Две години го имам телевизоров, а не знаев дека целосно преку неговото далечинско можам сите опции да од макств да ги користам. Дури и подобро од макств
Sent from my phone using Tapatalk
Кај повеќето понови телевизори со смарт опции е достапна опцијата за универзален далечински управувач - Universal Remote.
Ова го имам претежно забележано кај понови модели на Самсунг и на ЕлЏи - секако не кај сите, достапно е и кај постари модели, единствено важно е самиот телевизор да поддржува универзален далечински управувач. Имам слушнато дека функционира и кај Сони, Филипс, а можеби и кај Панасоник телевизорите со смарт опции, но не сум видел лично за да можам да потврдам.
И секако, секој телевизор кој поддржува универзален далечински управувач треба посебно да се конфигурира и да се тестира - треба да се одбере Makedonski Telekom или Telekom MK од списокот на телевизиски оператори/провајдери, по што самиот телевизор тестира дали универзалниот далечински управувач функционира кај MaxTV рисиверот со обиди за менување на канал напред или канал назад. Бидејќи има повеќе различни модели на рисивери за MaxTV, вообичаено треба повеќе пати да се направи тестот со обиди за менување на канал напред или канал назад.
Откако телевизорот успешно ќе промени канал напред или канал назад преку опцијата за универзален далечински управувач, конфигурирањето е успешно направено и може рисиверот да се контролира со истиот далечински управувач кој доаѓа фабрички со телевизорот.
Дали и како функционира опцијата за универзален далечински управувач кај телевизори со смарт опции од други производители не знам, ниту сум видел, ниту сум слушнал да постои, што секако не значи дека не постои.