Матура

  • Креатор на темата Креатор на темата elektro
  • Време на започнување Време на започнување
Тру Блу фала многу. Темата е егзистенцијализам нема што да се бунете повеќе , а инаку може во воведниот дел да пишувате општо за егзистенцијализмот , а во главниот дел да пишувате за делото ( А. Ками - Странецот или С.Бекет - Чекајќи го Годо) и да направете споредба со некој наш писател од тоа време ништо посебно и ништо страшно поздрав до сите што полагаат матура (y)
--- надополнето: 5 јуни 2013 во 12:08 ---
true blue напиша:
Е сега, едно нешто не сум сигурен, па ќе прашам некој што повеќе би знаел. Дали во воведот да се пишува општо за модернизмот или за егзистенцијализмот?

Јас мислам дека треба да се пишува за егзистенцијализмот :)
--- надополнето: 5 јуни 2013 во 12:16 ---
ДПМКсеодлучи за оваа испитна година темата да ја извлечеодпериодот - Книжевните правци во 20 век и современата литература (воиспитнитепрограмисенаведениавторитекоиприпаѓаатнаовојпериод). Учениците задолжително ќе треба да изберат дела и автори од светската книжевност кои го отсликуваат овој период , но во пишаниот одговор на темата ќе може да дадат примери и од националната литература.

Мислам дека јасно е кажано тука што како треба да се прави
 
Зашто никој не ја споменува математиката ? :D
Од година на година се помалку се полага математика.
Годинава има околу ~2100 што полагаат математика, и ~16900 англиски
Голема разлика :(
 
DaniBMW напиша:

Математика е лесно има лесни задачи, јас полагам математика. Целата работа е во формулите ;)
 
Ја земав математика и искрено се каам,поготово коа идиотиве од техничките факултети ни кажаа дека и со англиски можеш да конкурираш во прв уписен рок.
Го глеам тестов англиски и ми се плаче,начукан да отидам вадам 5ка а математика оди помини го материјалот од 4 години.
 
На кој технички факултет одобриле англиски во прв рок? :eek:
 
за електро сум сигурен пошто бев на предавањето,и за машински ко што слушам исто.Едина разлика е што со англиски 5ка добиваш 5 бода а со математика 10,али оди извади математика 5ка.
 
Е сега, едно нешто не сум сигурен, па ќе прашам некој што повеќе би знаел. Дали во воведот да се пишува општо за модернизмот или за егзистенцијализмот?
Егзистенцијализмот 100%
 
за англиски не дознавте нешто? есеј? формално или неформално?
 
Егзистенцијализмот 100%

Да, да, баш денеска ги зимавме свидетелствата и нешто дискутиравме и уствари сфатив дека сум бил во заблуда. Не знам зошто мислев дека егзистенцијализмот е под модернизмот. :D

Зашто никој не ја споменува математиката ? :D
Од година на година се помалку се полага математика.
Годинава има околу ~2100 што полагаат математика, и ~16900 англиски
Голема разлика :(
Откај оваа информација? Некако преголема е разликата...или не сум ни свесен каква е разликата. :D Знам дека кај нас е отприлика исто.
 
Како матурант што ќе полага во сабота, што ќе ми биде поарно слободна тема или да пишувам за тие што се дадени?
Се моли некој што поминал матура да каже. :)
--- надополнето: 5 јуни 2013 во 00:07 ---
Како матурант што ќе полага во сабота, што ќе ми биде поарно слободна тема или да пишувам за тие што се дадени?
Се моли некој што поминал матура да каже. :)

Како што имам разбрано, помалце поени даваат за таа слободната тема. Подобро да пишуваш за ова што го разбравме и ние од професорите дека треба да се изрази апсурдот преку ликовите на Мерсо од Странецот и Владимир и Естрагон од Чекајќи го Годо :))
 
Кога ќе ги истакнат списоците со групите за полагање ?
 
Да, да, баш денеска ги зимавме свидетелствата и нешто дискутиравме и уствари сфатив дека сум бил во заблуда. Не знам зошто мислев дека егзистенцијализмот е под модернизмот. :D

Откај оваа информација? Некако преголема е разликата...или не сум ни свесен каква е разликата. :D Знам дека кај нас е отприлика исто.

Кажаа на вести пред некој ден...
Не ме чуди, ние сме само 15 на математика, од 180 ученици :)
 
Како што имам разбрано, помалце поени даваат за таа слободната тема. Подобро да пишуваш за ова што го разбравме и ние од професорите дека треба да се изрази апсурдот преку ликовите на Мерсо од Странецот и Владимир и Естрагон од Чекајќи го Годо :))
Што жити се ќе се истакне од апсурдот на Владимир и Естрагон?
Поглупо драмско дејствие немам видено.Дај боже да не се паѓа оти отиде в неповрат работата.Треба да опишуваме глупави пореметени карактери кои ни самите незнаат што сакаат.Нема смисла ова просто дело.И самиот јас мислам оти овој Семујел Бекет незнаел зашо е жив.
 
АМАН ОВА МИЛИОН ПАТИ ГО ПИШАВ ДЕКА ИСТО СЕ БОДУВАНИ ДВЕТЕ ТЕМИ. ПРЕКУ ГЛАВА ОД КОМЕНТАРИВЕ ВЕЌЕ.
ЕМ НЕ ЗНАЕТЕ, ЕМ ГЛУПОСТИ ТРЕСЕТЕ.........
 
Што жити се ќе се истакне од апсурдот на Владимир и Естрагон?
Поглупо драмско дејствие немам видено.Дај боже да не се паѓа оти отиде в неповрат работата.Треба да опишуваме глупави пореметени карактери кои ни самите незнаат што сакаат.Нема смисла ова просто дело.И самиот јас мислам оти овој Семујел Бекет незнаел зашо е жив.
Всушност ова дело има своја вредност, несомнено. Болдираното го опишува егзистенцијализмот, не може тука да има некои љубовни романчиња.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom