May the forest be with you

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
May the Forest be with you – е име на тема во која ја отварам да дискутираме за еден глобален судир. Се работи за борбата против употребата на фосилните горива. Под поимит фосилни горива се обфатени јагленот, нафтата и гасот. Се работи за фосилни горива кои на разни начини, настанале во текот на геолошката историја на паланетата Земја. Тие горива се познати одамна, но нивната поголема употреба започнала во средината на 19. век. Согорувањето на овие фосилни горива предизвика зголемена количина на јагленороден диоксид во атмосферата и други штетни последици. Тоа предизвикува зголемен „ ефект на стаклена бавча “ и глобално затоплување. Од друга страна, согорувањето на фосилни горива предизвикува, меѓу другото, и кисели дождови кои го уништуваат или сериозно оштетуваат живиот свет на планетава . На ова се посебно осетливи планктоните во океаните. Тие планктони се први во ланецот на исхрана на живиот свет во океаните. Поради ова целиот живот на планетата Земја е во опасност.

За да се спаси живиот свет на планетава неопходно е да престане употреба на фосилни горива.

Тие кои бараат да престане употребата на фосилните се сите еколошки свесни луѓе и представуваат глобално движење. Кон ова движење се приклучени млади, школовани, приклучени се речиси сите ученици и студенти се. Покрај нив ова движење го подржуваат и најголемиот број на образувани, културни, богати, славни и еколошки свесни луѓе. За ова се организирани голем број невладини организации кои се борат против употребата на фосилни горива.

Против нив се претпријатијата кои се занимаваат со производство и промет на фосилни горива. Тие исто знаат кои се последиците од употребата на фосилни горива. Но за нив се битни нивните профити.

Што се однесува до политичките елити тука има поделба. Најголем од политичарите низ Светот го подружваат барањето да престане употребата на фосилните горива, но има и политичари кои се против ова барање.

Значи постои глобален судир.

Од една страна се противниците на употребата на фосилни горива. Тие се млади, школувани, образовани, храбри и достоинствени.

Од друга страна се претпријатијата кои остваруваат профити и нивните малубројни подржувачи од политиката. Тие се многу богати и се борат за своите профити. Огромни пари се вртат со фосилните горива.

Всушност се работи на борба помеѓу доброто и злото.

Во 1977 Џорџ Лукас го сними првото продолжение на филмскиот серијал Војна на ѕвездите. Во второто продолженија на серијалот, Јода ги ја изговорил реченицата May the Forсe be wth you. Тоа се легендарни зборови. Овие зборови се употребуваат кога поединец или група тргнуваат да се борат за општо добро. Оваа реченица, малку изменета, May the Forest be wth you често ја употребуваат тие кои се борат против употребата на фосилни горива, бидејќи тие се борат за општо добро.

Значи оваа тема ја отварам за да разменуваме информации и да ја следиме глобалната борба против употребата на фосилни горива. Значи ќе следиме настани кои ќе се случат или се случиле а имаат значај за оваа борба низ Светот.

Како прва информација, која јас ја објавувам е дека за 29 април оваа година е закажан голем протестен марш во Вашингтон ДиСи . Еве страница на која можете да се приклучите на маршот


https://peoplesclimate.org/


Ве молам да не пишувате како е ова во Република Македонија. Кај нас нема вистинско еколошко движење, а она што кај нас, во врска со ова, го праваат политичките елити, е смешно и не е за дискусија. Затоа оваа тема ја отварам во темата „ Свет “ и ве молам да не пишувате што се случува кај нас.
 

Attachments

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.967
Поени од реакции
35.600
Не верувам дека профитерите толку лесно ќе се откажат од црното злато. Единствен начин за стоп на негово користење е исцедување на сите светски резерви , мада веројатноста за ова е многу мала. А алтернативи има еден куп , али светските мафиози во костуми нема да дозволат да се применуваат.
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Може да ми кажете кои се моменталните алтернативи на фосилните горива?
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.067
Поени од реакции
4.716
Може да ми кажете кои се моменталните алтернативи на фосилните горива?
Електрични автомобили, соларна енергија, енергија од ветер, складирање на енергија и сл.
 

раднаскела

Wubba lubba dub duuuub
Член од
7 февруари 2011
Мислења
1.678
Поени од реакции
1.990
Додека светот се плаши да инвестира во нуклеарната енергија, ќе гориме јаглен и дрва.;)
 
K

kicodarker

Гостин
Нaфтaтa е гoлемa измaмa. И кoлку тoни нaфтa дa имaше пoд земјa дoсегa ќе се исцрпеше aкo рaфинериите немaa некoјa aлтернaтивa нaјденo сoздaденa вo лaбирaтoријa. Нaфтени кризи скoрo и дa немaлo пoследните 10 гoдини пa и нaзaд. А вo принцип бaш требa oбрaтнo,снемувa нaфтa пa се бушaт нoви извoри некoлку км пoдлaбoкo. А уствaри рaфинериите си рaбoтaт без прoблем зaтoa штo и вo нив се прoизведувa денешнoтo гoривo пo рецепт. Е зaтoa вo 2017тa гoдинa,свет кaде штo мoжеме дa ги пoлниме бежичнo телефoните,струјaтa пaтувa безжичнo,кoмуникaцијaтa е беспрекoрнo брзa и се случувa инстaнт, рaзгoвaрaме сo нaшите смaртфoни, нaшиoт aвтoмoбил имa систем зa препoзнaвaње сooбрaќaјни знaци,зaмoр кaј вoзaч,сaм вклучувa крaтки дoлги светлa aвтo пилoт и уште еден тoн Sci-fi технoлoгии сеуште гo имaме истиoт принцип нa рaбoтa нa мoтoрoт кaкo првиoт aвтoмoбил вo 19ти век тaкa и денес нaјмoдерниoт нaјлуксузниoт aвтoмoбил сеуште е нa принцип ПАМПУР сo мрсен зaчaден мoтoр кoј рaбoти нa сoгoрувaње нa гoривo.

Успеaвме супер јaки кoмпјутери дa ги сведиме дa рaбoтaт сo 1200 mAh цел ден, нaречени смaртфoни, a не мoжеме дa стaвиме бaтеријa вo aвтoмoбил. Зaтoa и не верувaм декa резервите нa нaфтa не се исцрпени туку се рaбoти нa принцип "никoгaш дa не бидaт исцрпени". Oвa дo нaфтaтa штo се кoристи сеуште вo мoдерните aвтoмoбили му дoaѓa истo кaкo дa прaќaвме сеуште писмa пo пoштa зa кoмуникaцијa сaмo нaпишaни нa тaблет без 2G 3G мрежa.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Меѓу првите работи кои ги направи Трамп по изборот беше да ги одобри градбите на нафтоводите Кејстон и Дакота
http://www.bbc.com/news/world-us-canada-30103078
Со нафтоводот Кејстон е предвидено да се транспортира нафта од државата Алберта во Канада до Хјустон во Тексас
https://en.wikipedia.org/wiki/Keystone_Pipeline
A нафтоводот Дакота е предвиден за транспорт на нафта од државата Северна Дакота до државата Илиноис
https://en.wikipedia.org/wiki/Dakota_Access_Pipeline
Трамп својата одлука ја образложи со зборовите - „ ќе се троши американски челик “
Меѓутоа на оваа претходеа масовни протести против уште од 2010 година
Ве молам, кој сака и може, со интернет, да прибере и постира, податоци за овие протести.
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Електрични автомобили, соларна енергија, енергија од ветер, складирање на енергија и сл.
Да, но прашањето беше моментални алтернативи, а не идни.

Сите тие што ги наброја се концепти коишто допрва почнуваат да се применуваат но за жал сеуште не се достојни во целост да ја заменат употребата на фосилни горива поради повеќе причини. Главниот проблем е масовно производство на чиста електрична енергија. Џабе ти се електрични автомобили ако се полнат со струја која е произведена со согорување на јаглен и нафта.

Оваа промена не може да се случи преку ноќ, но компании како Тесла на пример полека но сигурно го трасираат патот. Мора да се даде време. Дополнително државите потпишуваат договори (како оној во Париз) со кои се oбесхрабрува инвестирањето во фосилни горива и се поставуваат јасни цели за намалување на емисијата на јаглерод диоксид.
Но, соларните панели сеуште се скапи за производство и не доволно ефикасни, ветерниците се добри како додаток но се непостојан извор на енергија, и така натаму. Moментално најголемата соларна фарма е во Кина на површина од некои 27 килмометри квадратни и со капацитет од 850 мегавати, а и во други држави како Индија, САД, Пакистан итн. веќе има а и дополнително се градат се‘ поголеми соларни фарми. Сепак тоа сеуште не е доволно за целосен пресврт.

Поентата ми е дека никој намерно не го саботира или кочи напредокот и употребата на чиста енергија туку едноставно технологијата е во зачеток. Доколку има можност никој не може да успее да ја запре експанзијата на чиста, обновлива и бесплатна енергија. Тоа им е јасно на сите и затоа и челниците на некои од најголемите нафтени компании како Shell на пример даваат изјави во јавноста дека иднината на производството на струја лежи во чистата енергија и се обидуваат да транзитираат натаму. Меѓутоа ќе поминат уште неколку децении пред тоа да се случи. Сега за сега со алтернативите што ги наброја може само да се намали емисијата на штетни гасови но не и целосно да се елиминира.

Нaфтaтa е гoлемa измaмa. И кoлку тoни нaфтa дa имaше пoд земјa дoсегa ќе се исцрпеше aкo рaфинериите немaa некoјa aлтернaтивa нaјденo сoздaденa вo лaбирaтoријa. Нaфтени кризи скoрo и дa немaлo пoследните 10 гoдини пa и нaзaд. А вo принцип бaш требa oбрaтнo,снемувa нaфтa пa се бушaт нoви извoри некoлку км пoдлaбoкo. А уствaри рaфинериите си рaбoтaт без прoблем зaтoa штo и вo нив се прoизведувa денешнoтo гoривo пo рецепт. Е зaтoa вo 2017тa гoдинa,свет кaде штo мoжеме дa ги пoлниме бежичнo телефoните,струјaтa пaтувa безжичнo,кoмуникaцијaтa е беспрекoрнo брзa и се случувa инстaнт, рaзгoвaрaме сo нaшите смaртфoни, нaшиoт aвтoмoбил имa систем зa препoзнaвaње сooбрaќaјни знaци,зaмoр кaј вoзaч,сaм вклучувa крaтки дoлги светлa aвтo пилoт и уште еден тoн Sci-fi технoлoгии сеуште гo имaме истиoт принцип нa рaбoтa нa мoтoрoт кaкo првиoт aвтoмoбил вo 19ти век тaкa и денес нaјмoдерниoт нaјлуксузниoт aвтoмoбил сеуште е нa принцип ПАМПУР сo мрсен зaчaден мoтoр кoј рaбoти нa сoгoрувaње нa гoривo.

Успеaвме супер јaки кoмпјутери дa ги сведиме дa рaбoтaт сo 1200 mAh цел ден, нaречени смaртфoни, a не мoжеме дa стaвиме бaтеријa вo aвтoмoбил. Зaтoa и не верувaм декa резервите нa нaфтa не се исцрпени туку се рaбoти нa принцип "никoгaш дa не бидaт исцрпени". Oвa дo нaфтaтa штo се кoристи сеуште вo мoдерните aвтoмoбили му дoaѓa истo кaкo дa прaќaвме сеуште писмa пo пoштa зa кoмуникaцијa сaмo нaпишaни нa тaблет без 2G 3G мрежa.
Што кажа сега... Моторот на првиот автомобил од еден денешен модерен мотор се разликува како ден и ноќ. Како небо и земја. Денешните мотори на внатрешно согорување се доведени скоро до совршенство во поглед на ефикасноста на согорување на горивата а минимални емисии на штетни издуви. Да не заборавиме и дека се‘ повеќе и повеќе искачаат модели кои што користат хибридна технологија, а тука се и моделите на Тојота кои работат на водород.

И не можеш да споредуваш технологии кои немаат допирна точка со ова што го дискутираме. Обезбедувањето на чиста и обновлива енергија е еден од најголемите предизвици и достигнувања за било која цивилизација. За да ги задоволиме моменталните потреби на енергија на целата планета, ако користиме само соларна енергија би требало во теорија цела Земјина површина да ја покриеме со соларни панели. Бидејќи ова е неизводливо, следен чекор е градење на соларни сателити или градење соларни фарми на Месечината и слично, нешто што уште не сме моќни да го направиме и покрај тоа што ти имаш смартфон во џеб. Нафтата е сеуште наједноставното решение за нас.

Инаку, со сегашното темпо на употреба нафта може да има и уште за околу 40 години. Не знам од каде ти е податокот дека до сега ќе се исцрпела? Баш поради тоа што снемува се применуваат или се размислува да се применуваат контроверзни методи како fracking што е во суштина хоризонтално дупчење на земјата за да се измолзи секоја капка нафта и гас.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.784
Поени од реакции
21.189
@Vojo Ushevski е решението. Стрпете се уште малце, кај да е готова е. Ем еколошки , ем обновлив или каков и да е.
Сите ке си ставиме во дворот по една таква и збогом сиромаштијо :)
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.784
Поени од реакции
21.189
Да ги поздравам сите што се греат на еколошките клими и што сметаат дека со тоа никако не допринесуваат за загаденоста на воздухот со некакви си таму честички со едно клипче снимено најверојатно некни. Претпоставувам дека е тогаш пошто и јас ова покрај некни го имам забележано безборј пати и ми се јавило желба да сликам ама си реков ај кој ке се замара. Но ете некој се замарал
Бујрум
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.067
Поени од реакции
4.716
Да, но прашањето беше моментални алтернативи, а не идни.

Сите тие што ги наброја се концепти коишто допрва почнуваат да се применуваат но за жал сеуште не се достојни во целост да ја заменат употребата на фосилни горива поради повеќе причини. Главниот проблем е масовно производство на чиста електрична енергија. Џабе ти се електрични автомобили ако се полнат со струја која е произведена со согорување на јаглен и нафта.

Оваа промена не може да се случи преку ноќ, но компании како Тесла на пример полека но сигурно го трасираат патот. Мора да се даде време. Дополнително државите потпишуваат договори (како оној во Париз) со кои се oбесхрабрува инвестирањето во фосилни горива и се поставуваат јасни цели за намалување на емисијата на јаглерод диоксид.
Но, соларните панели сеуште се скапи за производство и не доволно ефикасни, ветерниците се добри како додаток но се непостојан извор на енергија, и така натаму. Moментално најголемата соларна фарма е во Кина на површина од некои 27 килмометри квадратни и со капацитет од 850 мегавати, а и во други држави како Индија, САД, Пакистан итн. веќе има а и дополнително се градат се‘ поголеми соларни фарми. Сепак тоа сеуште не е доволно за целосен пресврт.
Па веќе се моментална алтернатива, постојат и се користат со години. Цената за производство на соларна енергија постојано се намалува и тоа експоненцијално и моментално е прилично достапна за просечно западно домаќинство.
Исто така последниве 7-8 години соларната и енергијата од ветар земаат голем замав и најголем дел од новите капацитети на енергија се токму тие. Впрочем, денеска е поисплатливо да инвестираш во соларна централа отколку во термоцентрала на јаглен.

Електричните автомобили (дел од нив) можеби трошат енергија произведена од јаглен, но самата технологија е двојно поефективна од користење фосилни горива. Ако со бензин имаш емисија од пример 200 гр. јаглерод, со електричниот еквивалент ќе имаш 100 гр.

Да, чистата енергија моментално е на почеток и е во голема експанзија, но дефинитивно ќе биде потребно време за да барем ја премине енергијата добиена од фосилни горива. Но и самата енергија од сонце и ветер не е доволна бидејќи не секогаш и секаде има сонце и ветер.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Eве нешто „ тазе “ - од денес.
http://www.thehindu.com/news/national/tamil-nadu/protest-continues-at-neduvasal/article17419559.ece

Протестот против проектот за вадење на гас во Недувасал покраина Тамил, Индија влезе во 19 тиот ден
А група на жени кои учествувале на протестот, пееле тажачка песна. . Една група на лица со посебни потреби и од други делови на областа го посетила селото изразувајќи солидарност со земјоделците кои протестираат.


Интересно е што најжестоката борба против употребата на фосилните горива се води САД, ЕУ, Австралија и други високо развиени земји
Но како што гледате и во Индија има жестоки борци
 

Kajgana Shop

На врв Bottom