old_School_mk
Програмер, гејмер, psy-trance уживател
- Член од
- 11 август 2009
- Мислења
- 6.158
- Поени од реакции
- 5.933
После 2 недели дополнително чекање, РС гејмерите конечно ја добија играта што ја чекаат веќе 9 години. Max Payne 3 излезе со своите 27 гига станувајќи најголемата игра досега, направена од Rockstar наместо од претходните Remedy, а дали целово чекање и нејзина големина е оправдана? Сега ќе дознаете.
ПРИКАЗНА
После смртта на сите можни ликови во првите 2 дела, за очекување беше дека ќе има голема промена. И има. Макс е сега во Бразил, работи како обезбедување на богата фамилија (Brancos) но се наоѓа во полоша состојба од било кога. Постојано е пијан, дури и кога е на работа и очигледно е дека не му се живее веќе. Еден ден, локална банда упаѓа на забавата што ја организираат богаташиве и го киднапираат најстариот (Rodrigo Branco) и жена му (Fabiana). Макс ги спасува, но 1 недела покасно пак се дешава киднапирање, овојпат на Fabiana, сестра и' Giovanna и најмалиот брат од 3цата богаташи - Marcelo. Овојпат бандата успешно ќе ја киднапира Giovanna, па Макс ќе се обиде да ја спаси, но не би било ова Макс Пејн ако притоа не се десат милион срања и заплети. Иако овој дел на Макс Пејн го нема тој "noir feeling" на првите 2, сепак приказната е доста солидна и овојпат апла многу му навлегувате на Макс во глава благодарејќи на одличната нарација и интелигентните cutscenes. Уште кога ја пуштате играта ве пречекува едно кратко филмче од неколку минути каде што ќе видите на колку ниска точка е паднат Макс. Дијалозите се супер напишани и играта е полна со одлични цитати што дури и најдобрите гангстерски филмови би и' завиделе, а voice acting-от е извонреден. James McCaffrey повторно завршил феноменална работа.
оцена: 10/10
ГЕЈМПЛЕЈ
Max Payne 3 останува верен на првите 2 изданија во поглед на гејмплејот, но е драстично подобрен. Основа се секако bullet-time и shootdodge ефектите, кои во овој дел се уште повеќе успорени и целата акција многу повеќе потсеќа на филмот Matrix. Но овојпат имате и други опции за совладување на непријателите. Воведен е cover shooting систем, кој не е новост во гејминг индустријата, но е новост во Max Payne. Притоа, додадено е и blind shooting но тоа функционира совршено благодарејќи на одличната вештачка интелигенција, која е можеби и најдобрата досега. Ако сте скриени позади ѕид, а пред вас има непријатели, тие на секој можен начин ќе пробаат да ви се доближат и да ве убијат, притоа дел од нив пукајќи во вас на некој начин не ви дозволуваат да излезете од cover. Но ако и вие почнете да го правите истото, т.е. да почнете да пукате на слепо кон нив, тие ќе се обидат што е можно побрзо да се скријат позади најблискиот ѕид, маса или што и да е друго што им се наоѓа во близина. За тоа време, вие можете да направите roll или со употреба на bullet time да ги нападнете, или наједноставно, од самиот cover нишанејќи да ги убиете (со тоа што имајте во предвид дека тие целосно ќе бидат затскриени и ќе чекаат да престанете да пукате за да можат да излезат од cover). Други опции ви се на пример да употребите shootdodge, со тоа што кога ќе паднете не станувате одма туку може да лежите и од таква позиција да ги доубиете преостанатите непријатели. Се' на се', одличен гејмплеј благодарејќи на AI-то и многуте опции за напад.
Играта сеуште се базира на добро познатите painkillers за лечење на повредите, но во оваа игра тие се многу поретки од претходно и непријателите ви прават поголем damage, така да ќе си имате проблеми со нив. Јас на пример ја играв на medium и се убив од гинење. Една од неколкуте работи што се сменети од првите 2 игри и што ја прави уште потешка играта е начинот на зачувување. Направено е автоматски на сегменти. Можеби не е толку тешка како првата Hitman, ама дефинитивно е потешка од првите 2 највеќе заради saving-от, а после и заради непријателите.
Новина е и истражувањето низ играта собирајќи делови за оружја кои потоа го претвараат вашиот пиштол (или било кое друго оружје во играта) во златен со што имате повеќе куршуми во шаржерот и тие прават поголем damage (а верувајте ми ова доста помага бидејќи во оваа игра можете да носите само 1 пушка/митролез и 2 пиштола/узи), но исто така пронаоѓате и "clues" кои се значаен дел во целосно сожувување со приказната. Не се заборавени и easter eggs-от, како на пример кога Макс ја свири песната на неговиот живот на пијано, и неизбежниот "Captain Baseball-Bat Boy" овојпат во целосна анимација.
Уште една новина е и last stand. Тоа е кога во себе имате неколку painkiller-а, но непријателите ве полнат со куршуми по што следува мал QTE каде што треба да го убиете тој што ви го задал последниот куршум. Ако успеете, Макс ќе се најде на земја со потрошен painkiller и намален health damage, но непријателот ќе биде убиен. Ако немате painkiller, well - умирате.
Исто така драстично подобрена е и kill-cam. Овојпат вие контролирате со која брзина сакате да ви се движи куршумот додека лета кон непријателот и го продира во телото. Дефинитивно одличен eye candy за сите љубители на насилство.
Мала замерка е тоа што играва си е линеарна, но и првите 2 беа такви така да: what the hell.
оцена: 10/10
ЕНЏИН И ОПТИМИЗАЦИЈА
За мене најимпресивната работа во играта. Се' си мислев дека попрво Valve ќе почне да прави игри за конзоли, отколку Rockstar да направи асална игра за РС. Енџинот и оптимизацијата во играва се ВРВ! Јас со мојот E8400 @ 4.2/4GB RAM/HD6850 @ 950/1000 ја играм на овие сетинзи со преку 60 фрејма во просек. Подобро од тоа - здравје.
Но немојте да мислите дека е кратено на нешто. Ликовите се преубаво измоделирани, а теселацијата овозможува уште поубав нивни изглед, текстурите се одлични, осветлувањето, сенките... Се' е тоа на највисоко ниво и затоа се и тие 27 гигабајти за играва. Сите објекти во играта се мање-више кршливи... Но најмногу што ме импресионираше се стаклата. Тие се кршат на толку реален начин, што просто не ми се веруваше колку добро е изведено сето тоа. Има многу сегменти во играва што се полни со стакла (канцеларии и слично), и откако ќе завршите со убивање на непријателите целата просторија е полна со искршени стакла, потрошени куршуми, шаржери и крв.
Многу добра работа во играва се дупките од куршумите. Ова е нешто што мислам дека првпат е вметнато во некоја игра, и функционира на тој начин што кога ќе ве пукнат, куршумот излегува од другата страна и вие имате дупки на 2те страни од телото кои стојат се додека не земете painkiller. Уште поубаво е кога вие ќе пукнете непријател во лице, и куршумот му остава една голема крвава дупка на лицето и позади на черепот
Најголема новина во енџинот се уствари прикриените лоадинзи. Целата игра всушност е како непрекинат филм. Или играте, или гледате cutscene со одличен дијалог, но во никој случај не губите време гледајќи во некоја линија што се полни.
Едно нешто што стварно ме изненади но во позитивна смисла, е тоа што играва нема багови. Да, колку и да звучи неверојатно за една Rockstar игра - така е. Се' е толку исполирано и мазно што навистина ги оправдува тие 27 гигабајти, 9 години чекање и дополнителните 2 недели за разлика од верзијата за конзоли.
оцена: 10/10
АТМОСФЕРА
Ах, атмосферскиот дел. Кога пред некоја година првпат излегоа слики од новата Max Payne помислив дека играва ќе се дешава џунгла, дека ќе биде целосно отстапување од коренот на Max Payne и дека ќе биде тотален промашај. Boy, I was so wrong.
Во текот на играњето ќе прошетате низ најразлични локации. Ќе видите како изгледа да се живее во богатата страна на Сао Пауло журкајќи се на врвот на облакодер, во јахта или во дискотека во која ќе пристигнете со хелихоптер, но ќе видите и како е да се живее во Фавела. А во Фавела, НЕ би сакале да живеете. Сериозно, играва толку добро ги има претставено фавелите, што просто бев воодушевен кога ги играв тие неколку нивоа.
Но не се само тие вклучени. Има 2 нивоа во играта каде што играте во вашиот роден град неколу години по смртта на Vladimir Lem & Mona Sax. А градот е уште по "raw" отколку претходно. Одличен начин за навраќање во минатото.
оцена: 10/10
САУНДТРАК
Добро познатиот саундтрак е вратен, но е надограден и извонредно вклопен во нивоата што ги играте. Секое ниво си има свој саундтрак, и секој е подобар од претходниот така што дополнително придонесува за подобрување на атмосферата. Звучниот дел е исто така на највисоко ниво. Веќе реков дека voice acting-от е јака страна на играва. Дури и пукањето е разновидно, и секое оружје звучи друго кога се пука обично и во bullet time.
оцена: 10/10
ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ
Max Payne 3 е игра што едноставно МОРА да ја изиграте. Без разлика дали сте фан на првите 2 игри или не, како stand alone игра е феноменална. Некои може ќе бидат разочарани што ги нема препознатливите стрипчиња, но и без нив играта е предобра. Дефинитивно игра на 2012та година.