Менаџер наспроти менаџер

  • Креатор на темата Креатор на темата Invader
  • Време на започнување Време на започнување

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.930
По вчерашната дебата за тренерите, мислам може да се отвори една ваква тема, кај што ќе се дискутира за истите.

Значи мешате поими со другарчево...
Мешате перспективен млад тренер со тренери кои се поим за тренер, кои се тука 10-20 години и имаат титули колку играчите на Атлетико нема да освојат уште 3 живота да живеат...
За мене добар тренер е тој што освојува титули, што освојува титули кај и да иде..
Значи прва работа титули, втора работа, резултати, у континуитет..
Цел муабет почна со Пелегрини, он има резултати у континуитет, многу години..
Само немал права екипа, еве годинава има, и Сити мене стварно ми изгледа моќно, и да играја Агуеро и Фернандињо ќе го победеше и Челси денеска..
Али да не навлагамо шта би било кад би било...
И покрај овој пораз, Сити пак ќе си ја освои титулата у Премиер, и со Баерн се за мене главни кандидати за ЛШ.

Чолиќ е добар, перпспективен тренер, кој со прав тим можда и ќе освојува титули, битни титули, али годинава пак ќе си биде трет у Шпанија, и у ЛШ евентуално ако го пројдат Милан, кој да им падне ќе ги избаци...

Али да е у ранг, со Пеп, Клоп, па оној уште се дрзна да рече и пред Карло...

Боже Петра !!
Како прво со овие постови што ги пишуваш гарантирам дека немаш изгледано повеќе од 2 утакмици на Атлетико оваа сезона. Гарантирам!
Чоло од тим што трошеше огромни пари на засилувања, а не можеше да освои ништо, го доведе до тим со доста помали финансиски средства да стои рамо до рамо со Реал и Барса, кои знаеме колку трошат секоја сезона.
Првата сезона кога дојде у ствари дојде на полусезоната и за 6 месеци успеа да создаде машинерија, која прегази све живо во Европа Лига со 3:0 во финале. Истата машинерија неколку месеци подоцна го прегази Челзи во Супер купот 4:1. Истата машинерија минатата сезона освои шпански куп против Реал....на Бернабе.
Оваа сезона го продава својот најдобар играч и наместо пад, тој прави уште појак тим кој моментално е прв во шпанска лига. Се сеќаваш кога последен пат некој бил прв на табела во Шпанија, а да не е Барса или Реал?
Безвезе е да се оспорува квалитето на Симеоне, кога резултатите се дебело во негова корист.
А за освојување титули би рекол дека никој не ни очекува да освои Атлетико лига или ЛШ во една таква конкуренција, кога доста тимови имаат подобри играчи од нив.
Тоа дека само Милан ќе го поминале во ЛШ многу зависи кој ќе им се падне во 1/4 финале. Мислиш не можат да го победат еден Манчестер Јунајтед, ПСЖ или Дортмунд?
Атлетико може да се носи со секој тим оваа сезона, со секој.
Друг тренер со овој Атлетико пример ќе беше 15 бода зад Барса и Реал, а во ЛШ ќе беше само декор.
 
Чоло иако е доста млад сепак е фантастичен тренер, а за тоа доволно говорат резултатите во изминатите две сезони. Сепак, рано е да се става во иста реченица со Анчелоти, Мурињо, Фергусон... Иако јас сметам дека таму и му е местото, но да почекаме резултатите и титулите да го покажат тоа. Моментално бубрег би дал да го видам на клупата на Интер, ама...

Мене најфасцинантно кај Чоло ми е неговата пасија, страст за фудбалот... Он погласно и побурно се радува од 90% од играчите на теренот, ова зборам кога неговиот тим ќе постигне гол. Таков беше и ко фудбалер, пргав, темпераментен, не можеше да ги држи емоциите во себе. Очигледно одлично ги усмерува тие емоции кон играчите. Прав мотиватор е, а и доста флексибилен тренер во поглед на формациите, не е ко мува на гомно да запиња со една иста формација и да не менува ништо па макар животот му зависел од тоа.
 
