Матура

  • Креатор на темата Креатор на темата elektro
  • Време на започнување Време на започнување
Може малку поконкретно да ми објасните како оди оценувањето?
 
Оваа година нели ќе ни се падне есеј од РЕАЛИЗАМ. Е сега сакам да прашам дали треба да читам од таа книгата за матура за МОДЕРНИЗАМ, ЕГЗИСТЕНЦИЈАЛИЗАМ, СРЕДНОВЕКОВНА ЛИТЕРАТУРА и тн. ?
Може ли да се падне нешто од ова како прашање?
 
Ќе може да бираш дали ќе пишуваш за нешто од реализмот (нормално, тие ќе ти дадат за кое дело) или на слободна тема (пак они ќе ти дадат, но нема да има врска со материјалот што се има работено низ годините). Свашта може да се погоди, а оваа година ќе имало плус неколку прашања од граматиката, на место на тоа што требаше да се пишуваат жалба, записник, оглас, ...
 
Не ми беше тва питањето :)
 
Не ми беше тва питањето :)

Па ти пишав дека свашта може да се падне... Ако се имаат учено модернизам, егзестинцијализам, средновековна литература може да ти се падне некое прашање. Средновековна сигурно се има учено, за овие првите две не сум сигурен, оти толку памтам шо имам учено :)
 
Си имате испитни програми по македонски јазик и литература. Се ви пиши таму шо треба да учите и како.
И овде имате информација за есејот по македонски , да нема забуни и понатаму.
 
Само не слушајте чаршиски муабети овие дела може да се паднат овие не зошто имаше така поглупи деца што учеа со мене и некој од нив пушти муабет демек тие со ѕвездичка ќе се паднеле, другите да не се учат. Дури се закарав со нив и кога видоа на денот на матурата „Злосторство и казна“ беа FFFFFFFUUUUUUUUUUUUUUU :) Затоа одете по програмата.
 
Од кај испадна овој муабет дека есејот ќе е или реализам или слободна тема? Зш нас никој не ни кажа такво нешто?
 
Нас ни кажаа навреме дека ќе биде или слободна тема или од реализам, а таму само Злосторство и казна и Чичко Горио ни се земени, јас ич не се секирам.:D
 
Од кај испадна овој муабет дека есејот ќе е или реализам или слободна тема? Зш нас никој не ни кажа такво нешто?
Информацијаза тестовите по
македонски јазик и литература, албански јазик и литература
и турски јазик и литература

Во интерес на успешна подготовка и реализација на матурскиот испит по македонски, албански и турски јазик и литература ве известуваме дека во содржината на тестот по овие наставни предмети ќе има одредени промени.
Државната предметна матурска комисија пристапи кон овие промени врз основа на анализата и искуството со реализацијата на испитите досега, како и врз основа на спроведената анкета со наставниците кои учествуваа во процесот на оценување во јунскиот испитен рок во рамките на Државната матура 2009/2010г.
Направените промени се во согласност со испитните програми по овие наставни предмети, при што се водеше сметка измените да се во прилог на кандидатите матуранти.

Опис на промените:
- Кандидатите матуранти за матурскиот испит во јуни 2010/2011 година ќе изработуваат една испитна задача од способноста пишување,наместо досегашните две. Учениците ќе треба да пишуваат еден текст , при што ќе имаат можност да изберат, на самиот ден на испитот, дали ќе пишуваат на слободна тема или на тема извлечена од материјалот кој се реализира според наставните програми, а се дел од испитната програма. ДПМК се одлучи дека темата од материјалот ќе се извлекува од периодот Реализам (во испитните програми се наведени авторите кои припаѓаат на овој период). Потребниот број на зборови ќе биде поголем. ДПМК пристапи кон ова решение по сугестиите на наставниците дека ваков вид на текстови се всушност пракса при реализација на писмените работи во наставниот процес што ќе значи дека учениците искуствено минуваат низ четирите години низ ваков процес на пишување. Пишувањето на текстови за практична намена оваа година нема да бидат дел од тестот за матура.
- За да се почитува спецификациската мрежа за овој испит што всушност ја дава рамката на содржината на тестот, оваа година ќе има поголем број (за 5-6 задачи) на испитни задачи од подрачјето Јазик.
Поставените материјали на нашата веб-страница www matura.gov.mk кои се однесуваат на наведените наставни предмети учениците ќе може да ги користат за успешна подготовка на матурскиот испит , заедно со вашите насоки кои ги добиваат во наставниот процес.
Во интерес на успешна реализација на испитот и на остварување на подобри резултати ве информираме дека со прашања и сугестии ќе можете да се обраќате на координаторите за матура од ДИЦ, задолжени за овие наставни предмети.
 
Кое од македонскиве дела спаѓа во реализам???
Дека ние кога дискутиравме со професорката ни кажа дека во Македонија нема некој чист реализам и дека повеќе дела се романтизам.
 
Кое од македонскиве дела спаѓа во реализам???
Дека ние кога дискутиравме со професорката ни кажа дека во Македонија нема некој чист реализам и дека повеќе дела се романтизам.
Мислам дека е „Пиреј“, инаку мојата професорка ми кажа дека во игра за есеј биле делата „Чичко Горио“ и „Злосторство и казна“ такада едно од овие ќе се падне на матура.
 
оти јас мислам светски реализам дека е само? o.O
 
Пошто нели нема да има ништо од комуникација у стил на СиВи, извештај, известување бла бла, треба делот од комуникација да се учи од прирачникот?
 
Пошто нели нема да има ништо од комуникација у стил на СиВи, извештај, известување бла бла, треба делот од комуникација да се учи од прирачникот?
Ти шо мислиш??

Не треба нормално, бидејќи нема да има за тоа, ти ако сакаш да знаеш за тебе, прочитај :ROFLMAO:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom