Меѓународно движење против промена на името

Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
ма каки промена, ма каки компромис, а бе нема ни разговори а не преговори, Србија кажа дека ако и го постават услов да го признае Коосово за да влезе во ЕУ нема да прифанат.....е сеа друг си ја има мувата........
 
Член од
26 април 2010
Мислења
501
Поени од реакции
21
http://www.smk.org.mk/index.asp?content=vest&id=1751&vlang=mk

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

ИТЕН И БЕЗУСЛОВЕН ПРЕКИН НА РАЗГОВОРИТЕ ЗА ДРЖАВНОТО ИМЕ МАКЕДОНИЈА, А НЕ РЕФЕРЕНДУМ ЗА НЕГОВА ТРАЈНА ПРОМЕНА!

31 октомври 2009 година, Скопје, Македонија -

Референдумот е легитимно право на граѓаните за непосредно остварување на власта, а одлуката на референдумот е задолжителна. Но, прашањето за државното име Македонија е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година, кога македонскиот народ и граѓаните на Македонија во апсолутно мнозинство гласаа „за самостојна и суверена држава Македонија“ без додавки и придавки!

Нов референдум нема да биде референдум за одбрана на државното име Македонија, туку за негова трајна промена. Исто како што Македонија со медијаторство на Обединетите Нации не разговара за замена на времената референца „поранешна Југословенска Република“ со ново меѓународно име, туку за разликата за државното име Македонија во односите со Атина, што не значи негова промена!

Притоа, меѓународно име е државното име Македонија, а името на македонскиот народ е нераскинливо поврзано со името на државата Македонија. Секоја промена на државното име Македонија значи трајна промена на името на македонскиот народ, бидејќи по меѓународно право националноста како синоним за државјанство по автоматизам се определува од името на нацијата како синоним за држава. Идентитетот на нацијата е името на државата!

Затоа, Светскиот Македонски Конгрес бара итен и безусловен прекин на разговорите за разликата за државното име Македонија во односите со Атина и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија со можност за употреба на уставната референца „Република“ без латинична транскрипција на македонскиот јазик туку на англиски јазик „The Republic of Macedonia“ со меѓународниот код МК односно МКД, како јасна разлика од истоимената северна грчка провинција Јужна Македонија.

Барањето на Атина и притисокот на Европската Унија за промена на државното име Македонија претставува геноцид врз македонскиот народ и злосторство врз човештвото!

Светскиот Македонски Конгрес ги повикува парламентарните партии, претседателот на Републиката, пратениците и министрите на единство за одбрана на државното име, а не на велепредавство за негова трајна промена!

Македонците се за пристапување на Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО, но доколку грчкиот геноцид врз македонскиот народ, антимакедонизмот на Атина и промената на државното име Македонија се вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Грција, се отфрла членувањето во овие сојузи на држави.

Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет се: за неповредливост на македонско-грчката граница, за македонско-грчко помирување, за враќање на државјанствата и имотните и наследните права на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија од балканските војни и граѓанската војна во Грција, за договор за траен мир и добрососедство меѓу Република Македонија и Република Грција, и се откажуваат од ексклузивното право врз културата и историјата на Македонија како дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос независно од разликите во читањето на историјата дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации, но ги отфрлаат притисоците за промена на државното име Македонија!

Светскиот Македонски Конгрес апелира до Соединетите Американски Држави да не го погазуваат стратешкото партнерство со Македонија, да се откажат од притисоците за промена на државното име Македонија и да останат доследни на одлуката за признавање од 3 ноември 2004 година!
Дали Тодор Петров живее од функцијава и додворувањето на власта.
Пред некој ден и некаде го вработиле без везе???Во општина - клати врата.....?????
 
E

emission

Гостин
Дали Тодор Петров живее од функцијава и додворувањето на власта.
Пред некој ден и некаде го вработиле без везе???Во општина - клати врата.....?????
А на тебе како да ти е криво човек што цело време лобира и работи за Македонија што го вработиле некаде. Како тој да не заслужува да заработува од својот труд. Туку кажи ти со што придонесе за зачувувањето на името ?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.876
Поени од реакции
12.408
Дали Тодор Петров живее од функцијава и додворувањето на власта.
Пред некој ден и некаде го вработиле без везе???Во општина - клати врата.....?????
ало, сите теми ти се...еднострани, ич не се приметува твоето војникување.
Што згрешил Петров со повик за прекин на преговори и со овој текст, ај ако знаеш? Тој човек проба да се бори против сите транзициски профитери и политичари во парламентот во почетокот на 90-тите години (оние чии имиња според многу медиуми и аналитичари се поврзани со шверц и падот на економијата) ама не му успеа, го тргнаа.
Камо да имавме едно стотина како него.
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
vselenec провиден си.....ама и маглив у истовреме, мака ми е од такви како тебе...марш таму и веќе не те ни читам на листа за игнор си.......
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Анкета: Мнозинството граѓани се за прекинување на преговорите за името


Расположението на мнозинството граѓани е дека преговорите за името треба да се прекинат и оти Македонија може да влезе во ЕУ и НАТО и без да го промени името.



Сепак останува значителна разликата во мислењето на албанската популација во Македонија по однос на овие прашања.
Тоа како што изјави Сашо Кокаланов главен и одговорен уредник на Дневник го покажуваат резултатите од анкетата што весникот ја спровел во периодот од 15 до 18 овој месец на репрезентативен примерок од 1080 испитаници.
http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/anketa-mnozinstvoto-gragjani-se-za-prekinuvanje-na-pregovorite-za-imeto
 
E

emission

Гостин
Реално мислам дека тој процент е многу поголем. Во секојдневните контакти откако го имаме проблемот имам сретнато само еден или двајца што се за промена на име иако и тие би сакале да не се смени доколку сме биле во подобра економска состојба. Станува збор за етничко Македонска средина, па мислам дека тој процент од анкетата во која 63 % етнички Македонци се против е многу поголем, само индивидуалци се за истото. Проблемите со кои се соочува ЕУ и огромните финансиски дупки што се појавија како и лошото функционирање на системот верувам дека ќе придонесат уште повеќе луѓе што се колебале да бидат против било какво чепкање во името.
 

Моето_е_поголемо

муа не ме лазе
Член од
22 јули 2005
Мислења
475
Поени од реакции
21
ја прочитав истата вест и на А1 и таму стои дека 51% од испитаниците се за преќин на преговорите со грција (не заслужува ни да се напише со голема буква). Ова е тешка манипилација на јавноста. Иако насловот нажува едно, треба да се прочита меѓуредови дека "скоро" половина од населението е за продолжување на преговорите, и тоа ќе се земе како аргумент против нас а во интерес на поделбата на Македонија. Вистинската слика е ниешто друго, повеќе од 75% од населението (Македонците) е за итен прекин на преговорите со грција, од кои 18% се албанците во Македонија (бидејќи не се повеќе од 18% иако ги лажираа резултатите од пописот 2002) и 7% се комуњариве верни на нивниот "Падре".
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Вистинската слика е ниешто друго, повеќе од 75% од населението (Македонците) е за итен прекин на преговорите со грција, од кои 18% се албанците во Македонија (бидејќи не се повеќе од 18% иако ги лажираа резултатите од пописот 2002) и 7% се комуњариве верни на нивниот "Падре".
Сега ќе сакаат да велезат со појака кампања да ни ги перат мозоците. Бог да чува и да брани. Нека се гонат у три лепе и нарачувачот и домашниве изроди. Треба да почнат да се трлкалаат глави зошто само тоа разбираат.

"..........Значи, ако ги баталиме заблудите на индоктринираните политиканти, она што ме затече неподготвена во овој одличен деловен потфат на „Дневник“ е организирањето конференција за медиумите за нарачателот да искоментира оти ''резултатите очигледно упатувале на тоа дека требало уште време за да се промени ставот на мнозинството граѓани'', кои сега се цврсти противници на менување на името со кое се идентификуваат и индивидуално и колективно. Соопштувајќи го ова, неодминлив беше впечатокот дека нарачателот е крајно незадоволен од одговорите на репрезентативниот примерок. Ова, според мое видување, ги проблематизира мотивите за анкетирањето, кои очигледно немале намера да го истакнат ставот на мнозинството и да бараат тој да биде демократски респектиран при моделирањето на државната политика, туку за да се процени дали досегашните насилнички и непристојни пропагандни кампањи за втерување страв, перење мозок и сеење конфузија дале некакви резултати на патот кон нашите евроатлантски интеграции. Искрено се надевам дека деновиве уредништвото ќе ни појасни кому всушност му беше наменета пораката дека на пропагандистите им треба уште маку време за да испорачаат резултати. Оти, јасно е дека тоа не и е упатено на македонската публика. Таа не побарала уште малку време за да и буричкаат во свеста и самосвеста за да ја обликуваат како пластелин. Попрво сум уверена дека македонската публика бара да биде респектирана и почитувана поради своите уверувања. Значи, да не жилавам, очебијно е дека нарачателот на анкетата се вади пред некој за тоа дека досегашниот пропаганден пресинг не дал резултати, оти времето било кратко!?.............."

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=52810101093&id=13&prilog=0&setIzdanie=21993
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
На А2 и Алфа исто ла*но се, модерираат судар сега меѓу генерации, демек постариве се поконзервативни и не сакаат толку во Европа и ги кочат младите кои се прогресивни и кои во Европа едвај чекаат да дојдат, ама за која намена и самите експертутки незнаат.
Во самата наша држава наместо да имаме специјална војна против тие кои го разградуваат македонското национално ткиво ние имаме обратна ситуација, специјална војна против македонското национално ткиво.
Кој го води тоа оро ?
А1, А2, Алфа, Шпиц, Дневник, Време, Утрински, Вест.
Јас сум ги избришал од мојата листа, мојата лична војна е одамна започната со сите душмани на оваа земја.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.876
Поени од реакции
12.408
Вистинската слика е ниешто друго, повеќе од 75% од населението (Македонците) е за итен прекин на преговорите со грција, од кои 18% се албанците во Македонија (бидејќи не се повеќе од 18% иако ги лажираа резултатите од пописот 2002) и 7% се комуњариве верни на нивниот "Падре".
Тие кои се за, нека прочитаат оваа вест
Србија може да влезе во ЕУ ако го признае Косово
(Србија за Косово, Македонија за севкупни одлики како држава) нека се задумаат малку, доста некој друг мисли за нив...доста шпиц, утрински, Падре и а1 им ги насочуваат зборовите...едино тој % (за преговори и менување) македонци ако сакаат да си ја изгубат државата, тоа е друга работа, за такви јадници помош нема :toe:
 
S

smart ass

Гостин
еди..гајле ми е за епл...знам кој сум и што сум.

И ја дадов поддршката на оваа влада исто и на претседателот и гледам дека ѓоле ја оправда...што се однесува до владата на економски план малце сум разочаран...но..овде збориме за надворешна политика и сметам дека сега засега,согласно условите водиме најдобра мирољубива надворешна политика па ова малце ми доаѓа како олеснување бидејќи овојпат довербата ја дадов на оваа влада.

Нејсе би рекол дека сме СУПЕРИОРНИ кога е во прашање надворешната политика....Грција сама се заплетка во пајажината која ја создаваше за нас,ние постапивме разумно и на среден рок ова ќе има позитивни ефекти имајќи ја предвид соработката со Израел,САД,Турција и.т.н...но ЕДНО ме плаши...овие одвнатре...овие како да ги наречам..ДА ми текна СВИНСКА ТЕНИЈА..ете такви се,внатрешниот непријател е тука истиот поддржан од странски структури-тука треба да се реагира.

Инаку едно знам-ИМЕТО НЕМА ДА СЕ ПРОМЕНИ!!!

Знам и дека и Б.Ц само шлапаше за брзи решенија...и он нема муда да потпише такво нешто...всушност и треба да му бидеме донекаде благодарни него-грција го прекрши договорот со ветото,истиот договор е од Б.Ц и Кирчо кои имајќи ги предвид тогашните околности и немаа избор...но барем успејаа да го средат договорот-сега треба да се продолжи тужбата која очигледно ја добиваме а со тоа договорот престанува да важи т.е веќе не сме ФИРОМ-ова треба да оди пред ООН и нашите сега чекаат пресуда,а не е проблем фактот што ќе треба време...а НЕМА бидејќи истото е ресурс...дотогаш т.е наредниве 5 години би било добро да се среди судството и економијата-Македонија има Потенцијал...штета е што ЕДНИ ИСТИ уште од осамостојувањето до ДЕНЕС си играат договорна економија(СССР тип).

Колку е поголема економската моќ толку е и политичката и се разбира треба конечно да почне интензивирање т.е лобирање посебно кај земјите членки на т.н нова ЕУ и секако во САД т.е веќе не признаа они,покрај Русија и Кина...работите одат на наша страна:)
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
ја прочитав истата вест и на А1 и таму стои дека 51% од испитаниците се за преќин на преговорите со грција (не заслужува ни да се напише со голема буква). Ова е тешка манипилација на јавноста. Иако насловот нажува едно, треба да се прочита меѓуредови дека "скоро" половина од населението е за продолжување на преговорите, и тоа ќе се земе како аргумент против нас а во интерес на поделбата на Македонија. Вистинската слика е ниешто друго, повеќе од 75% од населението (Македонците) е за итен прекин на преговорите со грција, од кои 18% се албанците во Македонија (бидејќи не се повеќе од 18% иако ги лажираа резултатите од пописот 2002) и 7% се комуњариве верни на нивниот "Падре".
Тие што се за продолжување на преговорите не значи дека сите се за промена на името на Републка Македонија. Преговорите не мора да завршат со промена на име

--- надополнето ---

еди..гајле ми е за епл...знам кој сум и што сум.
OK, се сложувам со се шо велиш, особено за прекршената спогодба. И капирам дека најважно е ние како се чувствуваме, ама барем мене (нз за другите) ми е важно како ме ословуаат. Секојпат коа мењам јазик на компот излегува тоа "Former Yugoslav..." шо не ми е по ќеиф.

А коа веќе го спомнавме Мајкрософт и Апл http://www.cbc.ca/money/story/2010/05/26/apple-microsoft-market-cap.html
http://www.cbc.ca/money/story/2010/05/26/apple-microsoft-market-cap.html
 

Моето_е_поголемо

муа не ме лазе
Член од
22 јули 2005
Мислења
475
Поени од реакции
21
Тие што се за продолжување на преговорите не значи дека сите се за промена на името на Републка Македонија. Преговорите не мора да завршат со промена на име
А ти паднат од Марс си или директивата ти наложува така. Зошто се преговорите, за да ни дадат попуст за летово? Преговорите или ќе се прекинат или ќе завршат со промена на името на нашата држава. Ние не преговараме за да остане името Република Македонија бидејќи нашиот устав ни кажува дека сме Република Македонија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom