Математика + ЛОГИКА

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Dude, are you high again? Од каде тоа дека веројатноста да не јадел пилешко е голема? Ти не можеш да ризикуваш со поставување на такво прашање...

Поентата е дека човекојадците секогаш лажат. Еве ти кратка анализа на ова.
Не ми кажуј поенти-тргнавме со асумпција дека лаже.

И ДЕКА Е ЕДНО ЛИЦЕ моментално...пред Wrong turn:)

Појасно ти е сега

А тебе-кажи сега како ПРВО дали имаме едно или ДВЕ лица на крстопатот-очигледно проблемот не си го поставил точно.

--- надополнето ---

Жив сум,седам и пишувам на кајгана.
Одговорот беше точен.:)):tv:

Абе вака како што е поставен проблемемот и двата одговори го решаваат.
 
Не ми кажуј поенти-тргнавме со асумпција дека лаже.

И ДЕКА Е ЕДНО ЛИЦЕ моментално...пред Wrong turn:)

А тебе-кажи сега како ПРВО дали имаме едно или ДВЕ лица на крстопатот-очигледно проблемот не си го поставил точно.
Абе мене убаво ми беше поставена задачата. На тоа место кај што се дели патот стои ЕДНО лице - ИЛИ човекојадец, ИЛИ човек. Значи ти не знаеш кој точно седи во моментот. Затоа треба да поставиш прашање што ќе ти даде ист одговор без разлика кој седи таму.

--- надополнето ---

Иначе, еве ја потешката верзија од истата задача. Некој тип си идел по пат и дошол до раскрсница каде што патот се дели на 2 пата. Едниот пат води кон село на сиромашни, а другиот кон град на богатите. До раскрсницата имало куќичка во која живееле 2ца браќа, од кој едниот секогаш лажел, а другиот секогаш ја кажувал вистината. Тие од време на време се мењале кој да седи на местото каде што се дели патот, за да ги упатува луѓето, но човеков не знае кој брат е моментално на тоа место. Што треба да праша човеков за да стигне до градот на богатите?
 
Ќе го праша: „Ако те прашам кој пат води до градот на богатите што ќе ми одговориш?“
 
Не, туку: “Ако го прашаш брати кој пат води до градот на богатите што би рекол?“. И после би го одбрал другиот пат од оној што ќе ти го каже...
 
Ова работи само ако се погоди таму да седи братот што секогаш ја кажува вистината.

Ова е точното.
 
Ова работи само ако се погоди таму да седи братот што секогаш ја кажува вистината.

Ако е тој што лаже, и го прашаш „кој пат води до градот на богатите“, тој ќе ти го покаже погрешниот пат.
А ако го прашаш „Ако те прашам кој пат води до градот на богатите што ќе ми одговориш?“ тој ќе те излаже, и ќе ти го покаже точниот пат.
 
Ај објасни ми ја разликата меѓу овие 2 исказа жити се.
 
А ако го прашаш „Ако те прашам кој пат води до градот на богатите што ќе ми одговориш?“ Тој ќе се ставе во ситуација дека го прашуваш „кој пат води до градот на богатите“ и ќе ти одговори спротивно бидејќи лаже.

За нормален шовек нема разлика меѓу овие 2 исказа, ама бидејќи овај лаже, на второто прашање ќе одговори спротивно.

--- надополнето ---

Сеа сваќаш ле? Негација на лага е вистина. Тој два пати излажал, и уствари ти ја кажува вистината.

--- надополнето ---

Ако не сфаќаш размаани, да не те боле глава, давај нова задача. :)

--- надополнето ---

Ајде ја ќе поставам една по математичка:
Дали е можно во табела 3x3 да се напишат броевите од 1 до 3 (по колку сакаш пати) така што збирот во секоја редица, колона и дијагонала да биде различен?

Давам зеленко за точен одговор со објаснување.
 
Не е можно, затоа што така постојат 8 комбинации на збирови (3 хоризонтала, 3 вертикала и 2 дијагонала), а бидејќи минималниот збор на броевите е 3, а максималниот 9, и бројот на полиња е 9, секогаш ќе има барем 2 збира што ќе бидат исти.

Можда ова не е вистинското објаснување, ама во секој случај не може да не се исти збировите на барем 2 линии со тие бројки.
 
Точно :)

--- надополнето ---

после ќе ти даам реп. у 24 часа ногу сам дадел :)

--- надополнето ---

Ајде за тоо време една друга ќе поставам. На истиот принцип се решава.
Дали е можно еден бел лист хартија да го обоиш со црна и со бела боја, така што да нема две точки од листот кои имат иста боја и се на растојание точно 1 cm? Листот е поголем од 1cm x 1cm.
 
Очигледно никој не ја знае задачава, а мене баш и не ми е многу јасна, па ако можеш или објасни ја малце подетално или кажи го решението :toe:
 
[/COLOR]Ајде за тоо време една друга ќе поставам. На истиот принцип се решава.
Дали е можно еден бел лист хартија да го обоиш со црна и со бела боја, така што да нема две точки од листот кои имат иста боја и се на растојание точно 1 cm? Листот е поголем од 1cm x 1cm.

Ќе го обоиш листот во вид на шаховска табла со димензија на коцките 99х99мм, ако те разбрав добро....
 
nemoze, zatoa so ima edna tocka od edna crna kocka, i edna tocka od druga crna kocka so se na rastojanie na 1 cm.
Dolgo vreme nikoj ne odgovori, pa ke vi go kazam resenieto:
Ne e mozno.
Na listot ke nacrtame triagolnik so site strani po 1 cm. Od teminjata na triagolnikot dve mora da imat ista boja zatoa sto ima 3 teminja i 2 boi.
Zatoa sekogas postojat barem 2 tocki so ista boja na rastojanie tocno 1 cm.
Izvini za latinicata, nemam instalirano kirilica.
 
"Ако овој исказ е точен, тогаш Дедо Мраз постои."

Каков исход носи оваа премиса? (дали е вистинита или не?)
 
Може ќе се искиксам, али не е битно.

Пошо има АКО, условен е исказот или како и да се вика. што според тоа би било, какво е првото такво е и второто. Или не?
Евентуално, ако едното е така, другото не е така, и обратно.
Ако не е така, здравје.

p.s. Точно или неточно, не е битно. Асистентите не се паметни. Ние сме попаметни од нив. Сите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom