Масони

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
"Сите се еднакви" и "Сите се исти" се две сосема различни работи.
Првото е многу добра работа и е една од најголемите придобивки на современото општество, второто многу лошо, затоа што е негирање на идентитетот, на личните способности и карактеристики - и е стремеж на секое диктаторско општество.
Сепак - симболиката на необработениот и совршениот камен е сосема друга. Необработениот камен не може да се користи за градење. Пробај да изградиш ѕид со нерамни камења - нема да можат да се задржат. Истиот ѕид со измазнети и обработени камења можеш да го изградиш без проблем. Наједноставно објаснето - ние во себе го имаме материјалот за себе си да се изградиме, но е потребен труд, многу работа, многу воља, за да го постигнеме она ниво кое ќе ни дозволи да можеме да градиме и да се развиваме. Без труд (и пред се - без знаење!) - камењата ќе останат само необработено купче, кое освен што ќе тежи и ќе зафаќа место, нема да има никаква полза од него.
 
Нормално дека има знаци низ цело скопје а богами и низ цела македонија во повеќето од старите цркви ги има знаците па и собранието е изградено од масони и има многу знаци од масоните масоните од секогаш биле спонзори и инвеститори на многу објекти и нормално оставале знаци на нив

Фала на одговорот ме интересираше точно кои места пошто долго време ги истражувам а досега немам видено ни еден знак а сакам да видам веќе долго време. Не мораше да ми вратиш на постот со иронија. Благодарам
 
Нема иронија, дечкото е во право и е сериозен.

Немам време во моментов слики да постирам, па ако нема некој намерник во меѓувреме, приквечер или утре ќе ставам, ко за пример.
 
Баш :jaj:...
Масони може да бидат само мажи.
Во Македонија има над 100 масони, но ни оддалеку не се сите политичари или бизнисмени или некакви влијателни луѓе. Меѓу нив има од сите професии. Во ложата, сите тие се еднакви меѓу себе. Тоа е убавината (и силата) на масонството - не ги признава надворешните одлики на рангот и богатството, туку моралните вредности.
Знакот на слободното ѕидарство е Шестарот и Аголникот, а не пентаграмот.

На овој линк точно се гледаат сите симболи на масоните во кои спаѓа и самиот пентаграм. Точно е дека главните симболи кои ги означуваат и слават нивните дела се Шестарот и Аголникот и мислев на нив а не на пентаграмот во претходниот пост сум згрешила. Поентата ми е дека и пентаграмот е масонски знак.
 
Чисто информативно, од каде сигурноста дека линкот е релевантен, кога уште ништо со сигурност не се знае за ложите? Знаеме дека масоните се доста мистифицирани и различно опишани од различни автори, сепак на крај... ништо не е сигурно.

Серпико, те чекам со слики од градбите :) - твоја област се сепак.
 
Фала на одговорот ме интересираше точно кои места пошто долго време ги истражувам а досега немам видено ни еден знак а сакам да видам веќе долго време. Не мораше да ми вратиш на постот со иронија. Благодарам

Ете ти кажав еден пример со собранието градено е според некој масонски обичаи и во темелите имало некој докази за тоа а ако сакаш да најдеш некој масонски објект земи еден слободен викенд прошетај низ скопските цркви и кажи ми дали најде цркви со прозорци во форма на триаголник

"Сите се еднакви" и "Сите се исти" се две сосема различни работи.
Првото е многу добра работа и е една од најголемите придобивки на современото општество, второто многу лошо, затоа што е негирање на идентитетот, на личните способности и карактеристики - и е стремеж на секое диктаторско општество.
Сепак - симболиката на необработениот и совршениот камен е сосема друга. Необработениот камен не може да се користи за градење. Пробај да изградиш ѕид со нерамни камења - нема да можат да се задржат. Истиот ѕид со измазнети и обработени камења можеш да го изградиш без проблем. Наједноставно објаснето - ние во себе го имаме материјалот за себе си да се изградиме, но е потребен труд, многу работа, многу воља, за да го постигнеме она ниво кое ќе ни дозволи да можеме да градиме и да се развиваме. Без труд (и пред се - без знаење!) - камењата ќе останат само необработено купче, кое освен што ќе тежи и ќе зафаќа место, нема да има никаква полза од него.

баш тоа сакав да го кажам сепак секој кога ќе стане еден камен тогаш сите се еднакви нели?
 
Објаснето е веќе низ темава...
Илуминати е друштво, формирано во 18-ти век од страна на членови на масонска ложа, кои подоцна се исклучени од ложата. Постои десетина години, во почетокот има просветителски идеи, но подоцна почнува премногу да се занимава со политика и религија и нарушува некои од основните масонски принципи. Од крајот на 18тиот век не постои, иако речиси сите теории на заговор ги спомнуваат, без за тоа да има било каква основа или факти.

објасни односно дефинирај ја разликата меѓу масоните и илуминатите.(во една или две реченици). немој да ми речиш пак дека ми имаш веќе кажано во ова погоре или низ темава. Кажи најпросто и најкратко која е идеата и целта на масоните а која на илуминатите,
а колку што има основа за масони толку исто има и за илуминати.
 
Верувам дека поголем дел од вас ја имаат прочитано книгата Ангели и Демони - Ден Браун која дава податоци за масоните па затоа ви ја предложувам и книгата Бележникот на Микеланџело - Пол Кристофер. Оваа книга открива дел од тајната на масоните чиј извор е закопан во лавиринтите на Фиренца, Ватикан и Рим.
Најсветла точка во оваа книга е дадена на цртежите на Микеланџело за човековата анатомија. Вистинскиот бeлежник на Микеланџело сeште не е откриен. Вистинската приказна зошто сеуште не е пронајден бележникот лежи во сознанието дека самиот тој бележник содржи податоци за црквата кои би донеле катастрофални последици доколку бидат откриени.
 
Bi sakal samo da napomenam deka beletristikata e dobra za citanje dokolku sakame da si go ubieme vremeto no mora da razgranicime deka istata nema nikakvi vrski so faktite i vistinata.Istoto go kazuva i Den Brown velejki deka pisuva romani za da napravi pari a ne da iznesuva nekakvi informacii i fakti.
 
Се насобраа прашања сабајлево... ќе се обидам едно по едно да одговорам. Ако испуштам нешто, не е намерно - потсетете ме, ќе одговорам.

Стварно не ми е јасно зашто само мажи?
Зошто да не? Има парамасонски организации кои се и за жени. Конкретно, регуларното и признато масонство е само за мажи. Причините се пред се традиционални, но може да се бара и езотеричка позадина.

Поентата ми е дека и пентаграмот е масонски знак.
Пентаграмот се користи како симбол во Масонството, заедно со уште многу други. Но единствен официјален "знак" е само Шестарот со Аголникот. Инаку има многу симболи кои се користат, но не потекнуваат од Масонството, туку се превземени и им е придадено некакво значење - почнувајќи од работните алатки (чекан, длето, висок итн), па до стари симболи како јин-јанг, сонцето, месечината, утринската ѕвезда...
Инаку - пентаграмот се користел во раното Христијанство. Означува две работи - Ѕвездата Деница (Петар во своето послание го нарекува така Второто Доаѓање на Христос, спасението на луѓето), и ги означува 5-те рани на телото на Христа при распнувањето. Во многу цркви од пред-масонски период може да се најдат овие симболи, и тоа пред се во византиските цркви, а не во западните.

Чисто информативно, од каде сигурноста дека линкот е релевантен, кога уште ништо со сигурност не се знае за ложите? Знаеме дека масоните се доста мистифицирани и различно опишани од различни автори, сепак на крај... ништо не е сигурно.
Напротив, многу се знае за масонството. Масонството не е тајно уште од 1717-та година! Така што - кој сака, може да дознае многу лесно. Во речиси сите западни земји, особено во Америка, Канада и Велика Британија, масонските храмови се отворени за посетители. Мојата ложа е отворена речиси секој ден после 7 попладне, секој случаен минувач може да влезе и да ја разгледа - и да ги види сите симболи.

баш тоа сакав да го кажам сепак секој кога ќе стане еден камен тогаш сите се еднакви нели?
Не знам што сакаш да кажеш со тоа "секој кога ќе стане еден камен"... ако мислиш дека сите треба да се "изделкаат" по ист калап и да размислуваат и да постапуваат исто - тогаш многу грешиш. Токму спротивна е целта! Секој треба да мисли и да делува самостојно, воден од своите лични принципи и идеи. Масонството дава алатки за да го постигнеш личното усовршување, а не е догматска идеологија.
Исто така - токму обратното е тоа што го реков погоре - еднаквоста е предуслов за да може човек да работи на усовршување на сопствената градба.

објасни односно дефинирај ја разликата меѓу масоните и илуминатите.(во една или две реченици). немој да ми речиш пак дека ми имаш веќе кажано во ова погоре или низ темава. Кажи најпросто и најкратко која е идеата и целта на масоните а која на илуминатите,
а колку што има основа за масони толку исто има и за илуминати.

Организацијата на Илуминатите (која патем сосема поинаку се вика, но тоа е друга тема) - е формирана од неколку членови на масонски ложи. Целта им била да се занимаваат со наука, со филозофија и со образование (оттаму е и името - затоа што тоа е ерата на Просветлението - 18-ти век). Основачот на ова здружение, по неколку години почнува да се чувствува премногу влијателен и почнува да се занимава со политика (поточно со политичка теорија) и да дава јавни изјави против државниот поредок (во случајов монархија - Баварија) и против црковниот поредок. Оди дотаму, што почнува својата ложа да ја користи за такви цели - за што бива исклучен од масонството (заедно со уште многу други членови). Наскоро потоа - здружението на илуминатите се распаѓа, голем дел од членовите се уапсени, престанува да постои.
Уште од 19-ти век наваму - сите што пишуваат теории на заговори, се занимаваат со нив, со севозможни измислици, но ништо не е поткрепено со факти - од проста причина што факти нема - илуминатите не постојат многу одамна.
 
Не знам што сакаш да кажеш со тоа "секој кога ќе стане еден камен"... ако мислиш дека сите треба да се "изделкаат" по ист калап и да размислуваат и да постапуваат исто - тогаш многу грешиш. Токму спротивна е целта! Секој треба да мисли и да делува самостојно, воден од своите лични принципи и идеи. Масонството дава алатки за да го постигнеш личното усовршување, а не е догматска идеологија.
Исто така - токму обратното е тоа што го реков погоре - еднаквоста е предуслов за да може човек да работи на усовршување на сопствената градба.

Знам што сакаш да ми кажеш и ја разбирам и причината за масонството само не знам дали можам да ја објаснам преку форумов едноставно зато што не можам да ги одберам вистинските зборови за да го објаснам масонството се надевам дека можеш полесно и поедноставно да го објасниш така да само ќе читам во иднина
 
Се потруди ли да ги прочиташ претходните постови на Ѕидарски во темава?
 
Имам прочитано неколку македонски и неколку англиски книги и на интернет имам доста читано а од зидарски не прочитав многу неколку страни ама ветувам дека ќе прочитам се кога ке сум послободен

Верувам дека поголем дел од вас ја имаат прочитано книгата Ангели и Демони - Ден Браун која дава податоци за масоните па затоа ви ја предложувам и книгата Бележникот на Микеланџело - Пол Кристофер. Оваа книга открива дел од тајната на масоните чиј извор е закопан во лавиринтите на Фиренца, Ватикан и Рим.
Најсветла точка во оваа книга е дадена на цртежите на Микеланџело за човековата анатомија. Вистинскиот бeлежник на Микеланџело сeште не е откриен. Вистинската приказна зошто сеуште не е пронајден бележникот лежи во сознанието дека самиот тој бележник содржи податоци за црквата кои би донеле катастрофални последици доколку бидат откриени.

па за Микеланџело има една книга на македонски преведена бележниците на Микеланџело се вика и таму пишува за животот негов и за некој бележници кој што ги оставил се разбира дека не е тоа се но сепак еден дел има во таа книга главно се задржува за анатомијата на човекот во книгата. Масоните воопшто не се спомната
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom