MaxTV IPTV телевизија (Македонски Телеком) генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
Член од
25 септември 2009
Мислења
793
Поени од реакции
368
Како манипулираат не ми се верува. На интернет на страната за многу канали што пишува дека има превод мак/српски, нема никаков превод на калите...
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Што има тука "се"? Што не кажат зашто операторите ни ги скратија овие канали (иако освен чатпат скијање, друго не гледав).
„Скапо ни се виде, не ни се плаќат“.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.902
Поени од реакции
7.570
Како манипулираат не ми се верува. На интернет на страната за многу канали што пишува дека има превод мак/српски, нема никаков превод на калите...
За BBC Earth ми рекоа од 15 ти дека ќе почне преводот (ко Бранко Црвенкоски што викаше на митинзи на 15 ти..) и до крај на март цела содржина ќе има превод. За Viasat epic drama немаа точна информација.

Па нека пуштат да му се плукнам српски превод дур не дојде македонскиот. Ние слики ли само ќе гледаме ? Знаат ли дека има во државава и такви што не разбираат англиски ? Очигледно ги боли патка лапаат пари заштитени ко бели мечки поларни.
 

Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.022
Поени од реакции
1.282
BBC Earth го има на Телеком? Не го приметив
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.902
Поени од реакции
7.570
Се сеќавате ли дека Телеком 2017 имаше некаква најава во сметката за не знам точно кој месец дека ќе ги гаселе Da Vinci Learning и уште некој канали беа па потоа ништо од тоа не бидна.

Олимпијадава зимска ќе ја пренесуваат ли МРТ 1 ?
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.642
Поени од реакции
81.646
Стварно сум разочаран од Телеком, милијарда посто се имаат договорено со ВИП да ги исклучат во ист ден Еуроспорт и Дискавери... оваа кабелска е една од најскапите во земјава (ако не и најскапа), па нормално е да очекував попрофесионален однос од нив, а не вака да ме дупат на Нова Година. Кај ќе гледаме сеа 4 скокалници, скијање, снукер, бундес, тенис?

Досега работеа добро, плаќав поскапо али имаше секакви канали, спортски, документарни, филмски... али откако ги исклучија овие и ги заменија со ЖенскаТВ и Лов и Риболов значи тури им пепел... Гомна, истово го мислам и за ВИП
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.508
Поени од реакции
11.571
Стварно сум разочаран од Телеком, милијарда посто се имаат договорено со ВИП да ги исклучат во ист ден Еуроспорт и Дискавери... оваа кабелска е една од најскапите во земјава (ако не и најскапа), па нормално е да очекував попрофесионален однос од нив, а не вака да ме дупат на Нова Година. Кај ќе гледаме сеа 4 скокалници, скијање, снукер, бундес, тенис?

Досега работеа добро, плаќав поскапо али имаше секакви канали, спортски, документарни, филмски... али откако ги исклучија овие и ги заменија со ЖенскаТВ и Лов и Риболов значи тури им пепел... Гомна, истово го мислам и за ВИП
Ако Телекабел се достапни на твојата адреса на живеење, за 450 денари месечно без обврзувачки договор ги добиваш ЕуроСпорт каналите и Дискавери каналите.

А ако Телекабел не се достапни на твојата адреса на живеење, слободно можеш да мигрираш на Неотел, бидејќи Неотел ги нудат своите услуги или преку својата бакарна телекомуникациска мрежа или преку својата оптичка телекомуникациска мрежа, или преку бакарната или оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.

Ако сега си корисник на Македонски Телеком и планираш да се исклучуваш, преку истиот приклучок преку кој сега добиваш Интернет, фиксна телефонија и MaxTV, ќе добиваш повторно Интернет, фиксна телефонија и NeoTV од Неотел. Единствено рутерот ќе го заменат со нивен рутер и ќе донесат нивни IPTV рисивери, а рутерот и IPTV рисиверите од Македонски Телеком ќе треба да им ги вратиш во салон и задолжително да им побараш потврда дека си им ги вратил во исправна и функционална состојба, бидејќи во спротивно нема да се двоумат да ти наплатат пенали за враќање на опрема во неисправна состојба. Па ќе треба да поднесуваш жалба до Македонски Телеком и да чекаш да ти одговорат позитивно на жалбата, а ако ти одговорат негативно на жалбата ќе поднесуваш нова жалба до АЕК и така само ќе трошиш време и нерви, затоа задолжително да не си заминуваш од салонот без потврда дека си им ја вратил опремата во исправна и функционална состојба.

Како и да е, и со Телекабел и со Неотел ги добиваш ЕуроСпорт и Дискавери каналите, ако на твојата адреса на живеење има пристап до оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, тогаш преку истата оптичка телекомуникациска мрежа ќе можеш да примаш Интернет, телефонски и IPTV сигнал и од Неотел, во спротивно - ако сега си корисник на Македонски Телеком преку нивната бакарна телекомуникациска мрежа, повторно преку истата бакарна телекомуникациска мрежа ќе можеш да примаш Интернет, телефонски и IPTV сигнал од Неотел.

За префрлување од Македонски Телеком кон Неотел најдобро ќе биде да поднесеш барање за миграција, бидејќи ако се исклучиш од Македонски Телеком, па потоа поднесеш барање за приклучување кон Неотел, бидејќи сепак бакарната/оптичката телекомуникациска мрежа е на Македонски Телеком, ќе мора кај нив да пристигне налог за проверка на техничка можност, па кога техничарот ќе види дека станува збор за корисник на Неотел, најкомотно ќе може да го одбие барањето за проверка на техничка можност со образложение НТМ - Нема Техничка Можност. А ако мигрираш како постоечки корисник на Македонски Телеком кон Неотел, тогаш приклучокот останува ист, нема потреба од проверување на техничка можност, единствено се менуваат рутерот и IPTV рисиверите и збогум Македонски Телеком.

Телекабел исто така нудат оптички Интернет, но можно е нивната оптичка телекомуникациска мрежа да не е достапна на твојата адреса на живеење, ќе треба да ги прашаш нив.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom