Мегурелигиски дијалог и толеранција

  • Креатор на темата Креатор на темата Musab
  • Време на започнување Време на започнување
Во ред.

Еве, на едно и исто прашање, ти даваш еден одговор, јас давам друг одговор, речиси сигурно поинаков од твојот одговор. И што треба сега да сториме: ќе си кажеме еден на друг „...добро де, ти мислиш поинаку ама јас и покрај тоа, те толерирам..„,. И што имаме од тоа? Каде е „лепилото„ кое ќе ги зближи тие дијаметрално спротивни ставови?
 
3.мегурелигиски дијалог што не е?

-не е да се спојат двете религии и да се формира нова (намерно го нагласувам без некој да почне ова да го споменува)
-не е да се дава или одзема некоја отстапка
-нема цел да се полемизира нешто


Ако се водиме според овие "правила" мој заклучок е дека нашите ставови нема,а веројатно и не треба да се спојат.
Тој дијалог постои поради тие разлики.
 
Никој тука не вели да ги доближиме или не дај боже изедначиме ставовите, бидејќи тоа води кон лоши моменти, одамна претскажани.

Поентата е да има малку повеќе толеранција и помалку навреди, за да може да се живее убаво. Повеќе метење во својот двор и помалку во туѓиот. И кај едните и кај другите.

Ако не сме зрели да зачистиме кај себе, тогаш барем да не ги навредуваме другите.
 
Потполно се сложувам и тоа како треба здрав дијалог без неавреди, уцени , пцовки и омаложувања.

Тоа што сме тоа сме, никој неможе да го смени, ама дајте да престанеме со навреди .

Во декмократија секој си има право на свој став и свое мислење, ако некој неможе да го прифати тоа, нему немуe тука местото.
 
Дијалог помеѓу религиите е практично нереална, каков дијалог очекуваш помеѓу двајца кои се убедени дека нивниот господ е вистинскиот а дека другиот се клања на лажен господ.

Нема мојот Господ, твојот Господ, вистинскиот Господ, лажниот Господ, нивниот Господ, нашиот Господ, другиот Господ......

Господ е еден единствен, наш заеднички на сите, сите ние на еден Господ му се молиме. Господ е Господ на Ибрахим а.с.(Абрахам), Нух а.с. (Ное), Муса а.с.(Мојсеј), Иса а.с.(Исус), Сулејман а.с.(Соломон) Давуд а.с. (Давид), Јахја а.с. (Јован крстител) Јакуб а.с. (Јаков), Јусуф а.с. (Јозеф), Адем а.с.(Адам), Мухаммед с.а.в.с.

Господ е Господ на сите луѓе, на сите светови, на се она што се гледа и што не се гледа.

Трите Авраамски религии (Исламот, христијанството, еврејството) се молат и веруваат во истиот Бог.
 
Нема мојот Господ, твојот Господ, вистинскиот Господ, лажниот Господ, нивниот Господ, нашиот Господ, другиот Господ......

Господ е еден единствен, наш заеднички на сите, сите ние на еден Господ му се молиме. Господ е Господ на Ибрахим а.с.(Абрахам), Нух а.с. (Ное), Муса а.с.(Мојсеј), Иса а.с.(Исус), Сулејман а.с.(Соломон) Давуд а.с. (Давид), Јахја а.с. (Јован крстител) Јакуб а.с. (Јаков), Јусуф а.с. (Јозеф), Адем а.с.(Адам), Мухаммед с.а.в.с.

Господ е Господ на сите луѓе, на сите светови, на се она што се гледа и што не се гледа.

Трите Авраамски религии (Исламот, христијанството, еврејството) се молат и веруваат во истиот Бог.
Или Господ не постои. И тоа е опција.
 
Толеранција нема кај нас. Не само за оваа сензитивна тема, туку и за други теми.
Секој кај нас има многу што да каже, секој е експерт во секоја област а никој не сака да го слуша соговорникот затоа што смета дека само неговите ставови се во ред, а другите не се во право. Од тука потекнува целата нетолеранција.

Пример, се изјасни некој дека е атеист. Одма верниците почнуваат да му солат памет за тоа како треба и како мора да верува, како ќе гори во пеколот, како тој не е добра личност итн. без да ја знаат неговата приказна и зошто таа личност е атеист.

Не викам дека и атеистите се нешто поразлични. Ги има такви кои стојат на страна, ама има и такви што ќе те убедуваат да не веруваш затоа што тие не веруваат. Па чекај, јас сигурно не сум малоумна персона и неможам рационално да расудам што е добро а што не е за мене. Ако јас сакам да верувам, ќе верувам. Ако несакам, никој, особено не член на форум со своите проповедања нема да ме натера да верувам. Но, затоа што ова не се сфаќа, од тука почнуваат проблемите.

Развиваме дискусија, не се стремиме кон стремеж да ги трансформираме верниците во атеисти и атеистите во верници.
 
За дијалог треба да се задуши просторот за докажување, да се задуши ограниченоста и да се погледне со објективни очи.
Додека пак, ако се задуши просторот за докажување ќе нема дијалог оr whatsoever.
In fact, ќе ги снема и религиите. Не пак дијалог. Не пак мегурелигиски дијалог.

А за толерантноста е смешно. Ако некој толерира односно попушти ќе ја изгуби борбата за чиј бог е најјак.
Само хардкор дечки!!!1
 
До поставувачот на темава:

на кои теми ќе „дијалогизираме„ и ќе се „толерираме„?

Може ли да се „дијалогизира„ за Вистината?
За мене, сосема е доволна толеранцијата кон веросиповеста кон која некој се одлучил, без притисоци кон личната/неговата/нејзината слободна волја за избор. Се друго, ќе биде само останување на своите ставови, засновано на убеденоста од точноста од својата вера.

