Matrix - дали постои?

  • Креатор на темата Креатор на темата OffLine
  • Време на започнување Време на започнување

Дали теоријата на matrix можи да е вистинита

  • Вкупно гласачи
    313

OffLine

Worminkle UniversitY
Член од
27 септември 2007
Мислења
161
Поени од реакции
0
matrix филм како филм неверојатна фантазија но дали можи да е вистина.
како филм е одличен но за овој свет дава некоја интересна теорија за вистината. некој да не контролира па можи оти да не. ме интересира шо мислат другите.
 
Убаво е презетирано во филмот како да може да е вистина али за тоа е само филм иначе лично јас не верувам дека постои матрих.Поздрав
 
Абе деца.. деца.. :) :) :)

Пробајте да читате меѓу редови (или гледате меѓу фрејмови :) )

Идејата на филмот е ...
Матрицата постои... како и еден куп други филозофии и идеологии коишто се појавуваат во филмот.. Но, не во смисол дека стварно сме уклучени како батерии со приклучок во тилот (или на друго место :) )... Малце подлабоко глејте ги работите.. од секогаш писателите користеле метафори за да се изразат, нели ?

А.. black angel... што ќе беше толку супер да постоеше матрицата??? не ми е јасно ?!
 
Се согласувам...филмот е филозофски ...и за цел е човековата себичност, но и неговата „светост“ во тешки времиња (маааалце слично со Константин - делот зошто Габриел ќе сака да го донесе Мемнон на Земјата)
 
Незнам за вас, но мене Матрикс многу ми го смена размислувањето...

Во тој момент ја учев филозофијата на Кант, и најдов многу допирни точки меѓу неговиот идеализам и Матрикс.

Во двата случаи Идеата е над се.
 
Највеќе ми се свиѓа пораката дека неможеме да го спознаеме тоа што е релно водејќи се само со сетилата(затоа што може да се манипулираат).
Инаку многу убава замисла за филм , многу добро осмислени дијалози и за негово време ги имаше најдобрите специјални ефекти.Секој што ќе рече дека не му се свиѓа филмот уствари суштински не го разбрал.
 
Добар филм, тоа со матрицата не е буквално така, чиста парабола може да се каже која што се протега низ целиот филм. Се работи за човечноста на човекот и кога тој ќе може да си го ослободи умот од нечовечноста, а при тоа да ја види светлината. Да излезе од прангите кои што сам си ги ставил.
 
Како за филм е супер смислено, а вистина.. I don't think so...
 
Теоријата во филмот Матрикс е возможна т.е. верувам и дека е реална. Секако, не буквално како што е презентирана на филмот, туку сфатена подлабоко и пошироко, бидејќи како што кажаа пред мене, метафора има во сето тоа.
 
јас знам(не верувам,туку знам) дека таа на некој начин(на мој начин) е реалност...
 
Одбивам да верувам дека некој ми го контролира животот до таа мера како што е прикажано во филмот. Сепак, метафорично гледано, така е. Глобализацијата и влијанието на западните ( помоќните) земји ни го одредуваат начинот на живот.
 
Уште пред да излези филмот имав некое глупаво мислење за светов слично на филозофијата на матрикс. Кога излезе видов дека не сум единствениот. Добро е шо теоријава станува популарна и како шо гледам има доста поддршка на темава. Според мене дава многу добро објаснување за сите познати мистерии во светот. Отворам секта матриксизам па повелете :)
 
abe i jas imav nekoe takvo razmisluvanje no bese daleku od ona vo matrix.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom