има ли некој на бакар (читај адсл) 2 ресивери приклучено за макс тв, како е сликата, има ли кочење бидејќи немам опција за оптика еве ја брзината
Rate (Up/Down)
766/13032 kbps
Твојата телефонска линија поддржува идеални 13 Mbps, а реални 12 Mbps.
Со вклучени два приемника ќе трошиш од 4-6 Mbps за SD канали (еден SD канал е 2-3 Mbps), додека за HD канали ќе ти требаат 8-12 Mbps (еден HD канал е минимум 4 Mbps). Математиката е: колку повеќе мегабити - толку подобра слика ќе добиеш.
За да овозможат подобар квалитет на услугата за телевизија - тој сообраќај е со поглем приоритет низ нивната мрежа, односно компензацијата се прави на сметка на интернет услугата.
Со други зборови, ако на двата телевизори гледаш SD канали - интернетот во тој момент ќе ти биде од 6 до 8 Mbps. Ако сакаш да гледаш HD канали - интернет услугата скоро и да ти ја нема.