Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
http://www.smk.org.mk/index.asp?content=vest&id=1751&vlang=mk
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС
ИТЕН И БЕЗУСЛОВЕН ПРЕКИН НА РАЗГОВОРИТЕ ЗА ДРЖАВНОТО ИМЕ МАКЕДОНИЈА, А НЕ РЕФЕРЕНДУМ ЗА НЕГОВА ТРАЈНА ПРОМЕНА!
31 октомври 2009 година, Скопје, Македонија -
Референдумот е легитимно право на граѓаните за непосредно остварување на власта, а одлуката на референдумот е задолжителна. Но, прашањето за државното име Македонија е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година, кога македонскиот народ и граѓаните на Македонија во апсолутно мнозинство гласаа „за самостојна и суверена држава Македонија“ без додавки и придавки!
Нов референдум нема да биде референдум за одбрана на државното име Македонија, туку за негова трајна промена. Исто како што Македонија со медијаторство на Обединетите Нации не разговара за замена на времената референца „поранешна Југословенска Република“ со ново меѓународно име, туку за разликата за државното име Македонија во односите со Атина, што не значи негова промена!
Притоа, меѓународно име е државното име Македонија, а името на македонскиот народ е нераскинливо поврзано со името на државата Македонија. Секоја промена на државното име Македонија значи трајна промена на името на македонскиот народ, бидејќи по меѓународно право националноста како синоним за државјанство по автоматизам се определува од името на нацијата како синоним за држава. Идентитетот на нацијата е името на државата!
Затоа, Светскиот Македонски Конгрес бара итен и безусловен прекин на разговорите за разликата за државното име Македонија во односите со Атина и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија со можност за употреба на уставната референца „Република“ без латинична транскрипција на македонскиот јазик туку на англиски јазик „The Republic of Macedonia“ со меѓународниот код МК односно МКД, како јасна разлика од истоимената северна грчка провинција Јужна Македонија.
Барањето на Атина и притисокот на Европската Унија за промена на државното име Македонија претставува геноцид врз македонскиот народ и злосторство врз човештвото!
Светскиот Македонски Конгрес ги повикува парламентарните партии, претседателот на Републиката, пратениците и министрите на единство за одбрана на државното име, а не на велепредавство за негова трајна промена!
Македонците се за пристапување на Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО, но доколку грчкиот геноцид врз македонскиот народ, антимакедонизмот на Атина и промената на државното име Македонија се вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Грција, се отфрла членувањето во овие сојузи на држави.
Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет се: за неповредливост на македонско-грчката граница, за македонско-грчко помирување, за враќање на државјанствата и имотните и наследните права на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија од балканските војни и граѓанската војна во Грција, за договор за траен мир и добрососедство меѓу Република Македонија и Република Грција, и се откажуваат од ексклузивното право врз културата и историјата на Македонија како дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос независно од разликите во читањето на историјата дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации, но ги отфрлаат притисоците за промена на државното име Македонија!
Светскиот Македонски Конгрес апелира до Соединетите Американски Држави да не го погазуваат стратешкото партнерство со Македонија, да се откажат од притисоците за промена на државното име Македонија и да останат доследни на одлуката за признавање од 3 ноември 2004 година!
А на тебе како да ти е криво човек што цело време лобира и работи за Македонија што го вработиле некаде. Како тој да не заслужува да заработува од својот труд. Туку кажи ти со што придонесе за зачувувањето на името ?Дали Тодор Петров живее од функцијава и додворувањето на власта.
Пред некој ден и некаде го вработиле без везе???Во општина - клати врата.....?????
ало, сите теми ти се...еднострани, ич не се приметува твоето војникување.Дали Тодор Петров живее од функцијава и додворувањето на власта.
Пред некој ден и некаде го вработиле без везе???Во општина - клати врата.....?????
http://sitel.com.mk/dnevnik/makedon...ni-se-za-prekinuvanje-na-pregovorite-za-imetoАнкета: Мнозинството граѓани се за прекинување на преговорите за името
Расположението на мнозинството граѓани е дека преговорите за името треба да се прекинат и оти Македонија може да влезе во ЕУ и НАТО и без да го промени името.
![]()
Сепак останува значителна разликата во мислењето на албанската популација во Македонија по однос на овие прашања.
Тоа како што изјави Сашо Кокаланов главен и одговорен уредник на Дневник го покажуваат резултатите од анкетата што весникот ја спровел во периодот од 15 до 18 овој месец на репрезентативен примерок од 1080 испитаници.
Вистинската слика е ниешто друго, повеќе од 75% од населението (Македонците) е за итен прекин на преговорите со грција, од кои 18% се албанците во Македонија (бидејќи не се повеќе од 18% иако ги лажираа резултатите од пописот 2002) и 7% се комуњариве верни на нивниот "Падре".
Тие кои се за, нека прочитаат оваа вестВистинската слика е ниешто друго, повеќе од 75% од населението (Македонците) е за итен прекин на преговорите со грција, од кои 18% се албанците во Македонија (бидејќи не се повеќе од 18% иако ги лажираа резултатите од пописот 2002) и 7% се комуњариве верни на нивниот "Падре".
ја прочитав истата вест и на А1 и таму стои дека 51% од испитаниците се за преќин на преговорите со грција (не заслужува ни да се напише со голема буква). Ова е тешка манипилација на јавноста. Иако насловот нажува едно, треба да се прочита меѓуредови дека "скоро" половина од населението е за продолжување на преговорите, и тоа ќе се земе како аргумент против нас а во интерес на поделбата на Македонија. Вистинската слика е ниешто друго, повеќе од 75% од населението (Македонците) е за итен прекин на преговорите со грција, од кои 18% се албанците во Македонија (бидејќи не се повеќе од 18% иако ги лажираа резултатите од пописот 2002) и 7% се комуњариве верни на нивниот "Падре".
еди..гајле ми е за епл...знам кој сум и што сум.
Тие што се за продолжување на преговорите не значи дека сите се за промена на името на Републка Македонија. Преговорите не мора да завршат со промена на име