Некој се дрзнал да го оспорува квалитетот на Диего Симеоне, бе! :facepalm:
Не би пишувал многу, речиси се што сакав да кажам, Invader веќе го напишал во воведниот пост.
Во летото 2011та, Атлетико дадоа 40 милиони за Радамел Фалкао, а за тренер беше назначен Грегорио Манзано. Тимот не дека функционираше катастрофално, ама очекуваа сите подобри резултати после засилувањата летото 2011та. Манзано после 6 месеци доби отказ од клубот, а на негово место дојде Чоло Симеоне. Тоа што се случи во Атлетико со доаѓањето на Чоло не можам да го опишам со друг збор, освен со РЕВОЛУЦИЈА.
Сигурно знаете колку време Атлетико немаше победа над Реал. Натпревар кој има епитет 'дерби', а Атлетико немаше победа(ни на домашен ни на гостински терен) од '90 и некоја. 2013та, Реал(предводен од Мурињо) изгуби во финалето на купот од Атлети НА САНТИЈАГО БЕРНАБЕУ.

Два текста во прилог на темата:

Марсело Биелса: Лудак или гениј?

Кој е Тата Мартино? (да не ве лаже насловот, 90% од текстот е за Биелса)
 
И од мене поддршка за Пелегрини. (y) Виљареал со просек состав со него редовно си беше меѓу првите 5-7 тима во Шпанија, една година играше ЛШ каде што беше непоразен во групата, а за малку му избега и финале. Во Малага исто. Во Реал е приказна за себе. Уште не беше промовиран како тренер а беа купени Роналдо и Кака, јасно е дека Перез си го правеше тимот според негов вкус, Пелегрини беше само карикатура на клупата. Башка што го продадоа Робен кој во предсезоната играше главна улога кај него па мораше да импровизира со Гранеро како крило. Со можеби најсилната Барселона се држеше до последното коло во Шпанија, во ЛШ испадна поради промашувањата на Игуаин, купот не треба ни да се споменува, колку што е тој крив толку се и играчите.

Не викам дека е подобар од Мурињо, Гвардиола, Клоп итн.., дека е бог, али мислам дека е одличен тренер и тоа ќе го докаже во Сити само ако го остават повеќе време на клупата и му дадат одврзани раце за трансфери. Сеуште ми е криво што не доби шанса барем уште една сезона во Реал.
 
Интересен муабет. До оние кој што не ја пратат Ла Лига редовно, еве ви кажувам. Тренериште ќе биде Симеоне. Ова 'ќе' го кажувам, бидејќи сеуште е рано да го ставам во група со најдобрите(мислам пред се на Мурињо, Пеп, Дел Боске).
Тој е најдобриот тренер во лигата оваа година и баш поради него Атлетико се наоѓа каде што е сега. Искрено, кога го гледам на кормило на ривалот, го карактеризирам како гомно невидено, но потајно посакувам да седне на клупата на Реал, а верувам и другите фанови на Реал го мистат истото.

Атлетико ги замразив сезонава, не бидејќи се за цела класа посилни од минатите сезони, туку поради карактерот на целиот тим, а највеќе поради карактерот на поединци. Станале небаре ко Билбао. Мислам дека најголема заслуга за таа пргавост и агресивност, е последица од нивниот тренер.
Како и да е, не ги потценувајте. Не посакувајте вашиот тим да се падне против нив во Лш.
 
Чоло иако е доста млад сепак е фантастичен тренер, а за тоа доволно говорат резултатите во изминатите две сезони. Сепак, рано е да се става во иста реченица со Анчелоти, Мурињо, Фергусон... Иако јас сметам дека таму и му е местото, но да почекаме резултатите и титулите да го покажат тоа. Моментално бубрег би дал да го видам на клупата на Интер, ама...

Мене најфасцинантно кај Чоло ми е неговата пасија, страст за фудбалот... Он погласно и побурно се радува од 90% од играчите на теренот, ова зборам кога неговиот тим ќе постигне гол. Таков беше и ко фудбалер, пргав, темпераментен, не можеше да ги држи емоциите во себе. Очигледно одлично ги усмерува тие емоции кон играчите. Прав мотиватор е, а и доста флексибилен тренер во поглед на формациите, не е ко мува на гомно да запиња со една иста формација и да не менува ништо па макар животот му зависел од тоа.

Нормално дека знае да смени формација и да се прилагоди на противникот не е ко Мацари и Алегри:icon_lol:

Инаку сеуште не може да се стави у иста реченица со овие "големиве" но на добар пат е да стигне таму.

Не му го оспорувам успехот туку баш напротив фасцинирам сум од тоа како ја тера сезонава и се надевам муабетите дека Атлетико ќе падне и нема да издржи до крај нема да се остварат бидејќи си заслужуваат титула момците.

Титула што ќе има огромна вредност со оглед на тоа какви тимови имаат Реал и Барса и какви суми потрошија за да ги направат.

Единствено може да ги заебат повредите и оваа перфектна сезона да отиде во непосакуван правец но се надевам среќата ќе ги послужи.

Не знам дали би отишол од Атлетико во скоро време но се надевам дека од клубот ќе му ги овозможат посакуваните засилувања и се друго што му треба бидејки може да го повторат успехот на Дортмунд од минатата сезона.
 
Некој се дрзнал да го оспорува квалитетот на Диего Симеоне, бе! :facepalm:
Не би пишувал многу, речиси се што сакав да кажам, Invader веќе го напишал во воведниот пост.
Во летото 2011та, Атлетико дадоа 40 милиони за Радамел Фалкао, а за тренер беше назначен Грегорио Манзано. Тимот не дека функционираше катастрофално, ама очекуваа сите подобри резултати после засилувањата летото 2011та. Манзано после 6 месеци доби отказ од клубот, а на негово место дојде Чоло Симеоне. Тоа што се случи во Атлетико со доаѓањето на Чоло не можам да го опишам со друг збор, освен со РЕВОЛУЦИЈА.
Сигурно знаете колку време Атлетико немаше победа над Реал. Натпревар кој има епитет 'дерби', а Атлетико немаше победа(ни на домашен ни на гостински терен) од '90 и некоја. 2013та, Реал(предводен од Мурињо) изгуби во финалето на купот од Атлети НА САНТИЈАГО БЕРНАБЕУ.

Два текста во прилог на темата:

Марсело Биелса: Лудак или гениј?

Кој е Тата Мартино? (да не ве лаже насловот, 90% од текстот е за Биелса)

ОВА
 
Се сеќавата на Евро Супер Куп 2012 година? Атлетико со Диего Симеоне го торпедираше Челзи 4-1. Симеоне создаде одличен тим. Му требаат само титули за да биде помеѓу најдобрите, вака е кандидат за тоа.
 
Што све нема да видиш, го оспоруваат Чоло а го величат Пеп и ми го ставаат како некое којзнае какво тренериште да е.

Тргај го бе Пеп Гвардиола од иста реченица со Доктор Фергусон и Мурињо.
 
Pep ke se pamti i nema da se zaboravi negoviot udel vo pravenjeto na najdominantnata ekipa ever.
Napravi mala tiki taka revolucija.
 
Pep ke se pamti i nema da se zaboravi negoviot udel vo pravenjeto na najdominantnata ekipa ever.
Napravi mala tiki taka revolucija.
Aбе се е тоа океј сфаќам, има некои замисли, игра добар фудбал ама со такви моќни екипи со такви играчишта тоа е многу лесно.. Со истата екипа на Барса и Тито Виланова освои титула. Сега на оваа екипа на Баерн и Хасан Салихамиџиќ да биде тренер партали ќе праи.

Пеп треба да се докаже со многу послаба екипа од Барса/Баерн.
 
Гледам дека си фан на Интер.
Мурињо со Интер освои триплете 2010та. Што освоија со истиот тим Гасперсон, Раниери и Страма?
;)
 
Значи људи, мене некој не ме сваќа овде..
Ја нигде не реков дека Чолиќ ( интересно ми е ова не ми се љутите) е слаб тренер..
Он је добар тренер, али је уште млад и перспективен и има уште многу да се докажува...
И највише ја почнав оваа дискусија кога некој ми рече дека он бил фудбалски гениј, немој богати, и дека бил у ранг со Мурињо и Пеп, чак и подобар од Анчелоти, алоо од Анчелоти кој има титулу у Италија, Франција и Англија, двојни круни, и 2 ЛШ освоено...
Тоа ми беше цел муабет, Симеоне е одличен тренер, со многу добра иднина, али треба да освои нешто или да видимо како ќе се снајде у голем тим у Тим кој има притисок 24/7, е тогаш ќе видимо дали е тренериште какво што го праете, или е само уште еден Андре Виљаш Боаш, Хектор Купер итн...
 
Гледам дека си фан на Интер.
Мурињо со Интер освои триплете 2010та. Што освоија со истиот тим Гасперсон, Раниери и Страма?
;)

Toтално глупа споредба ама ај, тимот што го водеше Гаспер/Раниери/Страма нема врска со оној на Мурињо..

Одма после Мурињо значи 2011 година, Бенитез освои светско првенство, после Леонардо купот го освои и во претпоследно коло ја изгуби титулата во Серија А а во ЛШ беше демолиран од Шалке во 1/8 финале..

Стварно не ти ја сфаќам поентата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom