Провери си убаво дали рутерот има странична USB порта, само моделот Speedport Plus има странична USB порта.
И дали доле на налепницата го дава Sercomm логото.
https://www.telekom.mk/content/upatstva/Speedport Plus.pdf
Доколку ги има овие две работи, тогаш дефинитивно станува збор за Speedport Plus рутер и дефинитивно може да се кориси за Магента ТВ.
Техничарот или не знаел што зборува бидејќи не работат баш сите поврзување на новите Магента ТВ рисивери, или се брзал да си оди, па затоа ти го кажал првото кое му текнало на памет.
Или па можеби бил некој помлад со не многу искуство и верува дека на бакарната мрежа може да се користи Магента ТВ само со новиот рутер Arcadyan VRV9518 BA-2C, што не е точно, бидејќи може да се користи и со рутерот Speedport Plus - проверено и потврдено.
Тоа не зависи од него, доколку поднесеш барање за Магента ТВ пакет - се разбира ќе мораш да потпишеш нов претплатнички договор за еден од новите Интернет & ТВ или Магента пакети - кога ќе ти го одобруваат барањето задолжително мораат системски да проверат дали користиш Speedport Plus или Arcadyan VRV9518 рутер, или сепак користиш некој од постарите рутери.
Доколку системот им потврди дека користиш Speedport Plus или Arcadyan VRV9518 рутер, тогаш ќе ти одобрат налог за поставување само на новите Магента ТВ рисивери, но не и за поставување на нов рутер.
А доколку системот им потврди дека користиш некој од постарите рутери, тогаш ќе ти одобрат налог за поставување и на нов рутер и на новите Магента ТВ рисивери.
Иста е ситуацијата и кај корисниците на оптичката мрежа, доколку корисникот го користи поновиот рутер од Хуавеи HG8145 V5, тогаш на корисникот ќе му наместат само нови Магента ТВ рисивери без да му го заменат рутерот, што е одлично решение бидејќи било какви технички проблеми и дефекти на Хуавеи рутерите секогаш ги решаваат многу полесно и побрзо во споредба со техничките проблеми на новите ѓубриња Техниколор FGA 2233/FGA 2235.
Во спротивно, доколку корисникот користи некој од постарите Хуавеи рутери, тогаш ќе му го заменат Хуавеи рутерот со новиот Техниколор FGA 2233/FGA 2235 рутер, а истовремено ќе му ги наместат и новите Магента ТВ рисивери.