И сега, кога ќе треба да дискутирамо и за делата од таа вера, за што би дискутирале? За кои дела? За несторените? За невидените?

Каква ти е верата, такви ти се и делата...

Одговорот на прашањето требаше самиот да даваш .Знаеш ,лугето од целиот свет денеска се исправени пред различни видови проблеми.Накратко да размислиме за ситуацијата на светот денеска,како помина 20 тиот и како почна 21 век, од една страна дејствијата на дарвинистичка атеистичка и материјалистичките идеологии,социјална дегенерации,морален крах,бедност,глад,распаднати семејства,духовни гладни луге,убиства,конфликти,војни,безредија.......несомнено уште многу други злодела,го тераат светот во едно душевна а исто така и физичко уништување, дарвинистичко атеистичка материјалистичка како погубна идеологија ги заплашуваат иднината на лугето како тука така и во другиот свет.

Најголемата бесмислица е тезата (со силна пропаганда ненаучна) е тоа што го одрекнуваат Бог и тврдењета нивни дека се живо и неживо се појавило случајно.За да се спречат вакви измислени приказни ,неопходно е да се проучи докази за за створението под современата наука и да се информираат и другите за најголемата вистина.Свесните луге ,кои гледаат грандиозните структури и совршен дизајн во живите организми ,ке разберат дека не е можно да е резултатод случајниости ,ке видат дека се е створено од Семокниот Бог,и така лагата за случајност кои дарвинистите го пропагираат ке биде ништавна.
Сите искрени ,правоверни,искрени,добросвесни благоразумни христијани,евреи,муслимани е да се обединат против злото,треба да ги соединат силите и да работат во единство,но тоа треба да биде основан на принципите на ,дијалогот и толеранцијата ,мора да се оставаат караниците,и останати кочници кои се создадени од лугето,значи монотеистичките религии треба да живеат во мир.Можеби е рано, можеби нема да се свака ова ,во еден свет каде денеска е хаос ,каде се верува дека муслиман го мрзи христијанинот или евреинот и обратно да така е вметнато со силни пропаганди и кои исто така се производ на човекот ,но Бог не вели така .Како кој ке разбира, но јас сум сигурен и убеден дека ова ке се случи (иншаллах)кога припадниците на религиите подобро мегу себе ке бараат заедничките работи,него ли каква е ситуацијата денеска, ама тоа порано или покасно ке се случи, е сега некој ке ја разбира побрзо некој покасно Аллахуалем.
 
Верата е длабоко интимна работа. Секој ја доживува различно, дури и кога се работи за истоверци. Секој има свој став околу сопствените верувања (кои му се свети, се разбира) и кој помалку или повеќе се разликува од размислите на неговиот ближен. За атеистите да не правиме муабет. Оттаму меѓуверскиот дијалог треба да има главно информативен карактер, со цел љубопитните да бидат задоволени.
Арно ама, на форумов енергијата се троши главно на меѓусебно надмудрување, за..авање и омаловажување на нечија вера.
 
Религиите се нетолерантни бидејќи се засноваат на догми и ритуали, а секоја за своите мисли дека се единствено исправни, затоа толеранција би дошло како став дека глупи се ама остај ги сеа...
 
аа.... види: дали вие муслиманите знаете за почит дали вие ги сметате Христијаните за луѓе дали воопшто вие мислите дека има и други богови? Или само вашиот Алах е бог а знаеш ли дека Алах е роден после 600 години мислам не сум сигурен точно но околу 600 е Христос ги прогледнувал слепите ги проодувал инвалидите ги лекувал болните а најголемо чудо е нековото воскресение дај ако сакаш кажи ми некое чудо од вашиот бог

Нема наш ваш нивни Бог . Бог нема лично име како нас смртниците тој ниту е роден ниту родил некого . Бог ( Алах џ.ш) е творец(стварател) на се што гледаме и негледаме , знаеме и незнаеме, Бог не постои радил Луѓето него Луѓето посотајт ради Бога. Ако сакаш да увидиш и да ги проучиш религиите немора да веруваш во нив ке сватиш дека религиите се засноваат во верување на Еден Бог.

Тој не е ниту ваш ниту наш ниту на кинезите тој е ЕДЕН значи начинот на верување а различен а Бог е ЕДЕН
Сите луѓе се Луѓе дали било Христијанин , Евреин , Муслиман ;Будиста Атеиста ние не сме тие што тревба да судиме дали они се луѓе или не луѓе Бог (Едниот) е тој што ке суди и пресудува кое верување е исправно и кое ке го прими а кое отфрли кому прости и награди а кого казни .

Исламот грешиш ако Мислиш дека е роден 600 години после Иса а.с (ИСУС) Исламот постои откако постои човештвото

Знаеш ли ти што значи Ислам во превод зборот:tv:
 
аа.... види: дали вие муслиманите знаете за почит дали вие ги сметате Христијаните за луѓе дали воопшто вие мислите дека има и други богови? Или само вашиот Алах е бог а знаеш ли дека Алах е роден после 600 години мислам не сум сигурен точно но околу 600 е Христос ги прогледнувал слепите ги проодувал инвалидите ги лекувал болните а најголемо чудо е нековото воскресение дај ако сакаш кажи ми некое чудо од вашиот бог

Не ти е баш постов за во оваа тема. Ова е темата која нај многу не одговара на духот кој преовладува во твојот пост.
Можеш прашањава да ги поставиш во темата: Прашања за Исламот.
 
Еве јас не сум во ниту една религија,де факто и дејуре сум толерантен и можам да бидам посредувач за меѓурелиске проблеми.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom