене,огромен респект имам за него.
И Алаба на лев бек? Нели на Алаба ЦМ му е природно?
--- надополнето: 4 февруари 2014 во 20:49 ---
Ван Гал се гледа дека има мозок уште кога ќе го видиш ама оние библиине што ги носи на клупа, две седишта само за нив има :icon_lol:
 
Чија позиција сменил Ван Гаал?
Ван Гал од Швајни од лево крилo напрај CM, ужасни утакмици имаше тогаш Швајни како крило, не ми текнува сега сигурно мислам дека и Лам го напрај од лев, десен бек, имаа одлична соработка со Робен уште од првата сезона. И у Баерн не веруваа ич у младинците, он ги донесе Милер и Бадштубер и одма ги тури у прва постава, дури и Алаба на 17 години изигра на неколку утакмици.
 
И Алаба на лев бек? Нели на Алаба ЦМ му е природно?

Имаше една ситуација каде што Баерн бил заинтересиран за играч за средината ама вГал одбил и рече го имаме Алаба. До тогаш играше во младинците но тој го имал веќе на ум. Исто така на Милер му даде шанса. Сега го знаеме кој е ама искрено со неговиот стил и техника никој друг тренер не би дошол до идеата да го земе во прв тим на ваков великан.
 
И Алаба на лев бек? Нели на Алаба ЦМ му е природно?



Дефинитивно!

Унапредувањето на Бадштубер од младинци у прв тим.

Милер со него исто страшно напредуваше пошто имаше голема доверба.

Ван Гал е таткото на денешниот Баерн,он ја постави тактичката основа која ја надградуваа Хајнкес и денес Пеп.
 
Ван Гал е одличен тренер, ама кога ќе го видам со оној огромниот тефтер небаре матичар е, ми се повраќа. Јас никогаш не би го ставил во класата на Фергусон, Мурињо, Венгер, Липи, Анчелоти, пред се затоа што е безмадест.
 
На мене омилени ми се јужноамериканските тренери и нивната филозофија. Нормално, favorite no.1 е Марсело Биелса Лудакот.
Биелсистите(следбениците на неговата филозофија) каде и да воделе некоја екипа, не памтам да имале неуспех. Погледнете го што прави Покетино со еден Саутемптон.
Моментално, како тренери на самиот врв, би ги издвоил Гвардиола, Клоп, Симеоне и Венгер. Веројатно многу не би се сложиле со оваа листа, ама тоа е моето мислење.

Најпреценет тренер: не сакам да зборувам за преценети тренери/играчи/било што, ама овде би го ставил Роберто Манчини. Дали стварно човекот е толкав труп, или јас него разбирам неговиот стил, не знам(велат не мрази го она што него разбираш), посебно замените што ги прави, често не можам да ги разберам :D
Најпотценет тренер: Рафаел Бенитез. Да, потценет е според општото мислење за него, не според нешто друго(финансии и сл.). Многу луѓе мислат дека Рафа е цреп, ама нема клуб во кој работел а да нема освоено титула со него. Кај него не знам, дали не се снаоѓа добро со притисокот од медиуми/газди, бидејќи мислам дека подобро би се снашол и повеќе успех би имал со 'послаба' екипа, отколку со некој гигант полн со ѕвезди.
 
Милер да беше во англиски клуб сега ќе играше за Бамбер Бриџ.
Неталентиран играч ама ептен вреден,пожртвуван,мотивиран и така натаму.
5 години по ред има ненормална статистика.
Рачунајте дека не знае да жонглира:cuc: ,нема поима од техника ама кине.:ROFLMAO:

Инаку Швајнштајгер играше десно крило,потоа лево во средината,па малце централно,па после лево крило,па пак лево ама поназад,за да потоа дури играше и како лев бек.За лек немаше лев бек после Лизаразу.Наредна сезона Лам дојде па импровизираше,после Сањол замина..Абе мешанија..
Со Алаба се среди тоа.

Алаба памтам ден денеска кога згреши на мечот со Франкфурт и му асистираше на еден играч од Франкфурт,па после 2-3 минути повторно направи грешка и дадоа гол од негова страна за пресврт 2-1.При крај на натпреварот беа двата гола,последните 10минути максимум.
Ван Гаал збесна,Алаба почна да плаче,сепак млад беше и играше на неприродна позиција.

После тоа го снема.Ама тоа е Ван Гаал,имаше големи муда и повторно Алаба го играше наредната сезона поредовно.Им даде шанса на млади играчи кои постануваат легенди.
Ги среди Баерн цакум пакум.
Мотото негово "Реформите продолжуваат".:icon_mrgr:

Како што реков и прееска,заинтересиран бил за тренерската позиција во Тотенхем и сака да ја превземе таа функција после светското.Ќе им го покаже "долниот" на првиот тренинг.:pos: Ќе им каже кој плаќа,а кој пие.
Барем ќе извади некој англиски талент,напатени души се више.:pipi:Освен евреинот ако не сака инстант успех.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom